логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

СЕНОЌНО БДЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

-Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан, во храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на 30/31.08.2019 година, вечерта во петок наспроти сабота, на празникот на преподобен Јован Рилски, со почеток во 22.30 ч. ќе се отслужи сеноќно бдение со Света Литургија.

-Бдението е во организација на Свештеничкото братство при храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, а во соработка со монашкото братство на манастирот “Свети Гаврил Лесновски“.

За време на бдението, на поклонение ќе биде изложен дел од моштите на “Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички“.
На бдението ќе се отслужи и молебен канон на Пресвета Богородица, кој ќе биде испеан од Детскиот Византиски Хор “Свети Роман Слаткопевец“ при Лесновскиот манастир.

-По овој повод, го покануваме верниот народ од Скопје и на секаде низ Република Македонија на молитвено учество на сеноќното бдение.

Христос помеѓу нас!


Свештеничкото братство при  храмот
“Рождество на Пресвета Богородица“
во Скопје и монашкото братство на
манастирот “Свети Гаврил Лесновски“.

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport