логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Композицијата „Илуминации“ за гудачки квартет од Дарија Андовска ќе се изведува во Белград, во рамките на 26. Меѓународна Трибина на Композитори која ќе се оддржи од 5ти до 10ти октомври. Пред публиката ќе се претстават дела на творци од 19 земји, од Јапонија до Аргентина, од Финска до Кина. Од над 400 партитури пристигнати на конкурсот на Фестивалот, селекторот за програмата одбрал 55 остварувања, кои го претставуваат времето денес, неговата инвентивност, провокативност, неговите структури, илуминации, рефлексии. Во огромната конкуренција, Дарија Андовска е единствениот македонски претставник на ова издание на фестивалот.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport