логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Уредникот на збирката Historia Antiqua Macedonica
и
издавачката куќа „Графотисок“

по повод излегувањето на книгата


Религијата на античките Македонци
од Проф. д-р Наде Проева  имаат чест да ве поканат на промоција  со  предавање од Проф. д-р Наде Проева 
на тема

МАКЕДОНСКИТЕ БОЖЕСТВА ВО ГРЧКО РУВО

Модератор: Проф. д-р Слободанка Марковска
 

Вторник, 23 декември  2014 во 19 часот            Холидеј Ин, сала Милениум бр. 2



Промоција на најновата книга за
Религијата на античките Македонци
од проф. д-р Наде Проева
11-та книга во збирката HISTОRIA ANTIQUA MACEDONICA

    Во книгатa се обработува Религијата на античките Македонци која е најмалку изучена тема од македонската историја не само како целина туку сосема се запоставени и одделни прашања и божества од македонскиот пантеон.
Досегашниот пристап на историчарите во изучување на религијата на античките Македонци, впрочем како и на нивната севкупна историја е хеленоцентричен (од гледна точка на Хелените – античките Грци) што пред сè се должи на тоа што изворите за македонската религија во најголем број се на хеленски јазик. Хеленските автори туѓите институции и божества ги обележувале со имињата на најсродните хеленски божества. Поради тоа се зачувани многу малку оригинални имиња на македонските божества (главно кај лексикографите), така што на прв поглед се чини дека македонските богови и религијата се грчки. Но очигледно е дека ваквото грчко руво на македонската религија се должи на оваа добро посведочена, но премолчувања појава тн. interpretatio graeca (букв. хеленско толкување) за што современите историчари не водат сметка и затоа доaѓале до погрешни заклучоци. И  дури кога се прифаќа дека античките Македонци имале свој пантеон, тогаш се тврди дека така било само во најраниот период од нивната историја и дека со текот на времето биле прифатени олимписките богови, кои божем се наметнале во таа мера што македонскиот пантеон во IV/III век ст.е. целосно се хеленизирал.
Ваквиот пристап во изучувањето на македонската религија се должeше и на традиционалното мислење и увереност на историчарите дека корените на европската култура се во хеленската цивилизација. Ова убедување е побиено во науката, и полека но сигурно се наметнува нов, слободоумен пристап.
Затоа, пристапот кон религијата на античките Македонци во оваа книга, е од гледна точка на македонската историја при што се води сметка за хеленското толкување на античките автори. Главната цел е да се издвојат македонските божества како од предхеленскиот, ахајски слој во хеленската религија, така и од хеленскиот, потоа божествата со источно потекло преземени преку критско – микенската култура и одомаќени во класичната хеленска религија за да се спореди македонскиот со хеленскиот пантеон со цел да се „рехабилитира“ македонскиот пантеон и македонската религиска практика.
До погрешни толкувања на македонската религија историчарите на религијата доаѓаат и затоа што не водат сметка за два термини : едниот е « Тракија » а другиот « олимписките богови ». Има мислење дека македонската ралигија била тракиска поради тоа што хеленските морепловци кои од југ допловувале до копното (според лингвистите ‘‘тракија‘‘ значи копно и е предгрчки збор) го користеле за целото северно егејско крајбрежје сè до Пропонтида,. Но ако се знае дека источната граница на провинцијата Македонија била р. Места, јасно е дека ознаката Тракија, што по традиција се користела за означување на македонското крајбрежје е геогрфска, а не етничка и дека не станува збор за тракиски племиња и за тракиски божества.  Освен ознаката „Тракија“ двојно значење има и терминот ‘‘олимписки богови‘‘. Имено, старите автори  изрично пишуваатне само дека Олимп е македонска планина (Хесихиј, Теофраст) туку дека се наоѓала во Македонија (географот Страбон). Во подножјето на планината Олимп лежи светиот град Дион, религиски центар на Македонците, каде било главното светилиште на македонскиот Ѕевс, додека светилиштето на хеленскиот Ѕевс било во областа Елида на Пелопонез. Значи јасно е дека ознаката олимписки богови кога во во античките извори се зборува за Македонија се однесува на македонските божества, а не на 12-те хеленски божества кои биле нарекувани олимписки зашто пл. Олимп била нивно замислено седиште. За жал, овие податоци се занемаруваат при изучувањето на македонската религија.
 Споредбата направена во оваа книга покажува значителни разлики, што е разбирливо, ако се знае дека Македонците љубоморно ги чувале своите прататковски обичаи како во религиската сфера така и во општествено институционалната. Имено, иако имале долготрајни врски со соседите, во прв ред Хелените, чие влијание било најголемо заради фактот што хеленскиот јазик во I милениум ст.е. се наметнал како јазик на комуникацијата во источното Средоземје, Македонците сè до крајот на нивната историја ги зачувале своите особености во сите сфери, па и во религиската.

***
Збирката Historia Antiqua Macedonica e осмислена и уредувана од проф. д-р Nade Проева со цел да се пополни недостигот од стручна литература на те-ми од историјата на античка Македонија, поради зголемениот интерес за оваа тематика што сe пополнуваше од псевдо историчари. Oд 1994 год. наваму, во оваа збирка се објавуваат дела од врвни стручњаци, првенствено  наменети за потребите на студентите, но и на заинтересираната и образована публика и имаат за цел да оневозможат создавање на ирационални сфаќања и спречување на манипулација со луѓето, особоено со младата генерација. Три од 10-те досега објавение книги се прирачници:  Историја на Аргеадите од проф. Н. Проева (HAM бр. 8) и двата прирачници од светски признатиот стручњак за античка историја проф. Ф. Папазоглу (HAM бр. 3 и 9) што всушност се трилогија за историјата на најинтересниот но и најсложениот период во античката историја, поради јазикот на комуникација конвенционално наречен хеленистички. Четири книги од збиркава се превод на дела од врвни француски стручњаци (HAM бр. 1, 2. 4  и 6) а три од нив се  преведени од проф. д-р Наде Проева.
 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport