логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

СВЕТИ ГРИГОРИЈ БОГОСЛОВ: ЖИВОТНИ ВИСТИНИ

Од ударите на железото се запалуваат и камењата, а телесниот камшик го образува срцето. Најлошо е да даваш клетва, и да сакаш клетва – и во двата случаи ја навредуваш правдата. Собирај богатство за вечниот век – сегашниот век мизерува дури и пред својот крај. Не се приврзувај кон среќа што се руши од времето – тоа, што времето го гради, времето и го разрушува. Непристојно е за жената да пројавува машки карактер – за жена со благ карактер, најголема пристојност е срамежливоста. Задоволството е краткотрајно – само што настапило и одлетало: како фрлен камен. Најголемо богатство за болниот е здравјето – тоа премудро го бара и природата. Зборовите на неразумниот маж се како пенлив морски бран – се удира од брегот, но не ги напојува растенијата на брегот. Поткупот ги принудува и мудреците, гледајќи да не ги видат – златото е таква мамка за луѓето, како што е мамката за птиците. Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови. Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло. Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек. Загрижениот ум е молец, кој ги разјадува коските: телото цвета, кога се избегнуваат грижите. Ниедно преситување не може да биде целомудрено, зашто на огинот својствено му е да го изгорува материјалното!

Виното е потпалувач за вистинатата страст – распалителна материја, фрлена во огинот и го засилува пламенот. Грижи се секогаш за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Гневот не е безопасен советник за секој човек – што е претприемено во гнев, никогаш не е благоразумно. Гледајќи голи коски, ќе се убедиш, дека сè тукашно не ни припаѓа суштински. Ако малото ракче не врви напред, тогаш го зема за пример мајчиното чекорење. Ако можеш да ја принудиш природата, несомнено и од лошите учители ќе произведеш добри ученици. Украсувај се со добри карактеристики во животот и никогаш не го презирај несреќниот сирак. Кога Бог дава, зависта ништо не може да направи – а кога Бог не дава, не помага никаков труд. Уважувај го поредокот и претпочитај ја власта, зашто само таа е власт и постојан пазител на власта. Сонливиот човек е пронаоѓач на мечти, зашто сонот познава само признаци, но не и вистински нешта. Принудата убедува и против волјата – тогаш не ретко е силна да ги сврзе и рацете на џиновите. Кога народната толпа е во заблуда, секој започнува да вика и сè се обраќа во хаос. Неполезниот труд никогаш не го нарекувај работа – зашто сè неполезно е достојно за презир. И кучињата кои се собираат на мрша, го почитуваат поредокот. Преданите на брзопреодните блага во овој живот и сега можат да се насладуваат на мир – но… тоа не е завидно. Кога златото говори, тогаш сите други зборови се невистински – тоа умее да убедува, макар и да нема јазик!

 

Извор: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/25/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d1%81%d1%82/#more-4618



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 753
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1032
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 981
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков : „Ако нашата молитва не го опфати целиот свет, не сме Христови и не сме деца на Пресвета Богородица“

Знаеме дека за секој дар што од Бог го добиваме, го добиваме од Неа и преку Неа, и поради Нејзините молитви, бидејќи самите со ништо не сме го заслужиле. Сѐ...

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Протоереј Драган Јанковски: Втора недела од Велигденскиот пост

Човекот кога му прави добро на својот ближен, тоа е вистинска добродетел, која Му е угодна на Бога. Оваа вистина ја посведочува и самиот Господ Исус Христос, бидејќи не само...

« »