логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Испечати Е-пошта
 
ИЗРАБОТКА НА ТЕМЈАН
ВО ЖЕНСКИОТ МАНАСТИР
РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА  -
КАЛИШТА







ТЕМЈАН ОД КАЛИШТА 


Сестринството на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица, с. Калишта – Струга, од неодамна започна со изработка на темјан. Темјанот се прави според оригинален светогорски рецепт, со векови натопуван од солзите на молитвеното покајание на бројните богоугодници од овој свет Остров.

Застапени се околу 15 видови, меѓу кои темјан со мирис на зумбул, гарденија, кипарис, кедар, трендафил, јасмин, каранфил, пасхалија, розмарин, крин, магнолија, миро, византино и сл.


 

 



Темјанот може да се набави во мало пакување, но и во поголеми пакувања – од 1kg и 5kg.


Нека по пламените молитви на сестрите од Манастирот овој темјан ја зацврсти верата, очисти срцето и засили љубовта  на секој што го користи, и послужи за здравје и спасение и наследство на вечен живот во Царството Небесно. Амин






 


 

Нарачка:

1. Темјан (мала кутија) -70 ден.

  • розмарин

  • кедар

  • трендафил


2. Темјан од 1 кг. - 1.800 ден.


Посети: 441


Поуки од Светите Отци

krusevoexport