логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ОТВОРЕНА АУДИЦИЈА ЗА УЛОГИ И СТАТИСТИ
Викендов, на 20.04 (сабота) и 21.04 (недела) во Вардар Филм (ул. 8 март бр.4) од 10:00-18:00 часот ќе се случува отворена аудиција за играниот филм “Сестра” во режија на Дина Дума , а во продукција на Круг филм и Лист продукција.
“Сестра” е приказна за соочувањето со последиците од сопствените акции, на две најдобри другарки, тинејџерки, и е тест за нивното другарство.
На аудицијата ги повикуваме да дојдат сите кандидати кои се заинтересирани за улогите во филмот, но и за статисти. Кадидатите можат да бидат на било која возраст или пол.
Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видео претставување, а ќе биде реализирана од кастинг агенцијата Гужва.
“Сестра” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport