логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba1

Старец Паисиј Светогорец: Помирување со смртта

- Старче, ја соопштија конечната дијагноза. Туморот што го имате е рак и тоа свиреп!

- Донеси едно шамивче да заиграм на „Остани ми со здравје кутар свету“! Во мојот живот никогаш немам играно, но сега од радост што ми се приближи смртта, ќе заиграм.

- Старче, лекарот рече дека најпрвин ќе треба да ви направат зрачење за да се намали туморот, а потоа ќе следува и операцијата.

- Разбрав! Прво ќе бомбардира авијацијата и потоа ќе се случи нападот! Значи, ќе одам горе и ќе ви донесам вести!… Некои луѓе, дури и постари, доколку лекарот им каже: „ќе умреш“ или: „педесет проценти е надежта да преживееш“, се секираат. Сакаат да живеат. Што ќе постигнат? Се чудам! Доколку некој е млад, на некој начин тоа е оправдано; но, еден остарен човек да прави обиди за да живее, тоа не го разбирам. Друго е да зема терапија, за некако да може да ја издржи болката. Значи, не сака да го пролонгира неговиот живот, но само сака малку да се поподносливи болките и да се самообслужува, додека да се упокои; тоа има смисла.

- Старче, го молиме Бога да ви го продолжи животот.

- Зошто? Псалмот не вели дека: седумдесет се годините на нашиот живот?[1]

- Сепак, Псалмопевецот додава: ако е човекот покрепок и осумдесет години“…

- Да, но вели и дека: повеќето од нив се мака и болка; така што подобар е одморот во другиот живот!

- Можно ли е, Старче, некој, од смирение, да не се чувствува духовно подготвен за другиот живот и да сака уште да живее, за да се подготви?

- Тоа е добро, но од каде знае дека ако живее уште, нема да стане полош?

- Старче, кога се помирува некој со смртта?

- Кога? Доколку Христос живее внатре во него, тогаш смртта е радост. Не да се радува затоа што ќе умре, бидејќи му здодеал животот. Кога ѝ се радуваш на смртта, во добрата смисла, тогаш смртта бега и оди да најде некој страшливец! Кога сакаш да умреш, не умираш! Оној што си има добар провод, се плаши од смртта, бидејќи се задоволува со светскиот живот и не сака да умре. Ако му спомнат за смртта, вели: „Помести се од местото“! Оној, пак, што се измачува, што трпи болки и сл., ја смета смртта за избавување и вели: „штета, сѐ уште нема дојдено смртта да ме земе… Изгледа ја снашла некоја пречка“!

Малкумина луѓе ја сакаат смртта. Повеќето сакаат нешто да довршат и не сакаат да умрат. Добриот Бог, пак, устројува секој да се упокои кога ќе созрее. Сепак, еден духовен човек, млад или стар, треба да се радува што живее, да се радува што ќе умре, но да не настојува да умре, оти тоа е самоубиство.

За еден умрен за светот, а духовно воскреснат, никогаш не постои агонија, страв и стрес, затоа што ја чека смртта со радост, бидејќи ќе оди близу до Христа и ќе торжествува. Но, се радува и затоа што живее, бидејќи повторно живее блиску до Христа и на земјата чувствува еден дел од радоста на рајот, та се прашува дали постои повозвишена радост во рајот од оваа што ја чувствува на земјата. Таквите луѓе се подвизуваат со љубочестие и себеодрекување и бидејќи ја ставаат пред нив смртта и секојдневно размислуваат за неа, се подготвуваат подуховно, посмело се подвизуваат и ја победуваат суетата.

 

Избор од фб профил на

Vesna Smilkova

 

 2ри април 2020 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »