логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Најстарата позната молитва кон Богородица е напишана на грчки јазик – исто како и светите Евангелија. Затоа во таа молитва Дева Марија е наречена Θεοτόκος, „Богородица“. Тоа што Дева Марија се нарекува така во толку рана молитва е многу важно, како од историска, така и од богословска гледна точка.

Оваа молитва е најдена на фрагмент од паприрус кој датира од околу 250 година по Христа, само два века после Неговата смрт и воскресение, скоро еден век пред Константин и Миланскиот едикт, но – што е најважно – цели два века пред Третиот вселенски собор во Ефес, на кој Дева Марија за првпат е официјално прогласена за „Богородица“.

Во 1917 година, библиотеката John Rylands во Манчестер, Англија, добила големо парче египетски папирус, напишан на коине грчки (медитеранскиот lingua franca, на кој се напишани и светите Евангелија). Оваа молитва се наоѓа во фрагментот под број 470, за кој се чини дека е дел од Коптска Божиќна Литургија (можеби Божиќна вечерна), иако е можно да претставува и приватна копија од молитвата за лична употреба.

Оваа молитва до ден денес се користи во Православната Црква на Великопосната вечерна, а во употреба е исто така и во Латинскиот, како и во Коптскиот обред


Папирусот гласи:

[Υ]ΠΟ [ΤΗΝ CΗΝ]
ΕΥCΠΛ[ΑΓΧΝΙΑΝ]
ΚΑΤΑΦΕ[ΥΓΟΜΕΝ]
ΘΕΟΤΟΚΕ Τ[ΑC ΗΜΩΝ]
ΙΚΕCΙΑC ΜΗ ΠΑ-
ΡΙΔΗC ΕΝ ΠΕΡΙCΤΑCΕΙ
ΑΛΛ’ ΕΚ ΚΙΝΔΥΝΟΥ
ΡΥCΑΙ ΗΜΑС
ΜΟΝΗ [ΑΓΝΗ, ΜΟΝ-]
Η ΕΥΛΟ[ΓΗΜΕΝΗ]
    

Под твоето
благоутробие
прибегнуваме,
Богородице, нашите
моленија не пре-
видувај ги во неволјите,
но од опасност
избави нè
единствена чиста, единстве-
на благословена.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/najstarata-molitva-kon-deva-marija-i-nazivot-bogorodica/?fbclid=IwAR1Dggb9neHnEOwNUoaNA20k5iMaGYGQGLM-OcpdBmdGroCr5T2zvjYcsc8

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 400
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…