логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Глупаво е да чекаш светлина од онаа страна, каде што заоѓа сонцето

Фотиј Кондоглу

Православните црковни уметности - тоа се богословски уметности. И делата, кои од нив се раѓаат, го пренесуваат низ себе словото Божјо.

Овие уметности ја изразуваат таинствената суштина на нашата вера и насочени се кон нашите сетила. Химнографијата и музиката - кон слухот, архитектурата, иконописот и другите уметности, кои го сочинуваат црковниот амбиент, одеждите и др. се обраќаат кон видот.

Третото сетило - мирисот- го возвишува и осветува кадењето од темјанот. Четвртото и петтото сетило, односно вкусот и допирот, како најматеријални, остануваат зад вратите на оваа духовна трпеза.

Две најблагородни сетила се - видот и слухот. Главно, тие се хранат со духовни изобразби и химни и од нив се осветуваат. Па така, делата на црковните уметности, како што беше речено погоре, го пренесуваат во себе словото Божјо. Она што молитвениот човек го гледа и слуша во храмот, предизвикува во неговиот ум и срце таинствени верски претстави.

Се што се гледа во храмот има таква форма, која го вознесува човекот во таинствениот свет на духовна радост и блаженство: самата градба на храмот, светите икони, иконостасот, балдахинот, рипидите, свештениот путир, ламбадите, многуте кандила, амвонот, свештеничките одежди, кориците на богослужбените книги, купелот, архиерејскиот трон и местото на хорот - имаат своја смирена аскетска форма.

Истото се случува и со звуците, кои човекот ги слуша во храмот: песнопеењата, каде што се соединети во едно словото и музиката, молитвите, умилително произнесувани, возгласите и свештената проповед. Меѓутоа, проповедта не треба да има световен карактер, не треба да биде празна, која ги забавува луѓето со својата елоквентност, „побожно празнословие", според зборовите на еден архиереј. Таа, колку што е можно, треба да се приближува кон литургиски хармоничното слово, затоа што само во тој случај ќе биде умесна и нема да ја нарушува хармонијата на песнопеењето и на службата во целост. Сите слова, напишани од светите отци, се литургиски хармонични, затоа светоотечката проповед е прекрасно дополнување на Литургијата, што не може да се каже за мноштвото проповеди произнесувани денес од амвонот, кои ја нарушуваат хармонијата на службата, прекинувајќи и оладувајќи го духовниот пламен, умилителната состојба, која се предизвикува кај луѓето од свештените изобразби и песнопеења. Зарем мноштвото произнесувани проповеди од денешните проповедници не е ништо друго, туку најпрозаично, досадно и бесмислено дрдорење, „благочестиво (а можеби и нечестиво) празнословие".

Црковните уметности по својата природа се богослужбени, литургиски, духовни, кои воздигнуваат, а не световни, т.е. не се материјални, сетилни и суетни, чија што цел е насладување на чувствата. Древните елини говореле: „Уметноста е наслада", затоа што нивната религија била едноставно „убава лага". Всушност духовниот елемент му бил туѓ на древниот свет.

Сите православни уметности (т.е. уметностите на Едната, Света, Соборна и Апостолска, неподложна на промени Црква) изразуваат едни и исти духовни вистини - секоја со различни средства. Така, на пример, делата на иконописот ги изразуваат со таинствените ликови и боја апсолутно истите духовни мисли, кои ги изразуваат со гласовите од музиката или свештениот слог богослужебните текстови.

Сето тоа е само во Православната Црква. Кај протестантите едноставно не постојат црковни уметности, а во папската црква тие се искривени, и од црковни се претвориле во профани и световни. Протестантизмот посакал да ги испразни чувствата, уништувајќи го тоа што е обратено кон чувствата, но со самото тоа тој ја оголел религијата, лишувајќи ја од нејзиниот литургиски покров на богослужение и обред, претворајќи ја во некоја неопределена и бездушна твар, во некаков матен теизам. Додека, пак, Православието го сочувало во обредот она, што го добило од древната Црква, која се стреми не кон испразнување на сетилата (бидејќи живееме во материјален свет и имаме тело, тоа е бесмислено), туку кон нивно осветување преку црковните уметности, што ги прави самите сетила органи за општење на верникот со Царството Божјо. Преку црковните уметности ние го чувствуваме тоа царство, „како во огледало".

Папската црква допуштила искривувања на црковните уметности (и на обредот во целост, претворајќи го во некоја театарска претстава), принесувајќи ги нив на жртва на своите световни интереси. Се чини дека Црквата, имајќи авторитет среде своите следбеници и приврзаници, всушност се раководи според расположението на својата паства, која н ги наметнува своите искривени претстави за обредот. Во тоа се состои причината на тие искривувања, кои ги претрпеле црковните уметности на Запад. Тој процес започнал пред 600-700 години и го достигна својот врв во епохата на италијанската ренесанса, која го зафати целиот Запад. Световниот дух со неговата слободна импровизација го замени духот богослужбен и литургиски. Уметностите во папската Римокатоличка црква постепено се лишувале од својот литургиски карактер, претворајќи се во световни, т.е. материјални. На Запад нема повеќе иконопис - има само живопис (т.е. уметност која репродуцира определена тема, како, на пример, таканаречениот историски живопис).

Нема псалмопеење, но има музика - творба на световни композитори. Доколку, како што беше кажано погоре, црковните уметности се повикани кон тоа, да го одразат во себе словото Божјо, да предизвикаат во душите на верните умиление, а не плотска наслада и желба, тогаш може да си замислиме, какво умиление доживува човекот, кој се моли пред иконите, на кои е изобразен плотски лик.

На пример, мадоните, насликани со платени сликарски модели, лицемерни жени, љубовници на расипани уметници, кои ги сликале своите дела со песни и хистерични крици на патувачки комедијанти. Ако е тоа молитва, тогаш молитва може да се нарече и тоа, што го извршуваат пред своите идоли, направени во вид на голи црни жени, дивите африкански племиња, кои танцуваат, буквално како демонизирани, под звуците на барабанот (тамтам). „Роденото од плот е плот, и роденото од Духот е дух".

Значи, само во Православната Црква дури до ден денес постојат црковни уметности, кои духовно изградуваат„за осветување на сетилата". Но тоа не им е познато ни на мнозинството наши клирици, ни на богословите, чија што задача е, да ја доведат до свеста на сите православни луѓе таа мисла, која скришно живее во нивните срца, како свештен залог, кој се сочувал до денес благодарение на православната традиција, но која постепено исчезнува под ударите на глупавите демагошки зборови на полуобразованите проповедници, кои повикуваат од амвонот за неопходноста од црковно „обновување". Излегува дека обновата се состои во тоа, да се украсиме себеси со преземени од Запад лажни ѓердани, отфрлајќи го од себе украсениот со автентични дијаманти и бисери скапоцен ѓердан на иконописот и таинствената музика.

Запад - тоа е место на утилитарен дух, затоа таму е толку развиена науката. Но за верата - глупаво е да се чека светлина од онаа страна, каде што заоѓа сонцето. Сонцето изгрева на Исток, и духовното Сонце, Господ нашиот Исус Христос, „станувајќи пример за нас", дојде од Исток, т.е. оттаму, каде што ние со вас живееме. Преку светиот убрус, подарен на царот Авгар, преку песнопеењата, кои за време на Тајната Вечера Господ ги испеал заедно со учениците, Он ни предал пример за црковни уметности. Да ги сочуваме неискривени овие беспрекорни првообрази.


Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: Фотис Кондоглу, Глупо ждать света с той стороны, где солнце заходит.
http:/ /www.pravoslavie.ru/smi/59482.htm
Православна светлина бр.32




Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Февруари 14, 2019

Карикатурите на Златко Крстевски од Прилеп прошетале низ цел свет

Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби, работилници, музеи. Го има во повеќе меѓународни антологии во Јапонија, Во 1990 година учествувал на Цетинскиот салон на современа ликовна уметност во Црна Гора, во музејот Миа…
Јануари 21, 2019

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12% на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската…

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Јан 21, 2019 Литература 107
По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на вториот…

Православната црква мора да има исти критериуми за сите народи

Јан 04, 2019 Интервју 229
Или секој народ и секоја држава треба да имаат своја самостојна црква, или ниту еден…

Просветител и апостол на македонизмот

Светиклиментовото дело како основоположник на македонската просветителска и духовна…