логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Тропар на светиот
Христов великомаченик Евстатиј Плакида,
неговата жена Теопистија
и децата Агапиј и Теопист
20 септември / 3 октомври



Ветување над тебе о великомачениче Евстатие,
исполни Спасителот на сите,
низ мноштво патчиња те приведе Оној Кој стана Патот и Животот твој.
Вистината ве собра под Крстот тебе,
Теопистија твојата жена и децата,
со една душа и едно срце да се молите на Христос вашиот Бог,
затоа о славни маченици примете и од нас пофалба,
и молба  да бидете наши застапници пред Господа.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови двајца исповедници
Анастасиј и Анастасиј
20 септември / 3 октомври

Господ вистинската Светлина,
ја покажа силата на вистината преку учителот
ваш Максим, о маченици и исповедници
Анастасие и Анастасие.
Единиот жив ковчег на благодатта Христова
пројавена преку великиот исповедник,
се удостои сострдалник да биде во мачењата,
другиот верен сопатаник и маченик
кој постојано се напојуваше
од устата која Бога Го славеше.
Радувајте се о, вие души мажествени,
и за нас на Господа молете се.



 
* ученици на светиот Максим Исповедник


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Иларион Критски
20 септември / 3 октомври

О, радост наша, милосрдие Христово
за покајана душа твоја, срце очистено
од заблуда времена и Царство Небесно
со крв маченичка отворено.
Иларионе, Иларионе свети мачениче,
од Господа благодат измоли,
Име Негово да прославиш,
облека твоја да се обели, и за нас молитви
сега приложи, пред нозе Негови свети.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Јован Критски
20 септември / 3 октомври

Оче преподобен Јоване, градејќи храм
за Господа во срцето твое,
ревноста се умножи за народ кој коленичи,
и храмови молитвени за Бога подигнува,
и затоа Великиот дело спасоносно објави,
душа посети и молитви твои освети,
кои ние денес ги повикуваме
за наше спасение пред Христа Бога.
 
*село Акити на Крит


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Михаил кнез
и Теодор Черниговски
20 септември / 3 октомври

Исповедниче на верата Христова,
Михаиле Божји угодниче,
царство земно презре, идолопоклонување
погази и заедно со Теодор вера вистинита Господова пофали:
со уста и ревност пред заблудените,
со срце и душа при Господа Бога,
кој на венец маченички ве удостои
и на вашите молитви нас нѐ накалеми.

 
*моштите се наоѓаат во Москва, во храмот Архангелски

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 04/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите Тит и Трајан. Иако незнабожец Плакида (тоа е неговото незнабожечко име) беше човек праведен и милостив, сличен на капетанот Корнилиј, когошто го крсти апостолот Петар (Дела 10). Еднаш одејќи во лов тој подгони еден елен. По Божја Промисла меѓу роговите на еленот се јави светол крст и дојде глас Господов до Плакида, којшто го упати да отиде кај христинјанскиот свештеник и да се крсти. Се крсти Плакида и неговата жена и нивните двајца синови. На Крштението тој го доби името Евстатиј, жена му - Теопистија, што значи боговерна, а нивните синови - Агапиј и Теопист. По Крштението Евстатиј отиде на истото она место каде што преку еленот му се беше јавило откровението и клекна да Му се заблагодари на Бога што го приведе кон познанието на Вистината. Во тој миг повторно му се јави глас Господов и му предрече страдање за Неговото име и го укрепи. Тогаш Евстатиј тајно го напушти Рим заедно со своето семејство со намера да се повлече меѓу простиот народ и оттаму во тајност да Му послужи на Бога. Кога пристигна во Египет веднаш навалија на него искушенија. Некој зол варварин му ја грабна жената, а обајцата синови му ги фатија ѕверовите и ги однесоа. Но набрзо варваринот загина, а децата му ги спасија од ѕверовите овчари. Евстатиј се насели во египетското село Вадисис и како селски наемник поживеа таму петнаесет години. Потоа нападнаа на римското царство варварите и цар Трајан жалеше што го нема храбриот војвода Плакида, којшто секогаш кога војуваше му носеше победа. И испрати царот двајца од своите офицери да го бараат големиот војвода низ целото царство. По Божја Промисла тие офицери, некогашни другари на Евстатиј, дојдоа во селото Вадисис, го најдоа Евстатиј и го одведоа пред царот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. На патот назад кон Рим ја пронајде жена си и двајцата синови. Кога стигна во Рим, царот Трајан беше умрел, а на престолот беше Адријан. Кога царот Адријан го повика војводата Евстатиј за заедно да им принесат жртви на идолите, Евстатиј му кажа дека тој е христијанин. Царот го фрли на маки заедно со жената и со синовите. Но бидејќи ѕверовите не им наштетија нималку, ги фрлија во усвитен метален вол. Третиот ден ги извадија нивните тела мртви, но неповредени. Така овој славен војвода го даде и царевото на царот и Божјото на Бога и се пресели во вечното царство на Господ.

Светиот кнез Михаил и Теодор бојаринот

Черниговскиот кнез Михаил отиде во татарската орда со својот бојарин Теодор на повик од царот Бати. Но бидејќи не сакаа според татарскиот обичај да поминат низ оган и да им се поклонат на идолите при влезот кај царот, ги убија со меч, во 1244 година. Нивните мошти сведочат за нивната маченичка смрт за Господ Христос и почиваат во Архангелскиот храм во Москва.

Преподобниот маченик Иларион

Светогорски монах. Драговолно пострада за Христовата вера од Турците во Цариград, на 20 септември, во 1804 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во црквата на Преображение на островот Прот.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »