логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Sample ImageСо благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Старец Ефрем Катунакиски“. Оваа книга го содржи житието на овој прославен светогорски богоугодник, а токму од неговиот подвиг можеме многу да научиме, за духовниот живот, за молитвата, послушноста, за верноста кон преданието на Црквата. Ова најново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е превод на Маја Цаневска.

Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

Предговор на книгата

Еден од најпознатите монаси, чија што светост ја прослави Света Гора во последниве неколку децении, е токму старецот јеромонах Ефрем Катунакиски. При неодамнешната посета на Света Гора, Цариградскиот Патријарх Вартоломеј соопшти радосна вест, дека наскоро ќе бидат прославени четворица светогорци, меѓу кои и преподобниот Ефрем. Исто така треба да спомнеме дека оваа книга беше преведена пред неколку години, и постојано се одложуваше нејзиното печатење, и токму сега, во навечерието на неговата канонизација, ете, на Бога Му беше угодно да биде објавено неговото житие, за да можат македонските верници да дознаат за кој и каков светител се работи.

Старец Ефрем уште од младоста го засакал монашкиот живот и на возраст од дваесет и една година заминува во Градината на Пресвета Богородица, кај старците Никифор и Ефрем за да стане монах. После периодот на искушеништво бил замонашен, а потоа и ракоположен за свештеномонах, и целиот свој живот го поминал служејќи секојдневно Божествена Литургија. Молитвата, Литургијата и послушноста се неговите најистакнати карактеристики. Молитвата ја засакал уште од детска возраст, и никогаш не ја напуштил, а особено на Света Гора, кога станал ученик на старец Јосиф Исихаст, уште повеќе ја засилил. Неговиот живот бил исполнет со многу подвизи, чуда, откровенија и искушенија. Благодатта Божја, осветувањето на Чесните Дарови, ангелите сослужители – тоа било негово секојдневие, како нешто највообичаено. Го гледал агнецот на трпезата како жив и легнат Христос, Кој лежи со прекрстени раце, и тој морал со копјето да го сече. Од таквите потресни виденија, кои не биле ретки, од неговите очи бликале солзи, така што на крајот од Литургијата антиминсот бил веќе целиот воден. Во последните години, кога поради болест не можел да служи, тогаш најмногу страдал, затоа што бил лишен од Божествената благодат и утеха.

Имал од Бога дар да ја гледа благодатта како слегува врз даровите и како ги осветува. Во извесен период, поради послушност кон својот старец, не го спомнувал името на Патријархот на Литургијата, и повторно ја гледал благодатта како слегува и ги осветува даровите, но чувствувал дека постои некаква пречка. По смртта на старецот повторно почнал да го спомнува името на Патријархот, и тогаш пак се осветувале даровите, но пречката исчезнала.

Од неговото житие и поуки можеме многу да научиме, за духовниот живот, за молитвата, послушноста, за верноста кон преданието на Црквата. Свештенослужителите можат од него да учат како и со какво расположение треба да ја служат Божествената Литургија, монасите, пак, како да му бидат послушни до последен здив на својот старец.

Со вера да го читаме неговото житие, да се надградуваме и да се учиме на духовен живот, да го спомнуваме овој новопрославен светител во нашите секојдневни молитви и да бидеме уверени дека неговите молитви и благослов ќе нѐ закрилуваат, ќе нѐ водат напред во духовниот живот. Амин.

Митрополит Повардарски

+Агатангел

 

Извор:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »