логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ "РАДОНЕЖ"


Македонска "Богородица" во Русија


Документарно-играниот филм "Пресвета Мајка Богородица", во режија на Весна Димитровска, која воедно го игра и ликот на Мајката Божја, ќе учествува на престижниот фестивал Радонеж" во Русија. Со благослов на владиката Агатангел филмот, кој е со религиозна тематика, ќе се прикаже на 24 ноември во Москва. Ова е првиот македонски филм кој учествува на овој престижен фестивал.

Во светот моќно да одекне Словото божјо од Библиска Македонија. Да ја прикажеме вековната верба во Христа и верноста на македонскиот народ во неговата единствена црква", рече Димитровска.

Секретарот на Повардарската епархија, ѓаконот Влатко Стоименов, пак, вели дека прикажувањето на филмот во Русија се случува во вистинско време за МПЦ.

Придонесот на филмот е од непроценливо значење бидејќи со своето прикажување уште еднаш ќе го потсети целиот христијански свет за древноста и местото на МПЦ меѓу православните народи во светот", рече ѓакон Влатко Стоименов. На овој познат фестивал ќе учествуваат уште двесте филмови од целиот свет.

(С.А.) -Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport