логоFacebookTwitterYouTubeeMail


sv.vasilij.veliki.jpg

…внимавај на себе. Со други зборови, немој да внимаваш ни на она што е твое, ни на она што е околу тебе, туку исклучиво само на самиот себе. Бидејќи, едно сме ние самите, а друго – е она што е наше и она околу нас. Ние сме душа и ум, бидејќи сме создадени по образот на Творецот (сп. Пост. 1, 26). Наши се, пак, телото и сетилата, а околу нас се парите, вештините и другите животни пронајдоци. Што значат овие зборови? Немој да го пазиш телото, немој да трчаш на сите начини за телесни добра, односно за здравје, убавина, насладување, уживања и долговечност, немој да се восхитуваш на парите, на славата или господарењето. Немој да го сметаш за големо она што служи за привремениот живот, па грижејќи се за него, да го занемариш својот превосходен живот. Напротив, внимавај на себе, односно внимавај на својата душа. Неа украсувај ја и за неа грижи се, со својата грижливост да ја предупредиш секоја нечистотија која   ја донесува порокот. Потруди се да ја очистиш од секој гревовен срам и да ја просветиш со секоја доблесна убавина. Испитај се самиот себе и познај ја својата природа. Сфати дека твоето тело е смртно, а душата бесмртна, и дека нашиот живот е двоен: едното е својствено на телото и брзо поминува, додека другото е сродно на душата и не дозволува опишување. Заради тоа, внимавај на себе, односно немој да запираш на смртното како на вечно, и немој да го презираш вечното како да е минливо. Занемари го телото кое поминува и грижи се за душата која е бесмртна. Со сета возможна грижливост проникни во самиот себе, па и на едното и на другото да им го дадеш она што е неопходно: на телото – храна и облека, а на душата правилата на побожноста, достојно однесување, подвизување во доблестите и исправување од страстите. Немој да го дебелееш телото, и немој да се трудиш околу плотските неспокојства, бидејќи телото сака против Духот, а Духот против телото, а ова се противи едно на друго (Гал. 5, 17). Внимавај, здебелувајќи го телото да не му дадеш поголемо господарење на она што е полошо. Ако во прилика на мерење на вагата го оптеретиш едниот тас, ти ќе го олесниш другиот, кој му е спротивен. Слично се случува со телото и со душата: изобилието во едно нужно ќе предизвика недостиг во другото. Кога телото е во добра состојба и обременето од здебеленост, умот нужно ќе биде тешко подвижен и слаб за нему својствените дејствија. Меѓутоа, кога душата е добро устроена и со поучување во доброто возвишена до големината која & доликува, неминовно ќе дојде до овенување на телесните стремежи.

(продолжува)…

Подготви: Михаила Поповска

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 392
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »