логоFacebookTwitterYouTubeeMail


  Почеток на концертот 20 час.
Влез: 10 ЕУР, за деца и младинци од 12 до 18 год. влезот е 5 ЕУР.

.

Срдечно Ве поканува,
во имeто на Црковниот Одбор
зам.сек. Роберт Петрескиhttp://naumohridski.at/

 

 

Виена: Хуманитарен концерт за изградба на македонска православна црква во Загреб

Најава за концертот

Македонците во Виена и Австрија, предводени од македонската црковната општина „Св.Наум Охридски“, на 11-ти oктомври со почеток во 20:00 часот во нивната црковна сала, организираат хуманитарен концерт, чии приходи ќе бидат наменети за помош на изградбата на македонската црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб.



Како гости на овој концерт се најавени македонските групи „Сесија Бенд“ од Македонија и „Балканика Бенд“ од Словенија, а ќе присуствува и делегација од Загреб, која ќе ја предводи претседателката на управниот одбор на МПЦО „Св. Злата Мегленска“ од Загреб, г-ѓа Јулијана Кениг.



Организаторите од Виена апелираат на што помасовен собир на овој концерт, за и уште еднаш да се подаде рака и да им се помогне на браќата и сестрите во Р. Хрватска.



„Ајде да оставиме уште еден белег, ајде да подигнеме Божји храм и во нашите срца и во центарот на Загреб. Ајде да ја испишеме и оваа убавина во новата историја, ајде да го реализираме и овој преубав проект да гo изградиме и овој храм во Европската Епархија, како што тоа го сторија и нашите браќа со храмовите „Св. Наум Охридски“ во Малеме, Шведска, „Св.Наум Охридски“ во Трингент, Швајцарија, „Св.Никола“ во Маинц, Германија.

Ајде да сториме нешто што ќе биде истовремено добро и за спасителот наш и за нас самите“- стои во соопштението на Роберт Петрески, заменик секретар на црковниот одбор на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена.

Со оваа постапка уште еднаш се докажува дека Македонците остануваат верни на својот идентитет и секогаш се подготвени да им помогнат на своите браќа и сестри, каде и да се во светот.

 

 Почеток на концертот 20 час.
Влез: 10 ЕУР, за деца и младинци од 12 до 18 год. влезот е 5 ЕУР.

Срдечно Ве поканува,
во имeто на Црковниот Одбор
зам.сек. Роберт Петрески
- See more at:http://naumohridski.at/

 

Извор:  http://naumohridski.at/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport