логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Наградените филмови од седмото издание на фестивалот на краток и документарен филм „Астерфест“, вечерва во 20.30 часот, ќе бидат прикажани во Музејот на град Скопје во рамките на Скопско лето. На програмата се документарниот филм „Шивачките“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева, награден со „Златната потковица“ на фестивалот, краткиот игран филм „Кафезот“ во режија на Адриан Ситару од Романија и анимираниот филм „Татковина“ од Јуан де Диос Марфил во шпанско-чешка копродукција. Филмот на Гарванлиева е приказна за шивачките од Штип како Пепелашки на глобализираниот свет.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport