логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светите Божји угодници
браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар,
Евсевон, Алим, Маркел,
и нивната мајка Саломија
1 август / 14 август



Господе Боже наш, Ти Кој поглед од човека не свртуваш,
смилувај се на нас кои на Тебе забораваме,
еве во труд срцата Ти ги принесуваме,
и како што се надеваа браќата Макавејски,
телата свои за Тебе положувајќи ги,
од Тебе да ги добијат во Царството на Славата,
дозволи да ја имаме радоста на нивната мајка,
која породот на срцето го принесе, и со неа озарени,
тебе вавек да Те прославуваме.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Леонтиј, Атос, Александар, Киндеј, Мниситеј, Кириак, Минеон, Катун и Евклеј
 во Перга Пафлагониска
1 август / 14 август

Триипостасниот Бог ја поддржа ревноста ваша
о Леонтие, Атосе и Александаре
глас во град и молњи, о Киндее, Мниситее и Киријаче,
глас во оган и дождови, о Минеоне, Катуне и Евклее.
Паднаа идолите, се искалија венците маченички
и победа заблеска на небото од Господа
приведена врз главите ваши маченички,
и победа доаѓа од молитвите кои од вас
ги просиме пред Христа Спасителот.


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 14/08/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019лето Господово

 Од Верскиот календар:

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар     7Makaveevisinovi.jpg

Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу архиерејската власт и злосторствата извршени при тие грабања, Бог допушти голема беда на Светиот град.

Антиох сакаше да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите по секоја цена и сѐ вршеше во тој правец. Таа негова мисла ја помагаа и некои вероломни архиереи и други старешини ерусалимски. Еднаш самиот цар дојде во Ерусалим и нареди сите Евреи да јадат свинско месо, што е спротивно на законот Мојсеев. Зашто јадењето свинско месо беше очигледен знак дека некој се одрекол од верата Израилска.

 Старецот Елеазар, самиот свештеник и еден од преведувачите на Стариот Завет на грчки јазик, не сакаше да јаде свинско месо. За ова беше мачен и запален. Враќајќи се во Антиохија царот ги зеде со себе седумте синови наречени Макавеи и мајка им Соломонија. Седумтемина браќа Макавеи се викаа: Авим, Антонин, Елеазар, Гуриј, Евсевон, Алим и Маркел.

Пред очите на мајка им свирепиот цар ги мачеше овие седуммина еден по еден, дерејќи ја секому кожата од лицето и фрлајќи ги потоа во оган. Тие сите храбро ги претрпеа маките и смртта и не се одрекоа од својата вера. Најпосле и мајка им, откако го виде својот тригодишен син во огнот, самата скокна во огнот и изгоре, предавајќи Му ја душата на Бога. Сите чесно пострадаа за верата во едниот жив Бог околу 180 година пред Христа.

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 398
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »