Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе да се разберат оној што бара човечка правда, со оној што бара Божја правда.
Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа
Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон, да Го претстават пред Господа. Симеон бил удостоен не само да Го види, ами и да Го прегрне малиот Исус и исполнет со духовен восторг, да ги искаже оние вдахновени зборови: Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико,