логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

24 јуни/7 јули 2018 лето Господово

    Сподели на
    Фејсбук
    Твитер
      Гугл+

Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит г. Тимотеј, изговорено на Светата Литургија, на споменот на Рождеството на Свети Јован Претеча и Крстител

 

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Се исполнуваат пророчките зборови! Господ ги подготвува луѓето, ја подготвува природата, го подготвува видливиот и невидливиот свет за доаѓањето на Месијата, односно, за доаѓањето на Спасителот на светот. За да Му подготви пат на Спасителот, Он го испраќа Претечата Јован Крстител. Гледаме каков подвиг му претстои на Претечата во подготовката на Израилскиот народ, за дочекувањето на Господа Христа. Во кратки црти, да се навратиме на ова историско собитие.

Од Библијата познато ни е дека кај Еврејскиот народ, секој брак кој не бил удостоен со пород, бил презиран од луѓето и истите ги сметале за големи престапници и грешници, односно, како отстапници од Божјиот закон. Родителите на св. Јован Претеча, Захариј и Елисавета, и покрај тоа што биле ревносни исполнители на законот Божји, сепак, дочекале длабока старост без пород. И покрај тоа што веќе биле во одминати години, надежта во Бога, надежта дека нивната молитва ќе биде услишана, особено кај Елисавета, никогаш не ги напуштила. Таа постојано Му се молела на Бога, да ја симне од неа презреноста од луѓето и да биде удостоена со пород.

Во Евангелието се вели: „И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка“ (Лк 1, 6). Овие двајца праведници живееле со желба за избавување на гревовите, со чувство на покајание, со вера и надеж во Месијата, за Кого, искрено очекувале да дојде. Очекувале да дојде Искупителот на родот Израилски и на севкупниот човечки род. Во Стариот и Новиот завет ќе најдеме многу такви прозби, каде што Бог ја наклонува Својата милост кон оние кои усилно молеле и барале, и Бог ги услишувал нивните молитви, исполнувајќи ги нивните барања. Доколку човекот бара со усилна и искрена молитва, пројавувајќи ги молењата со пост и бденија, Господ никогаш не го оттргнува Своето уво од таквите молитви. Напротив, Он секогаш гледа од небесните височини на тие луѓе и им испраќа сè што им е потребно и неопходно. Ова најдобро се покажува и во денешниот кондак, каде што се вели: „Порано неплодната, денес го раѓа Христовиот претеча. Се јави пророкот на Божјото слово… истовремено проповедник и претеча“.

Од Светото писмо знаеме дека таткото на св. Јован, Захариј, бил свештеник во Ерусалимскиот храм. За време кадењето во најсветиот дел од храмот – Свјатаја свјатих, Захариј имал видение, односно, му се јавил архангелот Гаврил и му кажал дека жена му ќе роди син, кој ќе го приготви патот на Христа Спасителот. Захариј се посомневал во овие зборови и бил казнет со онемување и така останал сè до моментот кога ќе му се роди син. Кога на осмиот ден ќе го прашаат кое име да му го дадат, тој ќе побара штичка и ќе напише: „Јован му е името“ (Лк 1, 63). Тогаш, ќе му се одврзе јазикот и почнал да Го прославува Бога.

Можеби некој ќе постави прашање, зошто било потребно, Претечата на Месијата да се роди од престари родители? Тоа било потребно за да ги приготви луѓето, преку неплодната мајка да го видат раѓањето на Спасителот од Дева Марија. Во пророчкото наговестување, Захариј, преку раѓањето на неговиот син, јасно наговестува за вооплотувањето на Месијата. Веќе настапува време кога ќе се исполнат сите ветувања на Израилскиот народ.

По раѓањето на св. Јован, Захариј ќе биде убиен во Ерусалимскиот храм, а Јован, како дете, ќе биде однесен во пустината од страна на неговата мајка, којашто набрзо ќе почине. Јован ќе расте во пустината, но благодатта Божја ќе биде врз него и ќе постане посилен од било кое родено суштество. По триесеттата година, ќе почне да ја извршува својата пророчка мисија и ќе го повика Израилскиот народ на покајание, покажувајќи Го Јагнето Божјо, Господа Христа, Кој ги зема гревовите на светот.

И ние денеска, кои го чествуваме неговото рождество, да му се обратиме со искрена молитва. Да не нè заборави, сиромашните и бедни по дух, пред Престолот на Севишниот. Да ја засведочи нашата вера и преданост кон Нашиот Спасител Христос, како негови духовни чеда, но грешни и недостојни слуги. Да нè научи на покајание и поправање на нашиот живот и да ни помогне на патот на покајанието, спасително поминувајќи од земјата на небото.

По молитвите на св. Јован, така нека биде. Амин!

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/slovo-na-mitropolit-g-timotej-za-rozhdestvoto-na-sveti-jovan-krstitel/

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 254
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 739
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »