логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Во навечерието на светлозарниот празник за целиот славјански род – споменот на Светите седмочислени рамноапостолни отци наши, учители и просветители, Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, во посета на Свештената Бигорска Обител допатува Претседателот на 44-то Народно Собрание на Република Бугарија, г. Димитар Главчев.

Вториот човек по чест од пријателска Бугарија, кој допатува заедно со амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Македонија, почитуваниот г. Иван Петков, беше достоинствено пречекан од нашиот отец и игумен, Архимандрит Партениј, со целото монашко братство и присутните верници, според манастирскиот чин за пречек на државни и општествени великодостојници. Во склоп на чинот за пречек, отец Партениј му се обрати на Претседателот со поздравно слово:

„Достојнопочитуван Претседателе на 44-то Народно Собрание на Република Бугарија, г. Димитар Главчев,

Неизмерно Му благодариме на Бога што Ве донесе во нашата Свештена Обител токму сега, во навечерието на споменот на Светите Рамноапостолни Седмочисленици, Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, нашите заеднички духовни татковци и родоначалници, творците на нашата писменост и духовна култура.

Нашата чест е уште поголема, дотолку повеќе што доаѓате набрзо после склучувањето на Договорот за  пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија – земји што имаат толку многу заеднички нешта кои ги поврзуваат во нераскинлива духовна врска. Воедно, Вие сте и првиот толку висок државник на друга земја што ја посетил Свештената Бигорска Обител во поново време.

Ние, како монашко братство што непрестајно работи на зајакнување на братољубивите врски помеѓу нашите два братски народа, македонскиот и бугарскиот, искрено веруваме и се надеваме дека по склучувањето на Договорот, Бугарија ќе ѝ помогне на својот најблизок сосед Македонија да ги надмине тешките искушенија што се исправени на нејзиниот историски пат, та да може успешно да опстои како држава во своите физички граници, без да бидат повредени нејзините културно-народни обележја…“

 Во продолжение, Старецот и браќата со голема радост и чест го запознаа ценетиот гостин со историјата, содржината и евангелската мисија на Манастирот.

Побожниот Претседател, пак, со восхит и вдахновение што можеше да се забележи од неговото лице, длабоко му се заблагодари на игуменот и братството за топлиот прием и одвоеното време, искажувајќи ја својата поддршка за благотворната дејност на Манастирот:

„Ваше Високопреподобие, почитувани браќа!

Со голем трепет сум тука денес при вас… Го прочитав вашето послание што излезе веднаш по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Јас, навистина, немам прочитано нешто повозвишено, почисто од таа реакција во врска со Договорот.  Денес, во разговорот со Претседателот на Собранието и Премиерот на Република Македонија, кажав дека додека има духовен мост меѓу двата народи, на политичарите не им останува ништо друго освен да не попречуваат. Значи, не мора ни да помагаат, треба само да не попречуваат. Што останува, пак, ако и помагаат! Кога го има духовниот мост, духовната сврзаност, сè друго што останува – која било друга поврзаност е лесна: и патишта, и инфраструктурата, и секоја друга поврзаност се постигнува лесно… Денес јас ја имам честа да бидам овде, во јадрото на духовноста во Македонија. Ви благодарам многу за таа чест!“

Во продолжени, господинот Димитар Главчев му подари на нашиот Старец икона од Свети Јован Крстител. Тој, исто така, ја потврди целосната поддршка на Република Бугарија кон Република Македонија,  додавајќи дека „двете држави и нивните народи имаат света одговорност пред историјата и предците да си помагаат и да се почитуваат еден со друг“.

Ова беше прва посета на Бигорската Обител во поново време, од страна на толку висок функционер на друга држава. За честа со која нè удостои почитуваниот г. Димитар Главчев, му ја искажуваме и ние нашата голема благодарност!

 

 

 

 

 

 Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная