Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 29 јуни / 11 јули 2021
Добродетели со љубов си стекнала, маченичке, чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот кој се бори против родот човечки, добро си пострадала, и си го посекла Копронима со мечот на верата, Теодосија, и пред Небесната брачна одаја си се претставила, радувајќи се.