логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ПАСТИРСКО СЛОВО

о. Горан Стојчевски

МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС
(Особениот предуслов}

А, Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого Го љубеше, како стои, Ѝ рече на мајка Си" „Жено, ете ти син“ Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!"
И од тој час ученикот ја зеде при себе.
(Јован 19. 26-27)

...Не како да ти пишувам нова заповед, но онаа која ја имавме од почетокот, да се сакаме еден со друг. А. љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте од почетакот, за да постапувате според неа... Пазете се да не Го изгубите она, за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда
(2 Јов.1. 5-8)

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и на оние моменти на Крстот Господов. Во последните моменти, кога сите се разбегуваат и одрекуваат од Христа, под Крстот или, поточно, под Оној КОЈ Е на Крстот, остануваат Неговата Мајка и Неговиот возљубен апостол. Сите имаат причини, а Пресвета Богородица и свети Јован Богослов имаат љубов. Љубов еднаква на Христовата кон човекот и светот, кои ги спасува со Своето снисходење кон нив; затоа е и сведоштвото дека БОГ толку ГО возљуби светот што Го доде и Својот Единороден Син, та секој што веруво во Него да биде спасен. Се она што Христос го направи за нас: крстот, гробот, тридневното воскресение, уште и второто и славно Пришествие, кое во залог ни е дадено нам, ни се открива и ни се дава преку милоста и љубовта на Отецот, Кој благоволи и ја излева низ Синот, Кој остварува и соблаговоли, во Светиот Дух. Кој прави се во се исполнето.
Во Христа е откриено и исполнето старозаветното ветување на избраниот народ, како што им вели Бог: Јас ќе ви бидам Отец, а вие Мои синови и ќерки (2 Кор. 6,18). Преку Синот Божји стануваме благодатни деца Божји со Крштевањето во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, а преку примањето на благодатните дарови на Светиот Дух, видливо за нас во Миропомазанието, како и учество на нашиот живот и подвиг во Христовиот, во Црквата, преку причестувањето со Неговите Тело и Крв, кога, како што вели свети Кирил Александриски, стануваме еднокрвни и сокрвни со Христа, стануваме, како што вепи свети апостол Павле, Негов род .
И нам, во ова време, низ сведоштво со живот се потрудил да ни го остави во наследство сето Предание на Црквата за аскетско-литургискиот подвиг на светите, како што е свет нашиот Отец Небесен, за синовскиот однос на човекот со Бога и татковскиот на Бог со човекот. Сето тоа низ подвигот на очистување на срцето, просветлување на умот и обожение, во кое се реализира тој однос на татко и син, родитеп и дете, отец и чедо. Кога верата ќе ја примиме, сфаќаме дека сме неволни слуги, кои треба да го очистат срцето свое од страстите, кои се вкорениле како наша паралелна „природа“. Надежта понекогаш сакаме да ја постулираме низ тоа дека ќе добиеме нешто од Бога како резултат на нашиот труд, па тука се јавува тој наемнички однос, кој треба да прерасне во синовски - кога во љу6овта ќе ја откриеме надежта и ќе ја исполниме верата, а сето тоа ќе се случи согласно очистувањето од страстите. Колку ќе се очистиме од страстите во содејство со благодатта, толку ќе биде нашиот ум просветлен, дотолку и ќе бидеме обожени, осенети од крсната љу6ов, опишана од Апостолот, како и од житијата на Светите отци.

 
Спомнав, многу кусо и неискусно, за градењето на личниот однос со Бога, кој е синовски однос и кој ни се открива во Црквата, но тој однос нема да се реализира без претходно воспоставениот мајчински однос со Пресветата. Пречиста,  Преблагословена Владичица наша Богородица и Секогаш дева Марија, онака како што без Нејзиното молитвено посредништво, искажано во литургиското „Особемо за“, без кое не ќе можеме слободно и неосудено да Го повикуваме Небесниот Бог Отец како „Оче наш“, ниту пак, осветените дарови (предложените леб и вино), т.е. Тело и Крв Христови, ќе можеме да ги примиме без да биде воспоставен тој синовски однос преку посредништвото на Мајката Божја, најголемиот и највредниот дар на човекот и светот. Преку молитвеното застапништво и закрилништво на Пресветата Дева имаме можност да го вклучиме својот живот во посредништвото на Синот Божји и Синот Човечки, во Кого и со Кого се образуваме како луѓе, а се воспитуваме во Светиот Дух како благодатни деца Божји за слава на нашиот Отец Небесен, односно во Самиот Живот на Пресвета Троица, што е Љубов, опишана во Светото Евангелие преку првомачалниот Богослов и апостол на љубовта, како што го нарекле Светите отци, молскавичниот Јоаан, синот Заведеев.
Во Литургијата на Црквата, ние во полнота се ползуваме и го остваруааме синовскиот однос со Бога („Се сврши“ - види: Јован 19, 30) преку Мајчиното застапништво и закрилништво, или мајчинскиот однос со Богородица, Која треба непрестајно молитвено да Ја чуваме во нашите срца онака како што светиот апостол Јован Ја чувал откако Му била доверена од Христа на Крстот, бидејќи Таа постојано не чува и закрилува со Своите молитви, овозможувајќи ми преку Неа да го добиеме единствениот и вистински дар на вечниот живот - Христос нашиот Бог со Отецот и Светиот Дух.
Сето она што ни е ветено, ми се дава на Светата Литургија во Црквата - Самиот Христос; дарот на Светиот Дух; славата на нашиот Отец Небесен; вечниот жиѕот во Небесното Царство; Црквата со полнота на Љубовта, онака како што Бог Е и ја гледа од самиот почеток на љубовното творење; Неговите деца, заедно пеејќи и воскликнувајќи со ангелите, со праотците, отците, патријарсите, пророците, апостолите, проповедниците, евангелистите. мачениците, исповедниците, подвижниците и секој праведен дух, а особено Пресветата, Пречистата, Преблагословената Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. Во Црквата сме причесници на Царството Божјо, кое не ќе има крај. Но, кога во мир ќе излеземе, треба нашиот подвиг да биде аскетски, во постојано покајание, онака како што низ делата на молитвата го посведочиле оние кои од образ Божји станале подобие Божјо, за повторно сите да се вратиме онаму од каде излеговме и за каде сме подготвени да одиме, и да бидеме Двои од Твоите, за сите и за се".
Р.Ѕ. Чувствувајќи се како tabula rasa, свиткан и фрлен покраj ѕидот на плачот повеќе од една седмица, во евангелските зборови на светиот Јован успеав. по Нејзините молитви, да соберам нешто во мисла и да го ставам на бедниве страници зад кои ќе се потпишам со моето крстено име, и тоа, верувале или не, како отец.
Пресвета Богородице, просветли ја мојата темнина...

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 723
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »