логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 
Во чест на националниот празник „Илинден“, на 1 август (вторник), во 20:30 часот на плоштадот „Македонија“, ќе се одржи концерт на камерен оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска, а солист е оперската дива Весна Гиновска Илкова.
„Ноти за Илинден“ е целовечерен концерт на кој под отворено небо ќе бидат изведени делата на Моцарт, Л. Бокерини, Г. Качини,  Џ. Пучини, Пиацола, Ј. Брамс, Агостини и Е. Григ.
Празнична програма е дополнета со делото на Глигор Смокварски „Тешкото“, фрагмент од балетот „Макеоднска повест“, во кое како солисти се јавуваат Томе Атанасов и Васил Атансов на обоа и Влатко Митев, фолкорен тапан.
Овој концерт во очи на националниот празник е во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“, со поддршка на град Скопје.

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport