логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувани,
 
Би сакал да ве информирам дека на 28 06 2011 во Галеријата МЦ во Њујорк се отвара мојата самостојна изложба насловена какоPIXSTORIES 2 . Во продолжение ви праќам информација за истата.
 
Изложбата PIXSTORIES 2 претставува надоврзување на самостојната изложба во Музејот на град Скопје насловена како PIXSTORIES (ПИКСКАЗНИ) со која Ладислав Цветковски се претстави во 2009 година. На изложбата во Галеријата МЦ во Њујорк тој ќе се претстави со дигитални графики создадени со помош на компјутер и печатени на платно и на хартија. Покрај овие дела на публиката ќе и се претстави и со едно десет минутно видео кое за прв пат ќе биде прикажано на оваа изложба. Видеото е насловено Цирцле ШњалкЌ и ја покажува желбата на авторот преку динамизирање на статичната слика која ја надополнува со човечка сенка симболички да опише едно „животна одење”. За видеото е користена музика компонирана и изведана од Дориан Јовановиќ, од неговиот проект Аџиотомиц, користена е нумерата Ноисе Дропс. Тематски изложбата се врзува со потребата на авторот да ги прикаже секвенциите од секојдневниот живот преку ликовни цитати „напишани” со знаци кои авторот ги создал. Исто така со помош на оваа азбука тој зборува за глобалната промена на комуникацијата на луѓето која влијае на нивното однесување. Ладислав Цветковски повеќе од две децении работи како ликовен уметник и дизајнер. Во мометот раководи со катедрата по графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде предава Дигитална технологија и Графички дизајн.
 
хттп://њњњ.галлерѕмц.орг/х/ладислав-цветковски/
 
Срдечен поздрав,
 
доц. м-р. Ладислав Цветковски
 

ass.prof. Ladislav Cvetkovski, MFA

Head of Department of Graphic Art
Faculty of Fine Arts
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
Bitpazarska b.b., 1000 Skopje, Republic of Macedonia
tel. +389 2 3066779                                
cell. +389 76486100
http://www.flu.ukim.edu.mk/
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
http://ladislavcvetkovski.blogspot.com/



Поуки од Светите Отци

krusevoexport