Премин Портал

Кожувчанка

file9-1024x637-696x433

 

22/08/2016   Актуелности, Поуки - совети

Знаете ли како ќерката на Бил Грем, во едно ток-шоу, посветено на настаните од 11 септември, на прашањето од водителката Џејн Клејсон: „Како Бог можеше да дозволи да се случи такво нешто?“ Ана Грем ѝ дала многу длабок и проникнувачки одговор.

Таа рекла: „Верувам, дека Бог исто како и ние, длабоко жали за тоа што се случило. Но, ние со години го прогонуваме Бога од нашите школи, од нашите држави, од нашиот живот. И мислам, дека Бог, како вистински џентелмен, едноставно отстапи. Можеме ли да очекуваме од Бога благослов и заштита, ако притоа бараме да нè остави?“

Да се сетиме на некои работи… Според мене, сè започна кога Медлин Мјуреј О’Хара (беше убиена, нејзиното тело беше пронајдено неодамна) изјави дека во училиштата нема место за молитва, и ние рековме: „Добро“.

Потоа, некој рече дека подобро е во училиштата да не се чита Библијата (Библијата, во која е речено: „Не убивај“, „Не кради“ и „Возљуби го ближниот твој, како себеси“!).

И ние рековме: „Добро“.

Потоа, кога доктор Бенџамин Спук рече дека не треба да применуваме телесни казни кон нашите деца, кога се однесуваат лошо, затоа што со тоа ќе ги повредиме нивните малечки личности – можеме да го повредиме чувството на нивното лично достоинство (синот на доктор Спук го заврши животот со самоубиство). И ние рековме: „Тој е специјалист и знае што зборува“.  И пак рековме: „Добро“.

Потоа некој рече, дека учителите и директорите не смеат да ги казнуваат нашите деца. А администрацијата во училиштата најстрого им забранува на своите учители да ги прекоруваат непослушните ученици, затоа што не им треба лоша реклама, и дека не сакаат да одговараат пред судот за тоа (постои голема разлика помеѓу казна и прекор, понижување, тепање).

И ние рековме: „Добро“.

Потоа некој рече: „Ајде да им дозволиме на нашите ќерки да абортираат, ако тоа го сакаат. Така не ќе мора дури ни да им кажуваат на родителите“.

И ние рековме: „Добро“.

Тогаш, некој умен член на школскиот совет рече: „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња и секогаш ќе го прават тоа. Така што, да им дадеме на нашите синови презервативи колку што сакаат, за да можат да се забавуваат колку сакаат. А ние не ќе мора да им раскажуваме на родителите, дека ги добиле во училиште“.

И ние рековме: „Добро“.

Потоа, некој од, од нас избраната власт, рече дека не е важно што се случува во нашиот личен живот, ако си ја вршиме добро работата. И согласувајќи се со тоа, ние рековме дека не е важно кој (вклучувајќи го и претседателот) со што се занимава во личниот живот, доколку имаме работа и сè е во ред со нашиот финансиски живот.

Тогаш некој рече: „Ајде да печатиме весници со слики на разголени девојки и тоа да го нарекуваме здрава практична висока оценка на убавината на женското тело“.И ние рековме: „Добро“.Тогаш, некои отидоа со таа висока оценка уште понатаму и почнаа да објавуваат фотографии од разголени деца, а потоа уште понатаму, да ги ставаат на Интернет.

И ние рековме: „Добро, тие имаат слобода на говор“.

Потоа индустријата на забавите рече: „Ајде да правиме филмови и емисии кои пропагираат насилство, богохулство и забранет секс. Ајде да снимаме музика која ја охрабрува употребата на наркотици, силувања, убиства, самоубиства и сатанизам“.И ние рековме: „Тоа е само забава, музиката нема негативни ефекти, никој не ја сфаќа сериозно, така што, продолжувајте во тој дух“.И сега се прашуваме, зошто нашите деца немаат совест, зошто не можат да направат разлика меѓу доброто и злото, зошто, без да се замислат, убиваат непознати, своите школски или себеси. Можеби, доколку сериозно и долго се замислиме, и ќе си најдеме одговор. Јас мислам дека тука станува збор за тоа: „што ќе посееш, тоа и ќе пожнееш“.

Еден млад човек напишал: „Драг Господи, зошто не го спаси малечкото девојче, кое го убија во нејзината училница? Искрено Твој, вознемирен студент“.

Еве го одговорот: „Драг вознемирен студенту, Мене не ме пуштаат во училиште. Искрено твој, Бог“.

Смешно е, колку лесно луѓето се избавуваат од Бога, а потоа се чудат зошто светот се претвора во ад.

Смешно е, кога веруваме на сè што пишат весниците, а се сомневаме во тоа што пишува Библијата.

Смешно е, кога сите сакаат да стигнат во рајот, притоа не верувајќи, не размислувајќи, не зборувајќи и не правејќи ништо од она што го вели Библијата.

Смешно е, кога некој вели „Верувам во Бога“, а го следи сатаната, кој исто така „верува“ во Бога.

Смешно е, кога ни е толку лесно да судиме, а толку тешко да бидеме судени од другите.

Смешно е, кога глупите шеги се распространуваат со брзина на светлината, но луѓето двапати ќе размислат дали да споделат со пријателите статус, во кој се зборува за Бога.

Смешно е, кога сè непристојно, грубо, похотливо и вулгарно, многу лесно може да се најде на Интернет, а во училиштата или на работа, отворената дискусија за Бога е невозможна.

До кој степен ќе дозволиме, комерцијализацијата и најгрубите човечки интереси да ги проголтуваат животните вредности на нашите деца, а воспитувањето ќе го заменуваме со пропаганда на она што треба да го купиме, продавајќи го сопствениот идентитет?  [забелешка на преведувачот]  

Превод: Златко Дивјаковски

http://vinepoverite.ru/post/genialeni-otvet-dochki-billa-gruma-na-vopros-kak-bog-mog-pozvolite-sluchitese-sobtiem-11-sentebre



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3460
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3500
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2026

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2026

  На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го...

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная