логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 1. Пристапете сите народи, поколенија и родови, сите возрасти и чинови, за со радост да го празнуваме денот на раѓањето на Радоста на сиот свет. Ако паганите со исклучителни почести ги прославуваат родендените на демоните коишто со лаги и измислици го поматиле нивното расудување и ја замрачиле вистината, принесувајќи им, соодветно на славењето, подароци, а на сличен начин ги прославуваат родендените на своите цареви коишто целиот живот ги измачувале, колку ли тогаш треба ние повеќе да го почитуваме роденденот на Богородица, преку која сиот човечки род се исправил, а жалоста на прамајката Ева се претворила во радост?! Прамајката Ева ја слушнала одлуката на Бога:„Со болки ќе раѓаш деца“, а Оваа: „Радувај се, благодатна“. Онаа: „Ќе бидеш под власта на мажот твој“, а Оваа: „Господ е со тебе!“. Но, што друго, ако не слово, да ì принесеме на Мајката на Словото? Нека сето создание се собере на духовна гозба и нека го прослави најсвештениот пород на Ана, којашто на светот му ја роди неотуѓивата ризница на добра. Преку неа Творецот, очовечувајќи се, го препороди созданието на подобро. Ако човек, кој е дел и на духовниот и на материјалниот свет, го поврзува преку себе видливото и невидливото создание, тогаш творечкото Слово Божјо, соединувајќи се со човековата природа, се соединува и со сето создание. Затоа, да го празнуваме денес прекратувањето на човечката неплодност, зашто со тоа се прекрати, за нас, недостигот на добрата.

2. Зошто девствената Марија се родила од нероткиња? Затоа што требало на единствената новост под сонцето, на главното меѓу чудата, да му се втемели пат преку други чуда, постепено одејќи од помалото кон поголемото. Постои и друга причина, многу повозвишена и побожествена: природата, победена со благодатта, треперела, не осмелувајќи се да ја испревари. Кога требало Богородица Дева да се роди од Ана, природата не се осмелила да плодоноси пред благодатта, туку и понатаму бесплодувала, сè додека благодатта не го родила својот плод. Требало онаа, којашто ќе Го роди Родениот пред секоја твар ... и преку Кого сè постои, да биде првородена.   

О, блажени сопружници, Јоакиме и Ана! Севкупното создание ви должи благодарност, зашто преку вас и тоа му принесе на Творецот дар над секој дар – Свештена Мајка, единствена достојна на Создателот. О, најблажени бедра Јоакимови, од кои истече најчистото семе! О, преславна утробо на Ана, во која малку по малку растеше, се формираше и се роди најсветиот плод! О, материце, којашто го носеше одушевеното небо, пошироко од небесниот простор! О, гумно, коешто содржеше стогови живототворен леб! Самиот Христос вели: „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само“. О, гради, коишто ја одгледавте Хранителката на Хранителот на светот! О, чуда над чудата и убавино над убавините! Требало преку чуда да се подготви патот на неискажливото и снисходливо воплотување Божјо.

Како да продолжам понатаму? Мојот ум се поматува: час стравот, час желбата да говорам се испреплетуваат во мене; срцето ми трепери, јазикот ми се врза; не можам да ја искажам радоста; ме надвладеа возвишеноста на чудата, но желбата да беседам ме поттикнува. Та нека победи оваа желба, нека отстапи стравот и нека запее лирата на Духот: „Нека се развесели небото и да се возрадува земјата“.

3. Денес се отвораат вратите на бесплодноста и се појавуваат божествени и девствени двери од кои и низ кои, Суштиот над сите Бог, телесно влегува во светот, како што вели Павле, восхитен од неискажливите зборови. Денес преку пенушката на Јесеев израсна жезол на кој за сиот свет процути богоипостасниот цвет. Денес од земната природа на земјата го устрои небото Оној Кој некогаш, во древноста, од водата го создал и го извишил сводот. Навистина, ова небо е многу побожествено и почудесно од она првото, зашто Оној, Кој на тварното небо го поставил сонцето, Самиот, како Сонце на правдата, блеснува од него. 

...

Bogorodica1Rozdestvo.jpg5. О, блажени и најнепорочни сопружници, Јоакиме и Ана! Станавте познати по плодот на вашите утроби, како што рекол Господ: ќе ги познаете по нивните плодови. Вие поживеавте живот угоден на Бога и достоен на Родената од вас. Живеејќи чисто и свето, ја родивте ризницата на девственоста – до раѓањето дева, во раѓањето Дева, и по раѓањето Дева; единствена Дева и Приснодева – единствена и по ум, и по душа и по тело, секогаш дејствувачка. Требаше Дева да израсне од чистота (Јоаким иАна), и телесно да ја роди Единствената, Единородена Светлина, по благоволение на бестелесно Родениот: не Светлината што се раѓа, туку Оној Кој од вечноста се Раѓа од Светлината, Оној чија што роденост е ипостасно својство.

О, на какви сè чуда, и на кави сојузи стана ковач тоа Девојче! Таа е пород на неплодноста; девство коештоо раѓа; преку неа се соединува Божеството и човештвото, страста и бестрасноста, животот и смртта, за во секој случај полошото да биде победено од подоброто. И сето тоа заради моето спасение, Владико; Ти толку ме засака, што моето спасение не го изврши преку ангели или некоја друга твар, туку, како и создавањето, така и моето ново создавање го изврши лично. Затоа ќе го поведам орото, ќе те фалам, ќе се радувам, ќе се вратам на изворот на чудата и, презаситувајќи се од потоците на веселост, повторно ќе ја затреперам струната на лирата на Светиот Дух и ќе ја пеам божествената химна на Раѓањето на Дева.

О, најчист пару на разумни грлици, Јоакиме и Ана! Вие, запазувајќи го природниот закон  на чистота, бевте удостоени со натприроден дар – на светот му ја родивте Онаа која не знае за маж – Мајката Божја. Вие, живеејќи во човечка природа побожно и праведно, сега ја родивте Ќерката повозвишена од ангели, која господари над ангелите. О, Ќерко, најубава и најслатка. О, крину израснат меѓу трњето, од најблагородниот и најцарствениот Давидов корен! Преку тебе царството се збогати со свештенство. Преку тебе е извршена промена на законот и се откри духот кој беше прикриен зад зборови кога достоинството на свештенството премна од Левиево на Давидово колено. О, трендафилу израснат меѓу трњето јудејско, којшто сè исполни со божествено благоухание! О, ќерко Адамова и Мајко Божја!


Блажени се бедрата и утробата од коишто си се родила. Блажени се рацете што те носеле и усните што со чистота те целивале – само усните на твоите родители – за во сè и секогаш да останеш Дева.

 

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 Друго:

Свети Јован Дамаскин

 Рождество на Пресвета Богородица

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 248
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »