логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 


229.
1.    Сите созданија го празнуваат Христовото Воскресение, се покриваат со цвеќиња и рашируваат пријатна миризбаː и ние треба да го празнуваме овој Празник над празниците на тој начин што ќе рашируваме во себе благопријатна миризба, која ќе ја подготвуваме во нас од соединувањето на сите добродетели.

За празникот на Христовото  Воскресение и сите созданија како да го фрлиле покривачот на зимското мртвило од себе, пак расцутуваат и како одново да оживуваатː земјата се покрива со зеленило, дрвјата со лисја, животните скокаат и играат, морето се смири, се е преобразено во една нова состојба. – Но, со што се пројавува ова во мене? Ако бездушните и неразумните твари вака му се радуваат на пресветлото Воскресение и примаат ваков празничен изглед, зар не треба многу повеќе ние, кои сме обдарени со разум и образ Божји, да се преукрасуваме со добар живот и да мирисаме благопријатно со нашиот дух? – Зашто, навистина, Христовата благопријатна миризба е оној, којшто е украсен од добродетелта, како што сведочи и апостолот, велејќиː „Христос умре за сите, та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној,  Кој умре за нив и воскресна‟. Затоа, ние отсега никого не познаваме по тело, иако Христа Го познавме по плотта, но сега веќе не Го познаваме‟ (2. Кор. 1, 5, 15-16). И уштеː „Зашто ние сме Христов мирис пред Бога, за оние, кои се спасуваат, и за оние, кои гинат; на едните сме смртоносен здив на смрт, а на другите животворен здив на живот‟ (2, Кор. 2, 15-16). Во врска со ова, може да се каже дека и Адам, пред да згреши, бил пријатна миризба за Бога, бил украсен со бесмртност и негниење и исполнет со небесни созерцанија. Затоа, како некое цветно дрво и исполнето со благопријатна миризба, бил сместен во рајот и мирисал благопријатно. Овде може да се каже и тоа, дека старозаветниот патријарх Исак, откако ја почувствувал пријатната миризба на својот син Јаков, реколː „И тој пристапи и го целива; Исак го почувствува мирисот од облеката негова, и го благослови, велејќиː „Ете, мирисот на синот мој е како мирис од полето, што го благословил Господ‟ (1. Мој. 27, 27). Се разбира, оваа миризба треба да се разбере духовно. Браќа и ние да мирисаме со оваа благопријатна миризба, а која треба да ја приготвиме од соединувањето на сите добродетели, како некој искусен приготвувач на мириси. Таква е благоуханата миризба, таква е миризбата што Му е пријатна на Бога. Таквата миризба ги привлекува ангелите и ги одгонува демоните; привлекувани од оваа миризба чистите души трчеле по Христа Господа, како
што е речено во Песната на песните (1, 2-3)). Така треба секогаш да биде.

1.    Пасха измина. Измина и страсната седмица; но пасхалната радост и сеќавањето за страдањата на Господа  треба да живеат во нас, за и ние да не живееме за себе, туку да живееме за Оној Којшто умрел за нас и воскреснал за нас – за Господа.

Пасха измина и празникот заврши, но радоста или празнувањето не се изминатиː зашто ние треба секогаш духовно да се радуваме и да празнуваме, според зборовите на апостолотː „Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речамː радувајте се‟ (Фил. 4, 4). И Страсната седмица измина но споменот за страдањата на нашиот Спасител  Христос треба да биде кај нас секогаш, односно да си спомнуваме дека Господ на славата бил за нас распнат и погребан и дека воскреснал во третиот ден, дека нѐ воскреснал и оживеал и нас заедно со Себе, „та живите да живеат не веќе за себеси, а за Оној, Кој умре за нив и воскресна‟ (2. Кор. 5, 15), за да можат смело да говорат со зборовите на апостолотː „Јас  веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој Ме засака и Себе се предаде за мене‟ (Гал. 2, 20). А, еве, каков е заклучокот од оваа тајнаː треба да бидеме мртви за светот и живи за Единиот  Бог.

2.     Затоа и по Пасха треба да живееме во духовни и телесни подвизи, без да се отклонуваме од нив.

Затоа и по Пасхата треба да бидеме трезвени и будни, да се молиме и да се скрушуваме, да проливаме солзи и да се просветуваме, секогаш да ја носиме смртта на Господа Исуса на нашето тело, доброволно да умираме секој ден, секогаш духовно да се разделуваме од нашето тело и да одиме кон Господа, преку оддалечувањето од мудрувањето на телото. – Не велиː сега не е Четириесетница; зашто за оној што е трезвен – секогаш е Четириесетница. Не велиː Јас  веќе одамна се подвизувам; сега имам потреба од спокој. Не заборавај дека овде на земјава нема спокој. Не велиː јас веќе остарев во добродетелите, и не се плашамː треба да знаеме, дека стравот од изменувањето и паѓањето никогаш не треба да нѐ напушти, зашто многумина што остареле во добродетелите сатаната ги турка во бездната на гревот само за еден миг, па затоа, „кој мисли дека стои, нека гледа да не падне‘ (1.  Кор. 10, 12), и тој што мисли дека е добро запазуван, тој треба добро да се пази да не биде оставен без никаква заштита, да има најбудно внимание и во сѐ да има меркаː и во спиењето, и во јадењето, и во пиењето и во сѐ друго, така што телото  секогаш да му биде под притисок и во заробеност, за да не, како некој млад коњ, да се разигра, и да нѐ фрли во бездната на гревот.

Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том IV

 

 

 Подготви:Светланка Трајчева

17.04.2017



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 824
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен:„Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта...“,Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »