логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Месопусна недела: Страшниот суд

3.angeli.so.truba


Љубовта е основна тема и во Месопусната недела. На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат. Таа разлика е многу важна, затоа што христијаните денес сè повеќе и повеќе се склони христијанската љубов да ја идентификуваат со политичката, економската и социјалната грижа за луѓето. Со други зборови, тие од грижата за единствената Личност и за неговата лична судбина, се свртуваат кон грижата за анонимни суштества што припаѓаат кон, на пример, некаква класа, националност итн. Не се работи за тоа дека овој вид на грижа е непотребен. Јасно е дека христијаните, носејќи ја на себе граѓанската или професионалната одговорност, се должни, по мерата на своите можности и разбирања, да се грижат за социјалниот и општествениот живот, за поправедно, еднакво и воопшто, подобро општество. Несомнено, сите тие сфаќања се израснати од христијански корени и најверојатно се инспирирани од христијанската љубов. Но, христијанската љубов, како таква, е сосема поинаква и таа разлика треба да се разбере и да се одржи, затоа што Црквата е должна да ја продолжи својата особена, единствена мисија и да не се претвори во некаква „социјална агенција“,нешто што таа дефинитивно не е.

RUBLJOV.detal.Crkva

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во мојот живот, макар и само за момент, не само како повод за „добро дело“ и заради вежбање човекољубивост, туку како почеток на вечно дружење во Самиот Бог. Оти, што е љубовта ако не таинствена сила којашто го превозмогнува случајното и надворешното во „другиот“ – неговиот физички изглед, социјалната положба, етничкото потекло, интелектуалните способности – и досегнува до душата, единствениот личен корен на човековото суштество, делчето од Бога во него. Бог го љуби секој човек затоа што Тој Единствен го знае бесценото и апсолутно сокровиште – душата, човековата личност којашто Тој му ја дарил на секој човек. На тој начин, христијанската љубов станува учество во тоа божествено знаење и дар на божествената љубов. Љубовта не може да биде безлична, затоа што таа е чудесно откровение на личноста во човекот, на личното и единственото во општото и заедничкото. Љубовта е откривање на она што може да се сака во човекот, на она што му е дадено од Бога.

Во овој однос, христијанската љубов е нешто спротивно на „социјалната активност“ со којашто денес често го идентификуваат христијанството. За социјалниот активист, предмет на љубовта не е личноста туку човекот, апстрактен дел земен од не помалку апстрактното човештво. За социјалниот активист, личноста не претставува никаков интерес и тој често ја жртвува во има на „општото добро“. Може да се заклучи, не без основа, дека христијанството се однесува мошне скептично кон апстрактното „човештво“, но тоа се изменува себеси и прави смртен грев секогаш кога ќе ја занемари грижата за одделната личност и љубовта кон неа. Социјалниот активизам секогаш е „футуристичен“ во својот пристап. Тој секогаш дејствува во име на праведноста, поредокот и достигнувањето на идната среќа. Христијанството пак, малку се грижи за загадочната иднина, а сета своја сила ја насочува кон сегашиот, единствениот момент кога треба да се покаже љубов. Овие две гледишта не се исклучуваат едно со друго, но не треба да се испомешаат. Без сомнение, христијаните носат одговорност по однос на земниот живот и должни се да ја земат на себе и да ја исполнат. Дејноста на социјалниот активист целосно му припаѓа на земниот живот. Но, целта на христијанскиот живот е зад пределите на земниот живот. Таа, самата по себе, е зрак што исходи од Царството Божјо, таа поминува низ сите ограничувања и условности на земниот живот, затоа што нејзината движечка сила, како и целта и крајот – се во Бога. И, ние знаеме дека единствената постојана и преобразувачка победа во овој свет којшто „лежи во зло“, е победа на љубовта. Вистинската и единствена мисија на Црквата се состои во тоа да му напомнуваат на човекот за таа лична љубов и за неговата повиканост да го исполни грешниот свет со љубов.

RUBLJOV.detal1

Параболата за Страшниот суд зборува за христијанската љубов. Не сме сите повикани да работиме за човештвото но секој од нас го добил дарот и благодатта на љубовта Христова. Знаеме дека на сите луѓе им е потребна таа лична љубов, признанието на нивната лична, особена душа, во којашто на чуден начин се огледува убавината на сето творение Божјо. Ние, исто така знаеме дека во светот има болни и гладни, затоа што не сме ги заљубиле со таква, личносна љубов. И, на крајот од краиштата, знаеме дека, колку и да е нашето постоење тесно и ограничено во своите можности, секој од нас носи одговорност за еден мал дел од Царството Божјо, баш поради тој дар на Христовата љубов. Така, ние ќе бидеме судени за тоа дали сме ја зеле или не сме ја зеле на себе таа одговорност, дали сме љубеле или сме одбиле да љубиме. Затоа што доколку сте му го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, мене сте Ми го направиле (Мт 25,50).

протопрезвитер Александар Шмеман

http://mistagogia.mk/mesopusna-nedela-strasniot-sud-smeman/






Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 713
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020 )

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

 Изгледа дека од темата на самоидентификување со Христос или, не дај Боже, со нешто од овој свет – па не знам колку и да ни значело тоа нам, нема бегање....

« »