логоFacebookTwitterYouTubeeMail


    
 Во организација на одделението Културно- контактна точка (ККТ) при Министерството за култура на Македонија, денеска, во 11,30 часот, во ЕУ Инфо-центарот во Скопје, ќе се одржи Инфо-ден посветен на програмата „Култура 2007–2013“.

Инфо-денот, кој се реализира во соработка со ККТ на Република Бугарија, Делегацијата на ЕУ во Скопје и организациите „Црвена куќа“ и „Елијас Канети“ од Бугарија и Младинскиот културен центар и „Контрапункт“ од Македонија, ќе го отворат заменик-министерот за култура на РМ, Драган Недељковиќ, и заменик-амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов.

Во рамките на Инфо-денот, во организација на Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во 18 часот ќе бидат претставени и македонските амбасадори на културата во ЕУ како дел од проектот „Култура и луѓе“. Во овие рамки ќе биде поставена и изложбата „Лицата на невидливиот град“ од Иван Блажев, а потоа ќе се одржи и концерт на Тони Китановски со „Черкези оркестарот“.

Настанот ќе го отворат Петер Соренсен, амбасадор на ЕУ во Република Македонија, и Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура на РМ. (Т.И.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CE7DABDE2A368C40BD99614A830E8053
 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport