логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

НЕКА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ПОСТАНЕ НАШЕ СРЦЕ И НАШ ЖИВОТ
- св. Филарет Московски

Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата мрзливост се лишил себеси од ваков голем дар Божји, тој многу си скратува од тоа и на себе и на другите поради тоа што Христос не е во него, во неговиот живот и во неговото срце. Да се помолиме на Господа Он да постане срце за секој човек и Он да биде Живот на оние коишто умреле за желбите на овој свет, а да биде смрт за оние во коишто се уште живее стариот кон грев наклонет човек. Да се помолиме тие, од гревот оптоварени луѓе, да не шират околу себе лажен живот, ако веќе не сакаат да живеат во вистината.
Секој што се жали на мрзливоста и на студенилото на душата, би требало добро да погледне во себеси, за случајно да не влегла некоја од помислите коишто човекот го влечат надолу, наместо да го влечат нагоре. Таквите мисли се секогаш оние со кои нешто присвојуваме за себе, кога нешто си припишуваме на себе: успех во некоја работа, пофалба, забележување на недостатоците на ближните и чувството на некоја наша супериорност над другите луѓе. Затоа да Му се помолиме на Господа нас нека не искуша, нека не испроба, нека ни ги отвори очите за да видиме дали сме на патот на беззаконието, а ако сме, да се помолиме и да се потрудиме да се упатиме на патот кон вечниот живот.
Ништо не се случува случајно. Се што ни се случува, ни се случува со Божја промисла. Се што ни се случува, се случува или како казна или како поука. Во светот има безброј луѓе кои се хипохондрици и оние кои се со оштетен ум, оние коишто ги поднесуваат непријатностите на овој живот, а повторно ако не се во состојба сами да се грижат за себе, нив ги чува Божјата промисла. И често се слуша прашањето зошто е тоа така? Можеби е тоа така, бидејќи во нив порано имало многу добри мисли и чувства, можеби пред таа болест направиле некое добро дело, па затоа не ги напуштила Божјата благодат, туку таа е и понатаму постојано во нив? Ако на непријателот на душите му е допуштено да се игра со човечките животи, зарем не е тоа поради тоа што порано во тој човек не биле постојани принципите на доброто, без кое ја нема благодатта која не штити секого од нас? Всушност, затоа оние коишто ја прифа-тиле службата на духовното просветување, требало добро да се замислат над тоа дали секогаш доволно се грижат нивното учење да добие небесна помош, во непрекинатата борба против силата на мракот? Дали доволно влегуваат во душата на оние на коишто им се дава совет? Дали нивните поуки навистина се спроведуваат во секојдневниот живот? Со вакви мисли треба да прибегнуваме кон Бога и да бидеме упорни во тоа, да ја засилиме во себеси ревноста кон се она што е добро и душекорисно. Тоа, секако, би било поправилно, покорисно и помило на Господ, отколку да се работи на тоа несреќната смрт да ја прикриваме со свечен и раскошен погреб.
Секој оној којшто се труди за своето спасение, би можело и треба да му се каже: нема потреба да ги дознаеш небесните тајни, не барај го тоа, да дознаеш што е сокриено, или она што се однесува на иднината. За спасението е неопходно да веруваш, да ги исполнуваш заповедите и секогаш да го чистиш своето срце, а да не бидеш љубопитен. Опасно е да се сака да се дознае она што е сокриено, а уште поопасно е да се настојува таа тајна и да се открие. По Божја промисла нам ни се открива она што ни е потребно и секогаш во мерката во која тоа можеме да го сфатиме.
Нека Му е слава на Христос Кој ни се јави во смирението на нашата природа, за да ни покаже пример на смирение. Он се роди во пештера, за да не тежнееме кон убавината на својата соба или ќелија, лежеше во јасли за да не бараме ние мека постела, беше повиен во пелени за да ја сакаме простотата на облеката, дојде како дете кое се уште не може да зборува за да бидеме едноставни како децата, незлобиви и за својот јазик да не го раздвижуваме кон празнословие. Нека оваа вистина ве осени и нека ме осени и мене, бидејќи ги просам вашите молитви.
Она што е горко, не може да се ослади со горчина, туку само со она што е слатко. Така и готжите коментапи не можат да се осладат со горките зборови. Кротоста, трпението и љубовта не само што можат да го осладат она што извира од горчливиот извор, туку и самиот горчлив извор може да го променат во сладок.
Ако нашата душа е подложена на некое лишување, Бог бара трпение и надеж за душата да се испита и очисти.

За молитвата и молитвениот живот на христијанинот

Навистина е пријатно да се спомне за молитвата на душата на оние, за кои знаеш дека очите им се секогаш вперени кон Господа и дека во Него се зближуваат со нас. Само Сезнајниот Бог знае кој му прави поголемо добро на другиот: оној којшто се моли или оној којшто барал молитва.
Молитвата не приближува кон Бога и наспроти тоа средиште на битијата и световите, не се гледа она што го гледаме во овој променлив свет. Душата која постојано го бара Господа и која Му се моли, таа Му припаѓа на Господа, без оглед на тоа што нејзиниот низок сетилен дел понекогаш и против нејзината волја, е вознемируван поради блискоста и делувањето на силата која не е сродна со душата на човекот.
Како нас светата Црква премудро не учи: во мир да Му се помолиме на Господа и за едниот и за се. Душата на оној кој се моли во смирение, ако се разгори, ќе гори со тивок и цврст пламен. Гори, но не согорува. Врие, но не зоврива. Се излива, но никогаш не се испразнува.
Зарем душата која усрдно се моли, зарем таа не стапува во заедницата со оној за кого се моли? Зарем во тоа единство таа не дава силен поттик на силата на душата на која и е потребна помош?
Најдобар начин на дружење и заедница меѓу луѓето е да се помолиме едни за други. Ако молитвата не е совршена, нејзините недостатоци според можностатреба да се поправат, но никако не очајувај поради нив. Треба да се разликува активната молитва од состојбата кога некој се насладува со молитвата. Активната молитва човекот треба да ја прави секогаш и неуморно, секако според пропишаното молитвено правило, а утехата ја дарува Господ по Својата благодат, тогаш кога тоа е потребно, за да го привлече и укрепи човекот и тоа тогаш, кога човекот може да ја прифати. Исто така, кога ќе почувствувате дека во вас нема сила, да не ве обземе поради тоа немоќ и очајание, туку прво престанете да се надевате во себе и молете се, надевајќи се во Господа.
Ако од човекот барате да ве научи како да се молите, ќе добиете одговор: не знаеме како да се помолиме.
Ако кажете: Господи, научи не како да се помолиме - ќе добиете одговор каков што неброени луѓе го добиле пред вас.
Треба да се потрудиме да стекнеме трајна стравопочит кон светињата. Ако стравопочитта кон светињата дојде и помине, тоа сепак во душата треба да остави смирена и топла желба за заедница со Господа.
Треба да се потрудиме во молитвата секогаш да бидеме постојани и да не допуштиме некоја моментална ситуација да не поколеба. Исто така, во молитвата треба да бидеме тивки и смирени, и да не допуштиме вообразувањето да се разгори.
О н о ј којшто од восхит преминува во студенило на срцето, и кој доволно не го зацврстил мирот во својата душа, нему му е потребно да вложи уште многу труд. Ако човекот цела година му служел на Бога и останува понатаму во таа желба, тој труд нема да пропадне, без оглед дали околностите се смениле. И во семејниот живот секој може да најде време за молитва и тихување. Кога нема можност да оди во храмот на богослужба, Господ и домашната молитва ќе ја прими, ако е искрена и длабока. Никој од вас не бара да им служите на двајца господари. На Господа може да Му се служи и во самотија исто како и во семејството. Ако видите дека семејниот живот сепак ви го нарушува служењето во Бога, тогаш одлучете се за самотија.
Тоа што не сте во можност да одите во храмот, да не го примате само со тага, туку и со смирена послушност кон Божјата волја. Нека во вашето срце постојано живее Името Божјо и нека од вашата душа кон Господ се подигне миомирис од молитвата и тогаш ќе бидете исто како да сте во храмот Божји.
Ако ви се дадат солзи, бидете Му бла¬годарни на Бога и користете ги за со нив да ја очистите својата душа. Но, како што во нешто не треба да претеруваме, така понекогаш и на солзите треба да им поставиме граница, така што својот ум ќе го насочиме кон некое друго корисно дело.
„И се простуваат многу гревови, бидејќи голема љубов има". Каде научила така да сака? Таа наместо елеј имала солзи на покајание. Божјата љубов кон оние што се каат, како небесен оган паднала и врз неа и се разгорило нејзиното кандило.

За односот кон ближните

Не би имал храброст да му кажам на ближниот: сакам да ме сакаш, и повторно мислам дека не би му кажал: не сакам да ме сакаш. Во тоа има нешто што одбива, нешто што оттуѓува и што во срцето на другиот човек може да му нанесе тежок удар.
Корисно е секогаш да се знаат зборовите на критика, бидејќи тие се лек против гордоста и совет секогаш да бидеме внимателни.
Речиси и нема потреба да го критикуваме човекот од своја волја, единствено ако тој самиот не даде повод да му се каже вистината. Тешко е да осудуваме, бидејќи во тоа многу лесно се вмешува и самооправданието. Покрај тоа, осудата може да му направи непријатност на другиот, којшто ја пренесел таа осуда и затоа најдобро би било да се помолиме на Бога, Он да не научи секој од нас на постапките на ближниот да гледаме со чисти очи, без осуда и без сомнеж.
Ако другиот човек не покажува желба за помирување, вие од ваша страна покажете мир и не судете строго. Не треба себеси да се подметнуваме под стрелите и не е ништо лошо да го употребиме штитот тогаш кога другиот ве напаѓа.
Никогаш не треба да влегуваме во препирки, особено кога непријателот може да го надговори оној којшто е во право и кога непријателот не се плаши да биде прекинат, туку се надева дека во случај на потреба, ако веќе не е во можност да покаже дека е во право, својот соговорник ќе може да го побе¬ди со грубост и потсмев.
Праведно и корисно е мерката на трпението да ја полниме водата со кротоста и да ја излеваме над огнот на љубомората, за овој полесно да гори и да не се распламтува и да се претвори во пожар, кој може да се оттргне од контрола и да ги уништи ѕидовите на љубовта, снисходливоста и смирението.
На мене ми се чини дека има малку непријатели, а многумина има од оние, кои поради недоразбирање, погрешно ги разбираат другите луѓе и нивните постапки, па поради тоа стануваат недобронамерни.
На прекорот е покорисно да одговараме со кротост, отколку со прекор. Да се сетиме на вистината дека прашината не се очистува со прашина, туку со вода.
Не треба да се плашиме од клеветите, туку треба да бидеме претпазливи кон нив. Клеветите не учат на претпазливост, а претпазливоста прави клеветите да станат немоќни.
Зошто човекот се вознемирува со мачни размислувања за некоја ништожна непријатност? Зошто нашиот мир и нашата спокојност треба да зависат од човечкото размислување? Ако правилно сме постапиле. нека Му е Слава на Бога, а човечкото мислење тоа не може да ни го одземе.
Треба да ни биде тешко што ги осудуваме луѓето. отколку мирно да набљудуваме, како што го набљудуваме ветрот како ги ниша гранките на дрвјата, или како тече реката. Меѓутоа. очигледно е што човекот тешко гледа без осудување. Што да се прави? Треба постепено да се учиме на тоа најпрвин да се осудуваме себеси поради тоа што ги осудуваме ближните, потоа да се воздржуваме од осудата со зборовите тогаш кога ќе дојде помислата за тоа, а потоа да ја сопреме и самата помисла за осуда на другиот. Оној кој доволно се познава и се осудува себеси, тој нема време да ги осудува другите.
Да не ги избегнувате упорно луѓето, бидејќи меѓу нив има и Божји луѓе. Треба да се потрудиме и добри дела да правиме со доза на претпазливост, за да не претходи пред нив некое наше мудрување и наша волја. Кога сме во контакт со луѓето од различна вероисповед, треба слободно и храбро да ја искажеме убеденоста во правата православна вера. Но, кога ги критикуваме заблудите и заблудените, треба да покажеме кротост, мир снисходливост и внимателност: овие се карактеристиките коишто се потребни исто колку што и ревноста.
Не претворај го во бура ветрот на човечките лекомислени зборови. Има клевети коишто го носат човекот во прогонство, коишто ги фрлаат во беда, затвор и тоа не е лесно. А, зарем не е полесно клеветата како ветар да помине покрај вашите уши? Влези во својот дом и не слушај ја бучавата на ветрот.
Во контактот со луѓето коишто се неспокојни, корисно е кон нив да се однесуваме колку што можеме поедноставно, помирно и поспокојно, без било какви извештачени пристрасности, но и без намерно студенило. Ваквото однесување нема да им наштети и на оние коишто се спокојни.
Кога се надеваме во Бога, можеме да ги поднесуваме неволјите и да го сочуваме својот мир, па макар и да не го сретнуваме мирот кај оние луѓе коишто не опкружуваат. Зашто кажано е: бев мирен со оние коишто го мразат мирот. Нека Бог им даде и тие да го засакат мирот.
Оној којшто гледа со претпазливост, тој лесно може да дојде до омраза кон човекот. Оној којшто сака да има љубов кон ближните, треба да гледа чисто и едноставно. Треба да ја избегнува кавгата. Гневот не го приближува човекот кон Божјата правда. Гневот само може да се разбуди и да се зголеми растревоженоста кон другиот човек. Само со трпение и мир човекот може да се расположи. Духовниот закон вели дека треба да му се помогне на ближниот и притоа да не се навредува и да не се повредува другиот.
Добро е да се говори вистината кога обврската или љубовта кон ближниот тоа го бараат од вас. Но, тоа треба да го прави така да не го осудуваме ближниот, да не се превознесуваме и да не се воздигнуваме како некој кој можеби подобро од другите ја познава вистината. Покрај тоа, потребно е да ги знаеме луѓето и случките, за да не се случи на-место вистината да кажеме прекор и наместо мир и кротост да направиме непријателство и штета.
Човечкиот збор може да биде остар како меч и тогаш тој го ранува и убива, а може ла биdе благ како елеј и тогаш е како мелем којшто исцелува.
Не судете за да не ви се суди, иако ви се чини и дека има причина за осуда, зашто оној којшто е близок до Господа може да стои или да паѓа. Уште полошо е ако судите како злонамерни судии. Мислите дека луѓето кажуваат бесмислици, а тие го кажуваат она што на душата и е на корист и за тоа како се прави доброто.
Кога ги осудуваме своите ближни, ние самите на себе си нанесуваме голема рана. Од тоа треба да се чуваме и да се искупуваме така што ќе се осудуваме и укоруваме себеси и ќе се молиме Бог да биде милостив и кон оние коишто ние сме ги осудиле и кон нас коишто сме ги осудиле.
Трудете се срцето и намерите на ближните позитивно да ги прифаќате. Во тој случај ќе бидете поретко во можност да згрешите, а на вашите ближни ќе им биде полесно да се поправат.
Како што рече древниот философ, не треба да се возбудуваме ако и магарето ве удри.

Превод: Сестринството на Метохот
Св. Спиридон Чудотворец

Извор:

 16.09.2018 лето Господово

Друго:

 

 

 

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 258
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 219
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 191
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

БEСEДА за раздeлувањeтo на службата и звањeтo

Какo штo вo чoвeчкoтo тeлo разнитe oргани имаат различни служби, нo ситe дeјствуваат вo хармoнија за дoбрoтo на цeлoтo тeлo, така Гoспoд вoстанoвил и вo Црквата, кoја e Нeгoвo тeлo,...

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

о.Горан Стојчевски: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отца и заедницата на Светиот Дух да биде со сите нас

Делата Апостолски сеуште ми се живо четиво, не само како почеток на историскиот пат на Црквата Христова во светот и неговото прибирање во лоното на Авраама, и личносен подвиг кој...

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (27.11.2018)

Додека Филип проникнуваше со таква љубов кон Месијата, славниот Месија, Христос, дојде во Галилеја и го најде Филипа и му рече: "Дојди по Мене" (Јован 1: 43). - Оваа покана...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

« »