логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Старче, имаат ли маѓепсниците некое известување (видение, внатрешна сигурност на срцето)?

Имаат известување од ѓаволот, а кажуваат и многу лаги. И вие да внимавате во гостоприемницата. Треба да ја проверувате состојбата. Да гледате какви се луѓето што доаѓаат, зашто може да дојде и некој што се занимава со магии. Не треба да ви е чудно? На едно бдение дојдоа две лица коишто се занимаваа со магии. Им се доближуваа на луѓето и им кажуваа разни работи. На една жена ѝ рекле: „Ти имаат направено магии; ќе дојдеме кај тебе дома да ти ги одврземе со еден крст што го имаме“. Доаѓаат на бдение, зборуваат наводно духовни работи, а другите велат: „Бидејќи доаѓаат на бдение значи се верници“, и им го отвораат срцето. Колку ли само ги збунуваат луѓето со лагите што ги кажуваат! За да излаже некој една девојка ѝ рекол: „Отец Пајсиј имал видение дека ќе се омажиш за мене; земи го ова да го носиш, без да испитуваш што е“, и ѝ дал нешто што било магиско. Но, таа за среќа не го ставила. „Добро, отец Пајсиј со такви работи ли се занимава!“ – рекла, и веднаш седнала да ми пишува едно писмо, четири страни со збиени редови, полно со навреди. Какво хулење! „Нема гајле“, велам, „навредувај ме“. Алал да ти е хулењето, барем не се излажа да ја ставиш сатанската амајлија!“

– Ве познаваше, Старче?

– Не, не ме познаваше. И јас не ги знаев, ниту неа, ниту него.

Демонски, магиски дејства

– Старче, што им рековте на учениците коишто дојдоа денеска и ви кажаа дека повикувале духови?

Што да им кажам? Прво добро ги искарав. Тоа што го направиле е одрекување од верата. Од моментот кога го повикуваат и го примаат ѓаволот тие се одрекуваат од Бога. Затоа и им кажав прво да се покаат, искрено да се исповедаат, и во иднина да внимаваат; да одат во црква, да се причестуваат со благослов на духовникот и да се осветуваат. За нив е олеснително, оти се деца и тоа го правеле како игра. Ако беа возрасни ќе им се случеше големо зло; ѓаволот ќе стекнеше голема моќ над нив. Но, да не заборавиме дека може и децата да ги потресува.

-Значи, старче, што точно направиле?

-Тоа што го прават многумина… Ставаат на една маса чаша со вода и околу ги редат буквите на азбуката А, Б, В, Г… Го ставаат потоа прстот во вода и го повикуваат духот, значи ѓаволот. Чашата се врти, запира пред буквите и испишува зборови. Тие го повикале духот и кога дошол го прашале: „Постои Бог“? „Не постои“, им рекол. „Постои сатана?“ „Постои“. Значи, тешки глупости! Не постои Бог, а постои сатана! Кога повторно го прашале дали постои Бог, им рекол: „Да, постои“. Еднаш „да“, еднаш „не“, и се замислиле децата. Така устроил Господ, за да им помогне. Една девојка од друштвото била удрена од чашата. Допуштил Бог да биде удрена, за да се соземат и другите деца. А, денес и мнозина кога сакаат да направат некакво зло на некоја личност, прибегнуваат кај маѓепсници коишто ја користат восочната кукла на вуду. Маѓепсниците ова го имаат како играчка, како хоби.

-Старче, што прават?

-Прават кукла од восок, и кога некој бара да му наштети на својот непријател, на пример на очите, тие забодуваат една игла во очите на куклата и го кажуваат името на оној на којшто сакаат да му наштетат, правејќи различни магиски работи. И, навистина тој човек ако живее грешен живот, и не се исповеда, бива нападнат од демонската енергија во очите. Му се чини дека ќе му излезат очите од болка! Прави испитувања, но лекарите не наоѓаат ништо.

-Еве, какво зло прават и медиумите! Не е доволно што им ги земаат парите на луѓето, но растураат и фамилии. Оди, на пример, некој кај медиумот и го кажува проблемот што го има. „Гледај“, му вели тој, „една роднина којашто е малку црномуреста, малку висока итн., ти има направено магии“. И, бара тој да види која од неговиот сој ги има тие карактеристики. Ќе најде некоја којашто ќе личи макар и малку. „А, таа е што ми направи магии“ – си вели, та го фаќа една омраза кон неа. А, таа бедната, не знае ништо – може дури и да му била добротвор, – тој, пак, е огорчен против неа, што не сака ниту да ја види! Оди повторно кај медиумот, и тој му вели: „Сега треба да ги одврземе магиите. А, за да ги одврземе дај нешто пари“. „Е, бидејќи откри што е, треба да го наградам“! И, давај му пари… Гледаш ѓаволот што прави? Прави скандали. Додека еден добар човек, дури и да знае нешто конкретно за некого, никогаш нема да каже – „Тој ти има наштетено“, но ќе се обиде да му помогне. „Види“, ќе му каже, „не си примај помисли. Оди да се исповедаш и не плаши се“. И, така, му помага и на едниот, и на другиот. Оти и тој што му наштетил на другиот штом гледа дека овој се однесува со добросрдечност, се замислува (во добрата смисла на зборот), та се покајува.

(Продолжува…)

Што е тоа магија и колку видови магии постојат? (I дел)

Гревот на гатање со светите книги, кое денес е вообичаено кај верниците (II дел)

Извор:Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1106
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1670
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1101
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »