логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

01. 11. 2019
Излезе од печат новиот број на епархиското списание „ОГЛЕДАЛО“ – посветен на игуменот Кирил (Пејчиновиќ) и на Лешочкиот манастир

    По милоста Божја Ве информираме дека со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф – излезе од печат новиот број, т.е. двоброј 12/13 од епархискиот гласник на  Тетовско-гостиварската православна епархија – списанието „ОГЛЕДАЛО“.
    Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф по повод излегувањето од печат на овој нов број упати поздравно слово до сите читатели на списанието, а истиот интегрално ви го пренесуваме:
ПОЗДРАВНО СЛОВО ДО ЧИТАТЕЛИТЕ НА СПИСАНИЕТО „ОГЛЕДАЛО“
    
„чуајте а верата и никоаш немојте да
ми го забраете мојов манастир“
Јеромонах Кирил Пејчиновиќ
Драги читатели,
Со овие прекрасни и силни зборови на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ, нашиот мудар преродбеник и игумен на Лешочкиот манастир, го започнувам овогодинешното поздравно слово упатено до сите Вас, почитувани читатели на новиот двоброј 11/12 на епархиското списание „Огледало“. И навистина нема подобри зборови од Кириловите, со кои можам да Ве поздравам, а истовремено и да Ве посоветувам... Како надлежен епархиски архиереј на Тетовско-гостиварската епархија под чија јуриздикција е и Лешочкиот манастир, оче Кириле, уште од почетокот на мојата служба, се трудам никогаш да не го заборавиме твојот и наш манастир. Ако него го заборавиме и ако верата наша прадедовска не ја зачуваме тогаш се забораваме себе си, своите корења и својот идентитет. А дека во нашите мисли секогаш е Лешок и грижата кон манастирскиот комплекс и зачувувањето на спомените на неговите игумени – доказ е овој број на списанието. Како плод на тој незаборав, Редакцијата на списанието одлучи главната тема на списанието да биде посветена на Лешочкиот манастир и неговиот најпознат игумен, на отецот Кирил Пејчиновиќ.
Лешочкиот манастир и игуменот Кирил се нераздвојно поврзани. Секоја прошетка во Лешок, секое пролистување на неговите дела, секое предание за неговиот лик и дело – нè потсетуваат на него и на неговата исполета дејност во Лешочката света обител. Токму затоа не може да се пишува за животот и дејноста на јеромонахот Кирил, а да не се спомене Лешочкиот манастир, и обратно. Не може да се пишува за манастирот, а да не се спомене неговиот најпознат игумен Кирил, чиј гроб и епитаф ни се постојано сведоштво за еден праведен живот поминат во постојан труд, во борба за зачувување на верата, во просвета на народните маси, како и во надградба на манастирот и неговиот имот.
Преку овие научни трудови, чувајќи и надградувајќи го споменот на Лешочкиот манастир – ние ја чуваме и верата, чиста и света како што ја проповедаше игуменот Кирил. Неговата проповед е жива и сеуште трае. Таа ќе трае додека трае неговиот свет спомен, а споменот на праведникот трае вечно. Затоа неговата проповед ќе трае вечно и ќе нè инспирира кон напредни идеи и ќе нè вдахновува кон творење на дела со кои ќе го развиеме манастирот, кој е светило на Полошкиот крај и пошироко.
Освен научното градиво поврзано со носечката тема на списанието, во овој двоброј вметнавме и други популарни трудови од областа на теологијата, но и текстови од областа на историјата и медицината, потоа рубриката вести и настани од епархијата, како и репортажа за Лешочкиот манастирски комплекс.
Се надевам дека и овој број на списанието ќе ни помогне да се сетиме на игуменот Кирил, да нè го заборавиме Лешочкиот манастир и да ја сочуваме својата вера чиста, сега и секогаш и во сите векови! Амин.
Со почит,
Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф,
главен уредник на списанието „Огледало“


Во овој број ќе читате:

1    – Предговор:

-    Поздравно слово до читателите на списанието „Огледало“ – г. Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски


7.Vselenski.sobor

2–  Тема на бројот: Лешочкиот манастир и игуменот Кирил Пејчиновиќ (1771-1845)

-    Игуменот Кирил Пејчиновиќ и Лешочкиот манастир (1818-1845)- г. Јосиф (Тодоровски), Митрополит Тетовско-гостиварски /Abbot Kiril Pejcinovic and Leshok Monastery (1818-1845) – His Eminence Dr. Joseph, Metropolitan of Tetovo and Gostivar

-    Преподобен отец Кирил Пејчиновиќ – Тетоец, Светилник – Огледало на Црквата во едно мрачно време кое трае – проф. д-р Јован Таковски, протоереј-ставрофор

-    Значењето на отец Кирил – денес – м-р Даријан Сотировски, директор на КОВЗРГ

-    Книгољубецот Кирил Пејчиновиќ – проф. д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, академик

-    Местото на игуменот Кирил Пејчиновиќ во современата македонска наука и просвета – вонр. проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, презвитер

-    Стихотворецот Кирил Пејчиновиќ – протоереј-ставрофор Мирко Станковски

-    Јеромонах Кирил Пејчиновиќ како игумен на Марковиот манастир и просветител / Hieromonk Kiril Pejcinovik as hegumen od Marko’s Monastery and educator – Монахиња Илијана (Илкова), игуманија на Марковиот манастир

7.Vselenski.sobor

-    Библиографија за Лешочкиот манастир, за јеромонахот Кирил Пејчиновиќ и за Кириловите дела – проф. Илија Петрушевски

-    Црквата „Свети Атанасиј“ во Лешок (типологија, хронологија и структурен дизајн) – проф. д-р Елизабета Димитрова


-    „Седмогрешник“ на јеромонах Арсенија од 1844 година пишуван на тетовски народен говор – Дарко Гавровски

3 – Теолошки теми:
-    За исходењето на Светиот Дух (втор дел) –д-р Оливер Ивановски, протопрезвитер

-    Персонологијата и христологијата на свети Максим Исповедник (втор дел) – протопрезвитер Александар Стојаноски


4 – Историски теми:

-    Христијаните во Османлиска Македонија – прилог кон социјалната историја на Османлиска Македонија (втор дел) – Васко Гичевски

-    Архиепископот Доситеј (1906-1981) – првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква од 1958 до 1981 година – Славе Николовски - Катин

-    Регистар со поважни датуми од црковниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (втор дел)– дипл. теолог Петар Петковски


5 – Медицина:
-    Агресивноста во интерперсоналните односи (втор дел) - проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар

6 – Беседи:
-    Во спомен на просветителот од Теарце - г. Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски
-    200 години „Огледало“ – г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима

7 – Вести и настани од епархијата:
-    Вести и настани од Тетовско-гостиварската епархија – Синиша Георгиев



Списанието е бесплатно и можете да го најдете во храмовите на Тетовско-гостиварската епархија, на  веб – страната на епархија (http://tge.mk/product/ogledalo-dvoboj-1213?fbclid=IwAR1sATf2mrTxGWgI59kAYpyZ8UI43CLvXhPdcVc2Z7jBvSPV0R0xEqQ3AdM), како и слободно електронски да го превземете на следниот достапен линк (http://tge.mk/vesnici/Ogledalo1213.pdf).    
Повеќе информации за списанието, како и сите Ваши забелешки, коментари, критики, пофалби да ни ги испраќате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;  
„Огледало“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура, образование и наука, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно-просветен совет при епархијата.
На крај, на Редакцијата на списанието „Огледало“ им честитаме и им посакуваме уште плодна и успешна работа во иднина.

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »