логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

 

Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020 14:39)

Многу е интересна позицијата на Епископот на Црквата Божја, посебно во делот за односот со јавноста, и сметам за потребно нешто да се напише и за тоа. Христовиот живот, чија икона и на чие место седи Епископот, треба да ни биде пример од кој можеме да извлечеме одредени заклучоци и за оваа тема.

Прво што ни паѓа во очи е различниот однос на Богочовекот Христос кон Своите ученици, од сите други останати луѓе.

Додека на Своите ученици Христос до детали им ги открива тајните на Царството Небесно, ги прекорува, им суди, конкретно ги поучува, на останатите Тој им говори во приказни – некако, општо. Но, кон никој не е индиферентен.

 Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат што и да им каже, иако Тој внимава и на тоа – колку тие можат да примат; второ, други луѓе, просто, сакаат да научат или слушнат нешто ново, но сепак, за дали тоа ќе го прифатат или не, критериум си останува нивниот разум; трето, доаѓаат при Него луѓе болни или со некои други потреби и нивниот однос кон Христос е поискрен (поради маката), но не и секогаш јасен (од аспект на верата – верен или суеверен); четврто, некои пак, доаѓаат и со зла намера, да Го искушаат и повредат; итн.

Епископот, исто така, е должен точно да процени со какви намери луѓето приоѓаат кон него и каков однос сакаат да изградат.

Најинтересен е односот на луѓето кои сакаат да го искушаат и повредат Епископот. Гледаме и во Светото Евангелие како и на Христос Му приоѓаат луѓе со лоши намери. Најчесто сакаат да Го фатат во грешка во врска со словото на Законот. Други бараат чуда и знаци. Трети, да осуди некого. Четврти, да влезе во непотребен конфликт со власта. Петти, да се откаже од Домостројот на Спасението. Многумина сакаат да Му наштетат, но времето за страдање на Христос доаѓа кога Бог промислил, а не кога демоноопседнатите посакуваат.

Истото што Му се случуваше на Господ Христос денес им се случува и на Неговите Епископи.

Мнозина пазат да не случајно Епископот се огреши од некаква догма или канон, или типик на Црквата. Добро прават, но уште подобро би било кога би имале и свој внатрешен критериум – за тоа што го прават, точно да го прават. Но, најчесто немаат. На пример, при проповед на верата, најлесно може да се забележи догматско отстапување, но при спроведување на светите Канони потребен е просветлен ум со дар на умно-срдечна молитва за нивна примена во секој конкретен случај, и тука најчесто може да згреши – и тој што ги применува и тој што од страна суди и осудува. Истото што важи и за Каноните, важи и за типикот, затоа што луѓето не разликуваат општожителен од скитски или еримитски типик, како и нивно спроведување во секој конкретен случај (поради здравствена состојба, возраст, послушание итн.). Но, како и да е, не треба да се заборави, при спроведување на Каноните и типикот, дека: „е тука Оној, Кој е поголем од храмот“ (Матеј 12, 6).

Некои бараат чуда или знаци. Забораваат дека чудото или знакот ја ограничува слободата на човекот и го принудува да верува, состојба која се коси со православната духовност. Односот со Бог треба да го градиме слободно и љубовно, а Бог знае точно кога и како да го дозира со знаци и чуда, кои најчесто се лични, а не јавни. Денес, најголемото чудо е сострадалноста.

Некои сакаат да го стават Епископот во позиција да суди и осуди некого конкретно и јавно. Но, и Епископот, како и Христос, не дојде да им суди на луѓето, туку светот да се спаси преку него: „Оти Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него“ (Јован 3, 17). Епископот може да им суди само на своите духовни чеда, и тоа само во својата локална Црква. И тоа најчесто се случува тајно, а спаѓа во областа на духовното раководство. Епископот треба да ги учи луѓето да не судат и осудуваат – посебно преку откривање на гревовните тајни на нивните срца, како и да бидат смирени и да простуваат.

Некои сакаат Епископот, поради судир со власта, да ја упропасти Божјата мисија за која е поставен. Епископот не смее да биде политички определен; исто така, и никој од свештенството. Епископот треба да процени која власт е подобра за Црквата (не за него лично), но треба да остане со отворено срце за сите луѓе, без оглед на која партија припаѓаат; и без оглед на што било – да ги обединува.

Епископот не смее да го предаде Домостројот на Спасението, т.е. да ја напушти својата позиција или да се крие во време на прогон на Црквата. Тој не смее ни да го отфрли Домостројот, т.е. да враќа на злото со зло, како и да дозволи Евангелието да се сквернави со полагање оружје врз него. Треба да знае кога треба да се повлече од активна служба поради квантитативно или квалитативно намален работен капацитет, и поради свое восовршување и спасение. Епископот не смее јавно да проколнува никого, тоа ја покажува само неговата фрустрација поради немање никаков авторитет. Епископот може само да благословува.

Јавноста не смее да знае за милосрдието на Епископот кон сиромашните и страдалните. Не може тој да ја нарушува Божјата заповед за тајно помагање, затоа што некаква си јавност тоа сакала да го знае или требала да го слушне. Доволно е тој да е милосрден на дело и неговата проповед за милосрдие ќе биде слово во сила. Подобар пример од тоа нема. Јавноста нека си мисли што сака. Болните од пасивна социопатија не ни сакаат да знаат дека некој некому помага, за да ја држат мирна својата успиена совест. Ако пробаш да им ја разбудиш, тие секако ќе најдат друго обвинение за тебе – на пример, помагаш за да ти се прости некој криминал, за да ја успијат повторно. На тој начин, тие одново и одново ја редефинираат и прекројуваат реалноста по своја мера со цел да го задржат внатрешниот мир и покрај своето себељубие, себичност и отсуство на емпатија. Тоа е тоа болно потиснување.

И да привршиме: Епископот, дури и своите духовни чеда треба тајно да ги води и поучува кон просветление на умот, та тие самите да знаат како да се однесуваат во конкретни ситуации, а не постојано и јавно да им дава мислења и решенија за нивните конкретни проблеми. Ако тоа важи за неговите духовни чеда, колку ли повеќе важи и за општата јавност.

Доколку Епископот се обраќа кон општата јавност со конкретни мислења и решенија, за нецрковни проблеми или за проблеми надвор од неговата јурисдикција, колку и да има свесно добра намера, тоа сепак, несвесно го прави  селективно и популистички, и се изложува себеси на судот од јавноста, а исто така, придонесува и за поделбата меѓу луѓето. Целта на Епископот е да ги обедини сите во Христос и неговите постапки мора да придонесат кон таа цел, а ако некој го мрази него, тоа не смее да биде поради разединувачки постапки, туку поради неможноста на демонот да го нападне однатре – поради чистотата на неговото срце; кој затоа ги поттикнува своите слуги – луѓето, да го мразат и напаѓаат Епископот однадвор.

Епископот во јавност би требало да излегува со свое мислење кога е во прашање одбраната на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – ОА, нејзината православна вера, нејзиниот посебен пастирски идентитет и нејзината јурисдикција; за тоа за коешто е и одговорен. Во овој дел треба да биде бескомпромисен. А и тоа, секако, со расудување и избегнувајќи ја замката на ереста – етнофилетизам.

Затоа, сите Свети отци велат дека Епископот треба да има внатрешно духовно покритие за чинот што го носи, та со авторитет и личен пример, без поголеми грешки, да ги води, да ги поучува и татковски да се грижи за своите духовни чеда, во светот и векот полн со непријателски замки. Епископот треба да биде во сѐ подобен на Оној што рекол: „ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло Царството Божјо“ (Лука 11, 20).

Пресвета Богородице, спаси нас!

3.angeli.so.truba


Митрополит Струмички Наум

Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7311

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1012
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 978
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »