логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Свети Теофан Затворник

Влијание на духот на човековата душа и појавите во умствената, дејствителната (волевата) и сетилната област кои оттаму потекнуваат.
 
Се зафаќам сега за она што беше прекинато – што всушност се случило со душата по нејзиното соединување со духот, кој е од Бога. Душата од тоа сета се преобразила, и од животинска, каква е по природа, станала човечка, со оние сили и дејствија на кои горе е укажано. Но сега не станува збор за тоа. Пребивајќи така како што е опишано, таа освен тоа покажува возвишени стремежи и се искачува една скала повисоко,покажувајќи се како одуховена душа.

Такви одуховувања на душата можат да се видат во сите области на животот – умствената, дејствителната и сетилната. Во умствената област по дејствието на духот во душата се јавува тежнеење кон идеалноста. Токму тоа мислење во потполност се потпира на опит и проучување. Од она што на тој начин се дознава поединечно и неповрзано таа изведува воопштувања, донесува заклучоци и на тој начин добива основни тврдења за одреден круг на работи. Таа би сакала да се потпре на тоа. Меѓутоа, таа никогаш не е задоволна со тоа, туку секогаш сака повеќе, барајќи да го одреди значењето на секој круг на нештата во целокупното создание. На пример, што е човек – тоа се осознава со помош на набљудување, собирање на податоци и воопштување. Но, не задоволувајќи се со тоа, ние го претставуваме прашањето: “Што значи човек во рамките на целокупното создание?“ Барајќи одговор на ова прашање некој ќе каже: тој е врвот и круната на созданието; друг ќе каже: тој е свештеник – во таа смисла што ги собира гласовите на сите суштества кои несвесно Го воспеваат Бога и со разумна песна Му вознесува пофалби на Севишниот Творец. Повик на душата е да донесува такви мисли и за секој друг вид на нешта и за сите нив во целина. И ги донесува. Дали тие им одговараат на работите или не, тоа веќе е друго прашање, но несомнено е дека таа има повик да ги бара и донесува. Тоа и е тежнеење кон идеалноста, оти смислата на нештата е нејзина идеја.

Тоа тежнеење им е заедничко на сите. Дури и оние кои не ценат никакво познание освен опитното не можат да се воздржат од тоа и против својата волја да ги идеализираат работите, а тоа дури и да не го забележуваат. На јазик тие ги отфрлаат идеите, но на дело ги градат. Претпоставките кои тие ги прифаќаат и без кои не може да мине ниту една област на знаењето претставуваат всушност понизок ред на идеи.

Метафизиката и философијата претставуваат идеалистички начин на гледање, кои секогаш биле и ќе останат области на човековото знаење. Духот, кој секогаш ни е својствен како суштинска сила, сам Го созерцува Бога како Творец и Промислител, и душата ја повикува во таа невидлива непрегледна област.

Можеби на духот по неговата сличност на Бога му било наменето сите работи да ги созерцува во Бога, и тој би ги созерцувал да не беше падот. Но секако и сега оној кој сака да созерцува се што постои треба да тргнува од Бога или од оној символ кој со Бога е напишан во духот. Мислителите кои не прават така, веќе според самото тоа не се философи. Не верувајќи им на идеите кои душата ги изградила на темелот по наговор на духот, тие неправилно постапуваат кога не му веруваат на она што ја чини содржината на духот, оти едно е човечкото дело, а друго е Божественото.

Во дејствителната (волева) област од дејствата на духов се јавуваат желбата и чинењето на несебични дела или добродетели, па дури и повеќе – стремежот на (душата) да стане добродетелна. Всушност, дело на душата во таа нејзина област (волја) е уредување на минливиот човечки живот, да му биде добро. Исполнувајќи го тоа свое назначение, таа се чини во убедување дека тоа што го прави е или пријатно или корисно или потребно за животот кој го живее. Меѓутоа, таа не се задоволува со тоа туку излегува од тој круг и прави работи не затоа што тие се нужни, корисни или пријатни, туку затоа што се добри, благи и праведни, стремејќи се кој нив со сета ревност, без оглед на тоа што тие не даваат ништо за минливиот живот, дури не му ни годат и се воведуваат нему на штета. Кај некого споменатите стремежи се пројавуваат со таква сила што за нив се жртвува со сето свое битие, за да живее слободен од се. Пројавите на таквите стремежи се среќаваат насекаде, дури и надвор од христијанството. Од каде се тие? Од духот. Во совеста е нацртана нормата на светиот, добар и праведен живот. Спознавајќи ја таа норма преку соединување со духот, душата бива привлечена со нејзината необјаснива убавина и возвишеност и одлучува да ја прими во кругот на своите дела и својот живот, преобликувајќи се и себеси според нејзините барања. И сите чувствуваат такви стремежи, иако не им се предаваат во потполност; но нема ни еден човек кој повремено не се посветува на таквите дела.

Во сетилната област под дејство на духот, во душата, се појавува стремеж и љубов кон убавото, или, како што обично велат, префинетост. Карактеристична дејност на тој дел на душата е со чувство да ги доживува своите угодни или неугодни состојби и влијанија однадвор по мерка на задоволувањето или незадоволувањето на душевнотелесните потреби. Но меѓу чувствата заедно со корисните – така да ги наречеме – гледаме и некои некорисни, кои се појавуваат сосема спротивно од задоволувањето или незадоволувањето на потребите – чувството за насладување со убавината. Очите не можат да се одвојат од цвеќето или слухот од пеењето само затоа што и едното и другото е прекрасно. Секој го уредува и разубавува своето живеалиште на овој или оној начин оти така ќе бидат поубаво. Кога одиме на прошетка, го одбираме местото само затоа што е убаво. Над се тоа е насладата која ја пружаат уметничките слики, вајарските дела, музиката и пеењето, а и од се тоа повиmсоко е – насладувањето со делата на поезијата. Префинетите производи на уметноста се насладуваат не само со убавината на надворешната форма, туку особено со убавината на внатрешната содржина, со убавина која се созерцува со умот, со идеалната убавина. Од каде такви појави во душата? Тоа се гости од друга област, од областа на духот. Духот кој Го познава Бога природно ја бара Божјата убавина и единствено во неа бара наслада. Иако не може одредено да каже што е таа, сепак, носејќи го тајно нејзиниот нацрт во себе, тој точно може да каже што таа не е, изразувајќи го ова сведоштво со тоа што не се задоволува со ништо створено. Да се созерцува Божјата убавина, да се вкуси и да се насладат со неа потребите на духот, тоа е рајски живот.

Добивајќи знаење за таа убавина преку соединување со духот, и душата почнува да трага по неа, достигнувајќи ја на свој душевен начин, па час во радост се фрла на она што ја окружува а претставува одраз на таа убавина, а час самата измислува и произведува нешта во кои очекува дека ќе ја одразат, онака како таа ја замислува таа убавина. Ете од каде доаѓаат тие гости кои се разврзани од секое сетилно чувство, кои ја возвишуваат душата до духот и ја одуховуваат! Приметувам дека од уметнички производи јас во овој оддел ги вбројувам само оние чија содржина е божествената убавина на невидливите божествени нешта, а не оние кои, иако убави, сепак претставуваат само обичен душевно-телесен живот или земни работи кои го прават секојдневието на тој живот. Душата водена од духот не бара само убавина, туку во убавите облици бара и изрази на прекрасниот и невидлив свет, каде што духот ја повикува со своето влијание.

Ете значи што на душата и дал духот, бивајќи соединет со неа, и ете како душата покажува дека е одуховена! Не мислам дека за Вас било што од ова што е речено претставува тешкотија, но сепак, молам да не прелетате преку напишаното, туку се добро да разгледате и прифатите. Дали Вашата душа е одуховена? Па и Вие пеете и се занимавате со музика! Еднаш критички ќе ја преиспитаме таа Ваша страна, во светлина на споменатото барање – што треба да претставуваат зборовите на убавата уметност.

(Продолжува)   

Подготви: Б.Ѓ.

Посети:{moshits}



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 541
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 845
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 814
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »