логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 


Деца на Светлината (07.04.2018 10:45)

              Секоја година на Велигден нам, на сите православни христијани, ни е овозможено Христовото Воскресение да стане и наше лично и наше соборно (заедничко) воскресение; Христовото Воскресение да стане наше суштинско ослободување од ропството, па дури и од фаталното и одлучувачко влијание на страстите, демонот, гревот и смртта во нашиот живот.

            Состојбата на нашиот умот е критериум за нашата духовна состојба, затоа што и падот и исцелението на човекот започнуваат од него. Паднатиот ум е горд, расеан преку страстите по светот и затемнет. Исцелениот ум е смирен, собран преку молитвата во Бог и просветлен.

            Доколку сакаме, значи, вистински да учествуваме во Христовото Распнување, Христовото Погребение и Христовото Воскресение, и да ги доживееме, потребно е, водени од нашиот духовен отец, да поминеме низ трите молитвени состојби на умот: неговото распнување во собраноста на молитвата, неговото погребение внатре во благодатниот простор на срцето и неговото воскресение проникнато од божествената светлина; поинаку речено, потребно е да поминеме низ трите нивоа на духовно растење: чистење на срцето од страстите, просветлување на умот и обожение на севкупниот човек.

            Иако постојат препознатливи духовни појави како точно разграничување меѓу духовните состојби, сепак, треба да знаеме дека колку човек го чисти своето срце, толку се просветлува неговиот ум и толку се обожува како неповторлива личност. Колку умот ќе го приковаме и распнеме во собраност, толку ќе го погребеме во срцето и просветлиме, и толку ќе го обожиме и воскреснеме. Немаме многу избор: или умот ќе ни биде расеан преку страстите по светот и затемнет, а ние ќе бидеме деца на темнината; или ќе ни биде собран преку молитвата во Бог и просветлен, а ние ќе бидеме деца на Светлината, односно синови Божји.

            Децата на Светлината често и не се сфатени од децата на темнината во овој свет. Децата на Светлината дури им изгледаат и страшни и опасни на децата на темнината од овој свет, посебно ако вторите заземаат некои позиции на човечка власт и слава – или мислат дека ги имаат.

Децата на темнината мислат и чувствуваат дека се загрозени од децата на Светлината. Но, децата на темнината не знаат дека тие ниту ги чувствуваат, ниту ги разликуваат темните мисли, зборови и дела што извираат од нивните срца. Темница на темница не ѝ пречи. И тие не знаат дека децата на Светлината не можат ни еден момент да истрпат темна мисла, а камоли збор или дело.

Децата на Светлината брзо се ослободуваат и од само една темна мисла. Темното веднаш се забележува и пречи во светлината. Колку е поголема светлината, на толку помала темнина е чувствителна. Децата на Светлината не се способни да сторат зло. Затоа, децата на темнината во ниту еден случај не треба да се плашат од децата на Светлината, туку само од своите темни дела и од Бог, Кој на сите нив им оставил спасоносно време за покајание и Кој си ги чува Своите деца.

            Христос воскресе!

P.S. Ништо од ова не би било – без ова: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лука 1, 38). Односно, без Нејзиното – да.

Митрополит Струмички Наум



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 711
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: АНТИНОМИЧНОСТ (20.06.2020)

 Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (13.06.2020 )

 Изгледа дека од темата на самоидентификување со Христос или, не дај Боже, со нешто од овој свет – па не знам колку и да ни значело тоа нам, нема бегање....

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Дарот на Светиот Дух Господ (06.06.2020)

 И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни,...

« »