логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

… За христијаните Бог не е идеја која треба да се разбере, туку личност со која треба дас се сретне: ,,Јас сум во Својот Отец и вие во Мене, и Јас сум во вас“ (Јн. 14,20). Во Бога човекот ја открива својата сопствена човечност, бидејќи е створен според ,,образот Божји3. И Христос како прав Бог, го покажал исто така вистинското човештво, не како спротивност на Своето Божество, туку затоа што Тој е вистински Бог. Во него ние го гледаме божественото како вистинска норма за човештвото .

                Кога човекот ќе се крсти и кога ќе постане ,,едно тело“ со Христа преку Евхаристијата, тој постанува целовит, т.е совршен. Тој ја отркива својата вистинска врска односно вистинскиот однос кон Бога и ближните. Тој се враќа на своите светски одговорности со сите богодадени и безгранични можности за создавање, љубов и служба.

                Сега, ако ап. Павле, го нарекува бракот ,,Тајна“ тогаш: тој мисли дека во бракот човекот не ја задоволува само својата потреба за земна и секуларна егзистенција, туку тој подразбира нешто поважно: крајната цел за која е создаден, т.е преку светата Тајна тој влегува во Царството на вечниот живот. Во светот човекот поседува изобилство на таланти и материјални,умни и чувствени сили - но неговата егзистенција е ограничена со време. ,,Да се биде роден од вода и Дух“ значи да се влезе во Царството на вечниот живот: бидејќи преку Христовото Воскресение оваа Царство постанува отворено, може да биде доживеано, а ние можеме да учествуваме во Него. Нарекуваји го бракот „тајна“ св.ап Павле потврдува дека бракот има свое место ва Царството божјо. Мажот постанува едно единствено битие, една единствена „плот” со својата жена, како што Синот Божји престанал да биде само Бог а постанал исто така и Човек, за заедницата на Неговиот народ да постане Негово тело. Поради тоа евангелските четива честопати бракот го споредуваат со свадба, која ја исполнува старозаветната пророчка визија на бракот помеѓу Бога и избраниот народ - Израилот. Поради тоа христијанскиот брак е нешто единствено, но не по силата на некој апстрактен закон или етичка норма, но исклучиво поради тоа што тој е Тајна на Царството Божјо, која човекот го воведува во вечна радост и љубов.

                Како света Тајна, христијанскиот брак сигурно доаѓа во судир со практичната вистина на паднатиот грешен човек. Тој, изгледа како и евангелието дека е недостижна цел. Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу „Светите Тајни” и „идеалот”. Бракот како Света Тајна не е измислена апстркција.Тоа е доживување каде што човекот не настапува како осамен поединец туку дејствува во заедница со Бога. Преку светата Тајна Брак човечката природа учествува во надумната стварност на Духот, но при тоа не престанува да биде човечка природа. Всушност човекот постанува навистина човечен, бидејќи го исполнува своето основно назначение. Светата тајна е „премин” кон вистинскиот живот. тоа е човечко спасеие. Тоа се отворени врати кон вистинската и неискривена човечност. Па поради тоа Светата тајна не е магија. Светиот Дух не ја ограничува човеката слобода, туку го ослободува човекот од стегите на гревот.Во новиот живот невозможното постанува возможно, ако човекот слободно го прифати она што Бог му го понудува. Ова исто така се однесува и на бракот.



                Бракот е св. Тајна зашто го носи во себе предвкусот и делумното присуство на Царството Божјо - која е свадба на Јагнето (Агнецот) (Откр. 19, 7-9), совршено соединување на Христа и Црквата(Еф. 5, 32). Христијанскиот брак не ја наоѓа  својата крајна смисла ниту во телесното уживање ниту во друштвената стабилност, како ни во самото раѓање на потомство, туку во есхатонот (Царството Божјо), во „последфните тајни” кои што Господ ги припремил за Своите Избраници ... Затоа единствено бракот „во Христа” потврден преку Евхаристијата (светата Причест) во „името Христово” има есхатолошко христијанско задоволување на телото... Евхаристиското сваќање на бракот јасно покажува дека за човекот со образот Божји е поставен основниот христијански повик да се земе учество во самиот Божествен живот. Бракот со Литургијата, во Црквата, како конкретен собор на Божјиот народ, престанува да биде човечка организација и постанува навистина Црква Божја.Самиот Христос ја предводи таа заедница која се претворува во Негово Тело. Тогаш се отстрануваат сите прегради помеѓу историските случувања и вечноста.

 

 Друго:

Св. Григориј Богослов: За бракот ...

Старец Георгиј Капсанис: Бракот како Тајна на љубовта ...

Емилијан Симонопетриски -За бракот  ...

Митрополит Антониј Сурошки: ЗА БРАКОТ И ВОСПИТУВАЊЕТО ...

 

 Извор: Мистагогија

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2036
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2056
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 502
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная