логоFacebookTwitterYouTubeeMail

V.Naum.Veljusa3
Првенство по чест (11.07.2020 15:45)

Толкувано е ова евангелско четиво од Светите отци на Црквата (види: Матеј 16, 13–19). Цврстата основа на која Господ Исус ја гради Својата Црква не може да биде кој и да било човек, туку правилната (православната) вера во Него и Апостолското Преемство – како непрекинат дар на Светиот Дух Господ, Кој преку овој дар, во Светата Литургија, го остварува соборот на верните како Воскреснато и Вознесено Тело Христово. Апостолските преемници – Епископите на Православната Црква, се и сведоци, и на гревот и на покајанието на луѓето, и затоа ја имаат власта да сврзуваат и разврзуваат состојби, на земјата и на небото. Но, ја имаат и обврската да ја водат Црквата со личен пример. И тука настанува целиот проблем.

Епископот по своето место и функција е врховен водач во Црквата. Но, поради отстапување од светоотечкото Предание за избор и поставување на Епископи, односно поради немањето внатрешно духовно покритие кај носителите на овој висок чин – обожение, денес во Православната Црква суштествува криза на ефикасно духовно и институционално лидерство. Кризата во лидерството, покрај останатите сфери од црковниот живот, се пројавува, главно, од една страна, како грешки (на кој било план) во дејствувањето на високиот клир на Црквата, а од друга, како недоверба на народот во свештенството генерално, како и во Црквата сфатена како институција. Сите овие неправилности имаат свои социјални и многу други несогледливи, лоши последици. Ќе видите подолу некои од нив...

Затоа, и покрај теолошки и канонски цврсто поставената позиција на Епископот во Црквата, ние сè уште не можеме да говориме за некое негово суштинско лидерство. Кога говориме за неговата позиција во Црквата, најчесто подразбираме формално лидерство. Едно е авторитет на Епископ што произлегува само од значењето на институцијата што ја претставува, а друго е авторитет на Епископ што произлегува од внатрешното духовно покритие на неговиот чин со кој тој ја претставува институцијата.

Вистински водач е оној што привлекува и кого човек сака да го следи, а не оној што човек мора да го следи. Така, може да се заклучи дека: стекнувањето на највисоката позиција во Црквата не го обезбедува самото по себе и авторитетот на лидерството, ниту пак, немањето формален чин и позиција на власт во Црквата самото по себе подразбира неможност за духовно лидерство со авторитет. Напротив, кога во историјата на Црквата тие две позиции не се совпаѓале, секогаш харизматското имало поголем авторитет од институционалното лидерство.

Интересна е и позицијата на Првиот по чест меѓу Епископите. На секој нормален му е јасно дека на таква позиција без Божја Промисла не се стига, и на секој нормален му е јасно дека таквата позиција не смее да ја поткопува или руши, туку колку што може да ја поткрепува и штити. Така, доволно би било Првиот по чест да инсистира на избор на барем нормални луѓе за Епископи и неговата поглаварска позиција би била безбедна од пресудно влијание на човечкиот фактор. Во нашата црковна историја имаме барем еден доволно лош пример на избор од кој треба да се извлече поука. Затоа и Црквата Божја, во нормални услови, одредила изборот на Епископи да се врши од докажани монаси, а не под влијание на други, субјективни интереси.

Кон Првиот по чест Епископите треба да негуваат чувство на своевидно братско послушание, иако светите Канони не ја регулираат таа тема. Совршено би било кога Првиот по чест би бил што поблиску до внатрешното духовно покритие на неговиот висок чин – обожение, така што своевидната послушност на Епископите да соодветствува на неговиот духовен авторитет, а не толку на функцијата. Ова што го напишав го разбираат само оние Епископи што при својот духовен развој го виделе клучното значење на послушанието во севкупниот Божји домострој на Спасението, во Божјата Промисла. Сега ви станува појасно зошто изборот на Епископи Црквата одредила да се случува исклучиво од монашките редови.

