логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 2.svetiteli

Викарен Епископ Јаков Стобиски

2.svetiteli


Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и му дава на човекот можност да стане бог. На Божик, одново и одново, ни се открива Христос, Кој на земјата донесе мир и меѓу луѓето блага волја. Во ближниот свој сега можеме да Го видиме Бог, и Бог станува наш брат и пријател.

Дојдете сите вие што велите дека сте Христови, а сакате да владеете над луѓето, и видете Го Христос, Кој доаѓа смирено како слуга, бидејќи не дојде да господари над нас, туку да послужи за нашето спасение. Дојдете сите, кои дрско ја наметнувате својата „вистина“ и ја повредувате слободата на ближниот, и видете го раѓањето на апсолутната Вистина, безгласно, безболно и нечујно во темна пештера. Ве преколнувам дојдете, браќа и сестри, излезете од вашите топли домови и богати семејни вечери, налик на витлеемските – таму не е Богомладенецот Христос, и тоа не е христијанство. Тој седи гладен и премрзнат со оние што собираат картон и пластичен отпад за да се стоплат.

Во Него ни е дадено целиот свет да го чувствуваме како свое семејство. Тоа е Црквата, и тоа е христијанство. Дојдете да ја видите оваа чудесна прегратка Божја, која го прегрнува сето човештво во лицето на тројцата мудреци, и навестува уште поголема и жртвена прегратка, раширена и прикована на Крст, која од смрт избавува.

Можеме да се наречеме христијани, само ако останеме Христови. Не е Христос околу огновите, далеку од Црквата, покрај ракија и мрсни јадења. Христос е во Црквата, и Црквата е во Него.

7.Otroci

Не смееме и не можеме да празнуваме Рождество Христово – без Христос.

Оваа необична и преславна тајна на Раѓањето Христово, како што вели свети Јован Дамаскин, нѐ воведува во уште подлабока и надумна тајна, која се остварува на личен и љубовен план помеѓу Бог и човекот, а тоа е кога човековото срце станува сместувалиште на Несместливиот, налик на утробата на Богородица и налик на витлеемската пештера.

Бог, по Својата милост и по молитвите на Богородица, да ни подари таков Божик на сите нас.

Христос се роди!

 2.svetiteli

 6/7 јануари 2020 лето Господово

Избор од фб профил на

Константин Вучковски

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 512
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »