логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Св. Јован Дамаскин


zora.jpgБидејќи Бог одлучил од видливата и невидливата приро¬да да создаде човек според Својот образ и подобие, за да биде цар и господар на сета земја и на сè што е на неа, Тој однапред под¬готвил за него нешто како царски дворец за да може во него да живее блажено и во целосна среќа. Тоа е Божествената рајска гра¬дина, која со Божји раце била засадена во Едем и која била риз¬ница на секоја радост и веселба. Зашто, Едем значи на¬сла¬дување. Градината се наоѓала на исток – на поголема висо¬чи¬на од сета земја, имала блага клима и била исполнета со благо¬ми¬ри¬сен и блескаво чист и прозрачен воздух, засадена со посто¬јано зелени растенија, преполна со мириси, облеана со светлина што ја надминувала секоја фантазија и полна со секаква сетилна кра¬сота и убавина – тоа навистина било Божествено место и достој¬но престојувалиште на оној што е создаден според Божјиот об¬раз; во него не живеело ниту едно бесловесно животно, туку са¬мо човекот – творбата на Божјите раце.
Среде таа рајска градина Бог ги засадил дрвото на живо¬тот и дрвото на познанието. Дрвото на познанието претста¬ву¬вало одредено искушување и проверка и вежбање на човековата послушност или непослушност. Затоа и било наречено дрво на познавање на доброто и на злото; зашто на оние што би вкусиле од него би им дало моќ да ја спознаат сопствената природа, што е прекрасно за совршените, но е многу опасно за несовршените и за оние што се исполнети со сластољубиви желби, како што тврдата храна не е добра за оние што се нежни и на кои им е по¬требна мека храна. Зашто Бог, кој нè создал, не сакал да се гри¬жи¬ме и да се напрегаме за многу работи, ниту да се тревожиме и да размислуваме за сопствениот живот, од што и настрадал Адам; оти, штом вкусил, тој спознал дека е гол и си направил опа¬шало од смоквини лисја. А пред искушението од дрвото на по¬знанието, и двајцата биле голи, и Адам и Ева, и не се сра¬меле. Бог, значи, сакал да не страдаме (што е обележје на нај¬високата природа). И уште сакал да бидеме безгрижни и да се по¬светиме само на едно дело, и тоа на она ангелското – неу¬¬мор¬но и непрестајно да Му вознесуваме пофални песни на Творецот и да се насладуваме созерцувајќи Го, а своите грижи да Му ги пре¬пуштиме Нему, како што ни објавил преку пророкот Давид, ве¬лејќи: Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи. И во светите Евангелија, поучувајќи ги своите уче¬ници, Тој вели: Немојте да се грижите за душата – што ќе ја¬де¬те или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се обле¬чете. И повторно: Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде. А на Марта ì в嬬ли: Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу ра¬бо¬ти. Но само едно е потребно. Марија го избра подобриот дел, кој нема да ì се одземе, односно, таа избрала да седи по¬крај Н嬬говите нозе и да ги слуша Неговите зборови.
Дрвото на животот, меѓутоа, било дрво што имало живо¬тодавна енергија, но од него можеле да јадат само достојните и бесмртните. Некои си го замислуваат рајот како сетилен, а дру¬ги, пак, како умствен. Мене, пак, ми се чини дека, како што чо¬векот бил создаден истовремено и од материјална и од духовна при¬рода, така и неговиот најсвет храм бил создаден истовре¬мено и сетилен и духовен, односно имал двојна суштина: зашто чо¬векот, како што веќе рековме, со телото бил населен во најбо¬жествениот и прекрасен простор, додека со душата пребивал во по¬возвишено и уште поубаво место, живеејќи во Божјото прису¬ство и имајќи го Него за сеславна облека. Тој бил облечен во Не¬говата благодат за да може да се насладува со најслаткиот плод – со созерцувањето на Бога и, слично на ангелите, да се храни од тоа созерцување како од дрво на животот; зашто, на оние што учествуваат во Него, сладоста на Божественото заедничарење им дарува живот без смрт. А тоа дрво, како што е познато, Бог го нарекол секое дрво, велејќи: Од секое дрво во градината мо¬жеш да јадеш; зашто Тој е сè, и во Него и преку Него сè е соз¬да¬дено.
Но, дрвото на познанието на доброто и на злото претста¬вувало распознавање на многуобразното знаење, спознавање на сопствената природа, што е прекрасно за оние што се совршени и што не се отклонуваат од Божественото созерцување, преку кое во себе ја распознаваат великолепноста на Творецот, за оние што не се плашат да се соочат со можноста од пад, бидејќи по долгото вежбање навикнале на созерцувањето; но не е добро за луѓе што во голема мера се водени од сластољубиви желби, за¬фа¬тени сами со себе и со грижата за сопственото тело, зашто тие не престојуваат постојано во повисокото и не се доволно цврсто приврзани кон прекрасното.
И така, сметам дека Божествениот рај имал две природи, и богоносните отци ја проповедале вистината – и оние што уче¬ле за едната, и оние што учеле за другата природа. Изразот „се¬кое дрво“ можеме да го толкуваме и како знаење за Божес¬тве¬ната сила во созданијата, како што вели божествениот апостол Павле: Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната си¬ла и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, со¬з¬натливо според нивните созданија. Но, од сите тие поима¬ња и знаења, најважно е знаењето што ни ги открива нештата што се однесуваат на нас, а тоа е знаењето за нашето устројство, како што вели божествениот Давид: Се восхитувам на Твоето зна¬ење – тоа е превисоко, не можам да му пријдам! Тоа знае¬ње, меѓутоа, било крајно опасно за штотуку создадениот Адам, и тоа од причини за кои веќе зборувавме.
Со други зборови, дрвото на животот можеме да го раз¬береме како Божествено познание што го остваруваме преку се¬тилните нешта, или како насочување на умот преку тие сетилни нешта кон Родоначалникот, Создателот и Причината; имено, таа мисловна нагласка од самиот Него е наречена „секое дрво“ – це¬лосно, неразделно, нешто што нè соединува со прекрасното. Од друга страна, дрвото на познанието на доброто и на злото треба да го разбереме и како материјална и вкусна храна, која со сво¬јот изглед предизвикува сладост, но која оној што ќе проба од неа на крајот го прави учесник во злото; зашто, Бог рекол: Од се¬кое дрво во градината можеш да јадеш, мислејќи го со тоа – според мене – следново: преку секое создание издигнувај се кон Мене, Создателот, и од сите плодови избери еден – Мене, за¬што Јас Сум вистинскиот живот. И нека тој плод ти плодоноси жи¬вот, и причестувај се со Мене, зашто сум составен дел на тво¬ето битие. На тој начин ќе станеш бесмртен. Освен од дрво¬то на познанието на доброто и злото, од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш; зашто сетилната храна според природните закони го надоместува потрошеното, се спу¬шта долу и се исфрла, и невозможно е да остане непро¬падлив оној кој прима сетилна храна.

Подготви:

д-р Драган Михајловиќ

 

Посети: {moshits}

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1354
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1890
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1253
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »