логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот
Христов новомаченик
Јован калфа
26 февруари / 11 март

Радувај се, о Јоване свети,
кој Го позна Бога како пријател човечки,
Него следејќи Го, со маченички венец се закити,
сведочејќи дека е Еден Единствен Спасоносен
и Вистински Бог во Три Лица –
Отецот, Синот и Духот Свети.
Пред Него сега застапник биди
кој моли да се спасат нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
отец наш Порфириј
епископ на Газа
26 февруари / 11 март

Порфирие Божји економе,
тебе ти се подари дар за расудување,
преку тебе Христос се смилува на незнабошците,
мирот кој во тебе царуваше на мнозина
срцата ги омекнуваше и Храмови свети
за служба подигнуваше.
Моли се за нас ти Божји угоднику
од замките на лукавиот да се избавиме
и душите наши за Христа да ги ¬¬оневестиме.
 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 11/03/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2018 лето Господово

Од Верскиот календар:

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1454
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 917
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1175
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »