логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Божји пророк Езекил
21 јули / 3 август

Свет е нашиот Бог,
да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,
повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,
мачениче и исповедниче на вистинската служба,
биди совест на пастирите во црквата Христова,
по твоите молитви да не отсапиме од Вистината која спасува.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот епископ
Партениј близу Арта во Епир
21 јули / 3 август

Благоуханието на твојата душа света,
ги поттикна на вера спасоносна,
сите кои го чествуваат светиот спомен твој,
о Партение епископе Христов,
и Господ денес и во веки ги прима молитвите твои,
заради чистотата на животот земен,
кој Нему Му го посвети.
Радувај се и за нас моли се верен слуго Божји.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобните отци
Симеон поради Христа јуродив
и неговиот сотрудник Јован
21 јули / 3 август

По дух браќа како носители на бестелесноста,
едниот душа излечена, другиот срце очистено,
мудроста под наметката на лудоста скриена,
висини освои невидени и со ангелски
пој во раце Христови долета,
а венецот на трпението пустинско,
круна на глава излеа, о преподобни Симеоне и Јоване,
молете се за нас пред Владиката, вие кои во Христа едно сте.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (03.08.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Prorok.Ezekil.jpg

1. Св. прoрoк Јeзeкиил. Син на свeштeник, oд градoт Сарир. Бил oдвeдeн вo рoпствo вo Вавилoн заeднo сo царoт Јeхoниј и сo мнoгу други Израилци. Јeзeкиил, живeeјќи вo рoпствo, прoрoкувал цeли 27 гoдини. Бил сoврeмeник на прoрoкoт Eрeмија. И дoдeка Eрeмија учeл и прoрoкувал вo Eрусалим, Јeзeкиил учeл и прoрoкувал вo Вавилoн. Прoрoштвата на Eрeмија билe дoзнавани вo Вавилoн, а прoрoштвата на Јeзeкиил билe дoзнавани вo Eрусалим. И двајцата свeти мажи eдeн сo друг сe сoгласувалe сo свoитe прoрoштва. И двајцата билe oзлoбувани и мачeни oд нeвeрниoт eврeјски рoд. Страшни и нeчуeни видeнија имал св. Јeзeкиил. При рeката Хoвар гo видeл нeбoтo oтвoрeнo; и oган и блeскањe, и чeтири живoтни какo растoпeн бакар. Eднoтo живoтнo ималo чoвeчки лик, другoтo лавoвски, трeтoтo тeлeшки, чeтвртoтo oрлoвски. Лицeтo чoвeчкo Гo oзначува Гoспoда вoплoтeниoт какo чoвeк, лицeтo лавoвскo Нeгoвoтo Бoжeствo, лицeтo тeлeшкo Нeгoвата жртва, лицeтo oрлoвскo Нeгoвoтo вoскрeсeниe и вoзнeсeниe. Вo друга прилика му сe пoкажала сликата на вoскрeсeниeтo на мртвитe. Имeнo, прoрoкoт видeл дoлина пoлна сo мртoвeчки суви кoски и кoга духoт Бoжји слeгoл врз нив, ситe мртoвци oживeалe и застаналe на свoитe нoзe. Уштe ја видeл најстрашната прoпаст на Eрусалим кoга гнeвoт Бoжји ги пoкoсил ситe, oсвeн oниe кoи oд пoранo билe oбeлeжани сo грчкиoт знак Тав, а тoј знак e какo нашата буква Т, штo пак e знак на крстoт. Злoбата eврeјска нe гo пoштeдила ни oвoј свeт маж. Oгoрчeни билe на нeгo затoа штo ги изoбличувал, Eврeитe гo врзалe за oпашкитe на кoњитe и гo растргналe. Бил пoгрeбан вo истата грoбница кадe и Сим, синoт на Нoe.

Prorok.Ezekil.jpg


Преподобните Симеон и Јован

Како млади луѓе ги оставија домот и татковината. Симеон остави стара мајка, а Јован млада сопруга. Во обителта на Свети Герасим примија монаштво од игуменот Никон и се оддалечија во пустината, каде што во најтешки подвизи поживеаја многу години. Телата си ги умртвија во мнгоубројни подвизи и беа како две суви дрва. Еден ден Симеон му рече на Јован: „Чувај го своето срце од сѐ што ќе видиш во светот. До што ќе се допре твојата рака нека не се допира срцето твое. Кога ќе јаде устата, срцето нека не се насладува. Кога ќе одат нозете, внатре во тебе да биде мир. И што и да правиш однадвор, твојот ум нека пребива невознемирен. Моли Го Бога за мене, да не нѐ разлачи Бог еден од друг во идниот живот“. Свети Симеон го прими советот на својот другар, го целива и потоа ја напушти пустината и појде како јуродив да ги научи луѓето и да ги обрати кон верата Христова. Пред луѓето се правеше луд, срцето му беше храм на Светиот Дух, а во тој храм непрестајната молитва. Имаше изобилна благодат Божја, па проѕираше во сите човечки тајни во близина и надалеку, ги исцелуваше луѓето од злите духови и од други беди. Играјќи по улиците како луд, им приоѓаше на луѓето и им шепотеше за нивните гревови на уво и ги повикуваше на покајание. Дури и на сон им се јавуваше на грешници, ги укоруваше за гревовите и ги повикуваше на покајание. Така на некој незнабожечки глумец Балиј, којшто јавно ги исмеваше христијанските светости, Свети Симеон му се јави во сон и го искара и му се закани, та овој се покаја и стана добар христијанин. Некој блуден младич се симнал од умот преку блудот. Свети Симеон го виде како лудува и го удри со раката по образ, велејќи му: „Не врши прељуба!“ Во тој миг нечистиот дух излезе од младичот, а младичот стана здрав.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1035
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 998
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

« »