логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ вклучува повеќе од 70 000 културни настани што се организираат во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција. Оваа сеевропска иницјатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.
Темата на овогодинешното издание на Европските денови на културното наследство во нашата земја, како и во повеќето европски држави, е „Уметност и забава“. Предвидено е активностите во рамките на манифестацијата во Република Северна Македонија да се организираат во периодот од 23 до 29 септември 2019 г.


Нашата институција годинава ќе земе учество во манифестацијата, преку повеќе активности, со што придонесува кон реализацијата на богатата програма.
1. „На крстопат на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа - наследство, менаџмент, ресурси“, Охрид, 24-26.9.2019
Организатори: Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и НУ Национална галерија на Република Северна Македонија


2. Ликовно-едукативна работилница „Уметнички рефлексии“
Организатор НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, Објект Даут-пашин амам, Скопје, 27.9.2019 (петок), 12 часот
На ликовно-едукативната работилница, децата ќе творат инспирирани од делата на нашите осноположници на ликовна уметност (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Борко Лазески, Томо Владимирски, Борка Аврамова, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев, Љубомир Белогаски), кои се образовале во европски градови, а најмногу специјализирале во Париз.


Во рамките на програмата учествуваме и со тековнте настани:
1. Изложба „Рефлексии на оп и поп уметноста врз македонските уметници во периодот 1960-90“, Мала станица, Скопје
2. Ретроспективна изложба на Реџаи Исени, Чифте амам, Скопје


Во текот на траењето на манифестацијата влезот во Националната галерија ќе биде бесплатен за посетителите од 23 до 29 септември, секој ден до 12 часот, а цел ден на 27.9.2019 (петок). Галеријата за посетители е отворена од 10 часот.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport