логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Осветен Кнежинскиот манастир

По повеќе од четири века, монашкиот дух се врати во манастирот посветен на великомаченикот Ѓорѓија, познат како Кнежински манастир. Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан во сослужение со Владиките г.Тимотеј.г. Наум  и г. Иларион вчера ги освети новоизградената црква и конакот во кој сестра Доротеа  го продолжува монашкото живеење надевајќи се дека сестринството во наредниот период ќе биде помногубројно.

 Првите пронајдени артефакти се од ранохристијанска базилика од 5 век, а над неа се простираат мозаици од 9, 11 и од 13 век, од кои по палењето на комплексот останале само урнатини.

(С.В.)
„Дневник“



Осветување на црква на свети Георгиј Победоносец (11.10.2007)

 

На 11 октомври 2007 година, Владиката дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот струмички г. Наум и Митрополитот брегалнички г. Иларион, ја осветија црквата посветена на светиот великомаченик Георгиј во с. Кнежино - кичевско.

Претходниот ден, вечерта, Владиката г. Тимотеј на искушеничката Дана, на Вечерната богослужба ѝ благослови да носи мантија, давајќи и го името Доротеја.

                



Следниот ден по извршувањето на осветувањето и отслужувањето на Светата Литургија, Владиците и свештенослужителите го осветија и манастирскиот конак.Манастирскиот конак и манастирската црква во с. Кнежино благодарение на напорите на свештенството на Кичевското архиерејско намесништво со намесникот протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски и старешината на манастирот протоереј Војне Ристески.


Манастирската црква започна да се гради во 1999 година, а завршните работи, во поглед на манастиркиот конак и црква, денес ги завршува протоерејот Зоран Данев од Скопје.

Владиката г. Тимотеј ги пофали и им заблагодари на учесниците и дарителите кои учествуваа во возобновувањето на овој манастир, а на протоерејот Зоран Данев му врачи благодарница.

 

 

 

 

 

 

 

          

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                           

 

 

 

 

 

 

 

 

                            

 

 

 

 

 

 

 

 

 


    

 

            

  Известува : отец Игор Никовски

Посети: {moshits}

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »