логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

7.Vselenski.sobor

 Тропар на светиот

Христов рамноапостолен
Епископ Ерополски
Аверкиј
22 октомври / 4 ноември

Божји угодниче, Аверкие свети милостив,
незнаењето човечко го исплака,
заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,
адот пред тебе глава наведна,
 и по твоите молитви мноштво души
Спасителот при себе удоми, пастиру Божји,
како на земјата, така сега и на небесата
спомни си за нашите имиња.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар  во чест на
 Казанската Икона на Мајката Божја
22 октомври / 4 ноември

глас 4
Усрдна Застапничке, Мајко на Севишниот Господ,
 Која Го Молиш за сите Синот Твој,
Христос нашиот Бог и правиш да се спасат
сите кои прибегнуваат кон Твојот моќен Покров.
 Застапи се, о Госпоѓо, Царице и Владичице,
за сите нас кои сме во напасти и неволји,
обременети  од гревовни болести,
кои стоиме и се молиме со солзи  пред Тебе
 со умилна душа и скрушено срце,
имајќи цврста неповратна надеж
во Тебе пред Пречистиот Твој Образ,
 подари им избавување од секое зло
 и на сите она што им е полезно,
и спаси ги сите  Богородице Дево,
зашто ти си Божествен Покров  на слугите Твои.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ –ОА

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Александар епископ, Ираклиј војник
и четири жени: Ана, Елизавета,
Теодора и Гликерија
22 октомври / 4 ноември

Следејќи Го Христа и крстот свој носејќи го,
на голгота Александре свети епископе,
свита поведе кон спасение пред Господа:
Ираклиј – кој небесен војник постана,
Ана, Елизавета, Теодора и Гликерија,
кои миомир маченички од душите
 свои пред Бога принесоа.
Затоа свети маченици сега и за нас спомнете
си пред Началникот на животот.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Руф исихаст
22 октомври / 4 ноември

Ревноста твоја да Го следиш Патот,
благодатно кон познание на Бога те приведе,
о, свет безмолвниче Руфе,
каде на страв Божји учејќи се,
во молитвено тихување твоето срце го потопи.
Спомни нѐ и сега во твоите молитви пред Господа
и заштити нѐ од нашето злопамтење и високоумие.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
отец Лот Египетски
22 октомври / 4 ноември

Радувај се во Господа свети Лоте,
оче преподобен, кој во молитвата
огнен столб постана од земјата до Небото,
и застапи се за нас пред Христа Господа,
ти кој наставник на монасите стана
и мноштво души при Господа
приведе за нивно спасение.

7.Vselenski.sobor 


 Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 04/11/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Averkij.Ramnoapostolen.jpg

Свети Аверкиј Рамноапостолен

 sv.Averkij.Ramnoapostolen1.jpg

Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше Господ Исус Христос. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. Демоните не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше Евангелието и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 840
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »