логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА
СВЕТИ НИКОЛА, СВЕТИ КУЗМАН И
СВЕТИ ДАМЈАН
ОД 29 АПРИЛ ДО 02 МАЈ

 Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Никола, свети Кузман и свети Дамјан во Бари - Италија.
1 ДЕН (29.04.2010 четврток): Состанок на групата во 11.30 часот пред Соборниот храм Свети Климент во Скопје, а потоа заминување со автобус кон Струга и граничниот премин Ќафасан. Пристигнувањето во Драч е предвидено во 20.30 часот, каде патниците ќе бидат сместени на брод и патувањето ќе продожи ноќе кон Бари.
 2 ДЕН (30.04.2010 петок): Пристигнување во пристаништето на Бари е предвидено во утринските часови. Најпрвин ќе се посетат базиликите: Свети Никола   и Сан Сабино, а потоа следи сместување во црковен хотел. По сместувањето во хотел, предвидено е факултативна посета на Алберобело, единственото салаш село во светот, заштитено од УНЕСЦО. По оваа посета ќе биде организиран разглед на  Бари по слободен избор до 21.00 часот, а потоа заминување во хотел.
 3 ДЕН (01.05.2010 сабота): Будење и појадок во хотелот, а потоа заминување за Бари каде ќе се посети Руската православна црква Свети Никола, а потоа ќе биде организирана  посета на градот Битонто и на базиликата Свети Кузман и Дамјан каде што поклониците ќе можат да се поклонат на светите мошти од светителите. По оваа посета, предвидено е повторно враќање во Бари и негово индивидуално разгледување до 21.00 часот, а потоа сместување на брод и продолжување на патот за Драч.
4 ДЕН (02.05.2010 недела): Пристигнување во пристаништето на Драч во утринските часови, а потоа ќе се продолжи со патувањето кон Ќафасан и Скопје. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во попладневните часови.    

       
   ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: ЗА ПАТНИЦИ СО СТАРИ ПАСОШИ 135 €, А СО НОВИ 125 €, ЗА БИОМЕТРИСКИТЕ ПАСОШИ ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ САМО КОПИЈА ОД СТР. 1 И 2.
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Влезна шенген виза, патничкото осигурување, автобуски превоз, сместување во хотел на база 1 Н/П, бродски превоз со платени такси во пристаниште на релација Драч - Бари - Драч.
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: Посета на Алберобело (10 € - по лице), Посета на градот Битонто (5 € - по лице)
 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр. 1 и 2, копија од М1/М2 формуларот од работа, и копија од здравствена книшка. Формуларите за барање на виза ќе можат да се добијат во секоја парохија во епархиите.


ЗА СТУДЕНТИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр. 1 и 2, копија од индекс (стр.1-2), страницата каде е заверен семестарот, страница од последните положени испити, потврда од факултет дека е редовен студент како и документ од родителите, копија од формулари М1/М2 од работа и копија од здравствената легитимација (стр. 3-4)
 ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр.1 и 2, копија од последниот чек за пензија и копија од здравствената легитимација (стр.3-4).
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 22.04.2010.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 14.00ч.  на тел. 070 582 588 или  

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport