логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Image may contain: 1 person

Со особено задоволство го најавуваме новиот проект на Националната галерија под наслов „Ателје, радоста на сликањето“ од опусот на академскиот сликар Рубенс Корубин во објектот Чифте амам. Изложбата ќе биде отворена на 8ми октомври 2019 година, со почеток во 20 часот.
Рубенс Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата.
Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет.
На изложбата ќе бидат прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата ќе бидат поставени и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус.
„Ателје, радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.
Рубенс Корубин е роден во Прилеп во 1949 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Белград 1974 година. 1976 година завршил пост-дипломските студии во Белград, во класата на Младен Србиновиќ. 1977- 79 остварил студиски престој во Париз во "L' Ecole des Beaux Arsts" кај професор Јанкел. 1986 - 2012 Работи како професор на факултетот за ликовни уметности. Член е на ДЛУМ од 1975 година. Имал бројни самостојни изложби во Македонија и странство. Исто така повеќе пати и групно во излагал земјата и странство. Добитник е и на бројни призанија и награди.

Ве очекуваме!



Поуки од Светите Отци

krusevoexport