Што се однесува до Првиот по чест, Го молам Бог да ви ги отвори очите за уште една вистина. Секој наш Архиепископ е свет поради бремето на духовниот геноцид што го носи и поради кој страда, а кој се врши над неговата паства. Оваа вистина ќе важи сѐ до формалното признавање на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, од страна на другите Помесни Цркви. По признавањето, неговата лична светост ќе зависи од вообичаените критериуми поставени од Светите отци на Црквата. Дотогаш ќе нема такво овоземно обраќање, толку исполнето со вистина, како кон Архиепископот Стефан со: Ваша Светост...

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и на земјата, и наместо да спасуваш души – кои сакаат да се спасат, таа власт да ја користиш со намера за нивно вечно погубување, од лично суетни и од национал-шовинистички побуди – немам зборови. Тоа е толку голем грев пред Бог што поради него страда целото Православие. Најмногу страдаат оние православни народи што се директно одговорни за овој грев. Уште пред многу години напишав: „Ние, како и досега, ќе продолжиме да служиме света Литургија, како на олтарот во материјалниот храм така и на олтарот на нашите срца, и ќе го повикуваме Името Господово. Како Црква нема да одговориме со зло на злото (ако некој украл или пере пари, или направи друго кривично дело, за кое правниот систем по службена должност гони, за тоа не одговараме). Ако таков одговор не добиеме и од другата страна, тогаш Господ ќе најде сигурно некакво решение, само што најверојатно тоа нема да биде поволно за никого. Историјата ни покажа дека само под игото на ропство, наметнато од иноверни, се препознававме како браќа. Но, тоа е решение за глупави“.

Многу им се исчудувам на глупавите, на робовите на колективните несвесни шеми: како им успеа воопшто да не помислат дека политиката на демонстрација на сила, над послабиот, на регионален план, ќе се одрази еден ден и врз нив, од глобален план? И како им успеа воопшто да не помислат дека она што ни го прават нам – на духовен план, ќе им се случи и ним, и тоа таму каде што најмногу ги боли – на материјален план? Само социопати не размислуваат за последиците. Сега, зборот глупави ми личи дури како пофалба во однос на зборот социопати. Едно е да се згреши од глупавост, а друго е со умисла зло да се прави. Религиозниот социопат не чувствува дека кога еден дел од телото страда – целото тело страда, дека и тој самиот страда. Не се ни чудам дека: токму во моментот кога Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј (свет човек – кој многу добро знае што значи кога е некој под прогон) почна да ги решава овие духовни неправди, во полза на целата Православна Црква, и со тоа им овозможи чесен и достоинствен излез, од проблемите во кои самите заглавија, тие се свртеа и против него: не било канонски да се спасат, канонски било да се погубат душите. Затоа, многу тажни работи ни се случуваат...

И, можеме да резимираме: на Црквата ѝ требаат пастири што ќе го возобноват духовниот православен живот; кои во пракса и теоретски, со личен авторитет и пример, ќе го актуализираат вистинското Предание на Црквата; кои ќе се грижат за единството, како и за првенството по чест меѓу Поглаварите и Црквите; кои ќе го сочуваат достоинството (и црковната полнота) на локалната епископална Црква, како и пастирскиот авторитет и кредибилитет на помесната Црква. Пастири кои нема да се занимаваат само со дневна политика, евтин популизам, лажен патриотизам и опасен национал-шовинизам, туку пастири во кои сите ќе Го препознаваме Христос. Со еден збор, потребни ни се свети луѓе. Тоа, ние денес го имаме во нашите новоизбрани епископи и браќа, Партениј и Григориј. Нека ни се за многу години! Нека ни е жив и здрав и нашиот домаќин Митрополитот Тимотеј! На многаја лета, владико свет!

Пресвета Богородице, по молитвите на светите Апостоли, спаси нѐ сите!

Митрополит Струмички Наум

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7301

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 822
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »