логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот Христов великомаченик Никита

15 септември / 28 септември

Крстот Христов како оружје, усрдно примајќи го, во борба против непријателот си поитал, и откако за Христа пострада, на крај, преку оган , својата душа на Господа ја предаде. Поради тоа и дарови за исцелување од Него се удостои да примиш, великомачениче Никито. Моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот отец
Филотеј
презвитер и чудотворец
15 септември / 28 септември

Благочестив учителу,
застапниче на вселената пред одарот на слободата,
презвитеру и чудотворче Филотее свети,
кој живот духовен имајќи,
го доби заветот на љубовта,
и Христос нашиот Бог преку тебе ја покажа
силата на милосрдноста,
од која и ние денес плодови
по твоите молитви во изобилие добиваме.    

              

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Герасим Сурвински
15 септември / 28 септември

Погледна на тебе Спасителот
и во одаите на безмолството те пренесе
о, Герасиме смирен Божји угодниче.
Животот земен кој е сенка и сон,
низ прсти ти помина,
и ти се најде на небесата висина,
од каде сега достоен слуго Господов,
моли се искинати да бидат списоците,
на нашите прегрешенија.

 
* моштите се во Сурвија


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот отец
Јосиф нов
епископ Темишварски
15 септември / 28 септември

Богомудар пастир на Црквата,
лозар кој Лозата вистинска насекаде ја рашируваше,
Јосифе Божји угодниче, смирението твое
патешествие ти отвори на крила духовни вознесено,
со чудотворства на благодат Христова залеано.
Денес пред Господа име ти повикуваме
и на твои молитви свети се надеваме.        

 
   
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов Новомаченик
Јован Критски
15 септември / 28 септември

Надежта твоја на Христа ја положи,
о, Јоване новомачениче Господов
и Тој исповедник на верата те направи
закитувајќи те со венец на надеж во Неговото милосрдие.
Вината твоја пред светот победа се покажа
кога Патот и Вистината ги избра,
и затоа сега ликувајќи на Небесата,
моли се и ние да најдеме мир при Господа.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Максим, Асклиада и Теодот
15 септември / 28 септември

Непоколебливи исповедници на верата,
тврди карпи на љубовта пред кои заблудата
човечка се раздробува, Максиме, Аскилиадо и Теодоте,
светот не ве погуби туку повисоко небо
Христос ви подари, гледајќи на срцето ваше
и љубовта за непријателите.
Спомнете си сега и за нас од Царството на вечноста.     

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
маченик Христов
Порфириј глумец
15 септември / 28 септември

Името Господово не може да биде посрамено,
во тајните на Љубовта Негова,
о, Порфирие свети мачениче,
кој по Негово благословение ја позна
силата благодатна на искупувањето,
која Господ ја принесе за наше спасение.
Затоа исповедник Негов постана,
и венец како награда Небесна прими,
за да и ние денес молитвено,
на равноста твоја се надеваме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на наоѓање на моштите
на светиот Христов
архиѓакон Стефан
15 септември / 28 септември

Изнедри земјата семе за спасение
благословено од Христа Бога, објави небесата
за светило кое благодат раширува,
и на непријатели простува,
се зарадува срце во човека,
воскликна душа кон светија:
о, Стефане првомачениче Господов,
за нас спомни си, ти кој не нѐ остави
и твојата молитва Господа нека Го
умилостиви за наше спасение.

                
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
епископ Христов
Висарион втори Лариски
15 септември / 28 септември

Грижлив пастир на сиромасите,
благодатен помошник на болните,
заштитник на угнетените,
Висарионе свети, Господ Бог
со чудесна сила те обдари за да народ
кон Него се поврати и спасение по твоите
молитви пронајде во слава на Еден
во Троица и чест твоја.

 
*моштите се во манастирот Дусик,
Лариска епархија, храм св. Никола

 

Извор МПЦОА

 

Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 28/09/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Житие: Светиот маченик Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во којшто маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде што му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 514
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »