логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Благиот и благодатен монашки лик на славниот Бигорски игумен – ктитор, архимандрит Арсениј
14.jpg
Излагање на Неговото Високопреподобие, архимандрит Партениј, на свечената Академија во свештената Бигорска обител на 27 јуни 2014 година, по повод 175 години од упокојувањето на игуменот Арсениј Бигорски

Ваше високопреосвештенство, архипастиру на оваа богочувана Дебарско-14.jpgкичевска епархија, почитуван академик Грозданов, почитуван градоначалник на општина Демир Хисар, сечесни отци, ценети професори и претставници на науката, возљубени браќа, сестри и чеда, смирени подражавачи на животот на светиите Христови!

Од светите aпостоли, заедно со севкупната Христова наука примивме и една свештена заповед - да ги помниме нашите учители, кои ни го проповедаа словото Божјо (Евр. 13, 7). Секој народ има такви свети, заветни имиња, кои никогаш не се забораваат. Не само што не бледнеат пред времето, туку како што тече историјата сѐ поизразени и посветли стануваат ликовите на овие христољубиви дејци во благодарното сеќавање на потомците. Зашто тие, посветувајќи ја сета своја сила во служба на светата Црква и народот, со самиот свој живот ја исполниле евангелската заповед, која учи дека никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели (Јн. 15, 13). Таквите дејци, прославени од Бога, биваат прославени и од народот, стануваат еднакви по слава со омилените народни херои, заедно со нив ја сочинуваат неговата национална слава и нивните подвизи се прославуваат во народното предание. Но значењето на овие Христови подвижници и херои на верата, чиишто житија се озарени со светост и чиишто имиња блескаат во големиот собор на угодниците Божји, е уште поголемо, бидејќи тие стануваат ангели-чувари на својот народ, застапници и претставници негови пред престолот Божји.

Еден таков избраник Божји, за којшто со посебна радост си спомнуваме денес, е нашиот отец и славен претходник, големиот учител кој живо ја предаваше науката на монашкото смирение, преподобниот Арсениј, игуменот Бигорски. Oвој великан на нашата света Црква, столб на македонската преродба, слава на Бигорската обител, се упокоил во Господа на денешен ден, пред точно 175 години1 . Истиот тој ден милостивиот Бог, на Кого отец Арсениј достоинствено и верно Му служеше целиот свој земен живот, го запиша неговото име во Книгата на живите, преселувајќи го во радоста на ангелите, светиите и праведниците.

Неговото име е едно од најславните во историјата на нашата Црква, особено во периодот на духовното будење на нашиот народ во преродбенскиот деветнаесетти век. Да се зборува за еден толку значаен црковен и народен деец, е голема чест, но и тешка задача, уште повеќе ако се има предвид оскудноста од извори за неговиот живот, што е последица на неблагопријатните историски прилики. Сепак, она што ни остана во наследство од архимандритот Арсениј - неговите грандиозни ктиторски потфати, дел од неговата богата кореспонденција која зрачи со духовност, сочуваната документација за економијата на манастирот, а секако и силното предание што како знак на почит фатило длабоки корени кај Мијаците - зборува доволно за величината на неговата богољубива и смиреномудрена личност. Затоа, токму денес, кога го славиме овој јубилеј и неговото блажено во Христа преселување кон вечниот Божји свет, со чувство на одговорност пред Бога, пред историјата, пред нашиот народ и нашата жива Црква, ползувајќи се со наведените извори, ќе се потрудиме да кажеме барем нешто од тоа што малку го знаеме за него, да се потсетиме на неговиот свет христијански живот и неговиот многуплоден монашки подвиг.

01.jpgИгуменот Арсениј е роден во славниот Галичник, во семејството Димевци2 , веројатно кон крајот на XVIII век, во тоа мачно и страдално време на големо испитание за нашиот народ. Соочен со тешкото бреме на османлиското иго, народот, особено жителите на мијачките села, храбро и маченички ја чувале својата света вера. И не случајно токму од овој херојски крај на Македонија, ќе започне духовниот препород на нашиот народ. Слободно можеме да заклучиме дека поради таквата благословена средина и Арсениј бил воспитан во тој слободољубив и родољубив дух, во вистинското православно благочестие, кое веројатно и го поттикнало уште од својата младост да ги усвои Христовите зборови: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене (Мк. 8, 34). Само таквата незгаслива љубов кон Бога и ближните, би можела да го наведе да го остави овој свет и да замине во блискиот и нему толку драг Бигорски манастир, каде што и се описменил во единственото тогашно ќелијно училиште во Мијачијата3 . А за тоа колкава била светоста на неговиот монашки подвиг, целосната предаденост на Бога и Божјото дело, пожртвуваноста за словесното стадо, ни зборува фактот дека тој негов монашки подвиг дал навистина голем плод: и покрај пречките од иноверната власт, која ги изложувала христијаните на големи ограничувања и сурови притисоци, околу него се собрало големо братство, манастирот се претворил во духовно прибежиште на реканските села, средиште околу кое се одвивал целиот нивен живот. Сето ова несомнено било резултат на еден идеал кој го водел отец Арсениј низ целиот монашки подвиг - бескомпромисна борба со соблазните на светот до степен на совршено себепредавање на Бога. Не случајно на свитокот во неговите раце од игуменскиот портрет во Големата трпезарија стои: „Отци свети, браќа и чеда, ако не се одречеш од овој суетен свет, не можеш да го наследиш Царството небесно и да бидеш совршен монах“. Таа кратка реченица е продукт на изворното православно предание, сублимат на подвигот и искуството на отците, негова животна аксиома, во неа е сместена целата суштина на неговиот добродетелен монашки живот. Поука за сите монаси, од сите времиња!

Во усовршувањето на своите монашки добродетели, отец Арсениј имал и достоен пример: тоа бил великиот Митрофан, игуменот – ктитор, кој на идните поколенија монаси и верници им го подари прекрасниот Бигорски соборен храм, целосно изѕидан со камен, што било вистинска реткост во тоа време. Тој бил неговиот духовен учител, како што и самиот го нарекува во својот Поменик, пишувајќи: „По неговото (Митрофановото) претставување во летото од Христа 1807, јас смирениот, и грешен, и недостоен ученик Митрофанов, Арсениј архимандрит, влегов во игуменство4... “ Значи, стекнувајќи го со послушание неговиот благослов, во 1807 година архимандрит Арсениј станал и негов наследник на игуменскиот трон, што со текот на времето се покажало како драгоцен дар и за Бигорско братство, а и за целата наша Црква. Не било лесно тогаш, знаејќи ја состојбата во која бил народот, а и манастирот, да се носи игуменскиот крст, и уште потешкиот - народен крст, но Арсениј го понел и донел многукратен плод,  од кој се храниме и ние денес, како негови потомци. Тоа е можно само за човек со силна молитва и постојана и непоколеблива вера во живиот Бог. Пастир, кој ја полага душата своја за овците свои (Јн. 10, 11), како што рекол Господ, првиот Пастир и Архипастир на Црквата. „Вистинскиот пастир покажува љубов, бидејќи поради љубов Добриот Пастир бил распнат на дрво“ – вели св. Јован Лествичник. А токму како таков пастир го покажува и историјата тој харизматичен Бигорски игумен – целосно посветен на евангелско-народното дело. Од мигот кога го презел управувањето на манастирот, за Бигорското општежитие настапил златен период на духовен процут. Во народното сеќавање, пак, останал запаметен како многу повеќе од манастирски настојател. Тој бил еден вид народен водач на православните во Реканскиот крај, од Бога испратен магнет, кој привлекувал многу жедни души, способен организатор и раководител, кој со своите христијански добродетели, како и својот цврст и динамичен карактер, кај сите што доаѓале во манастирот будел чувство на стравопочит. Неговата преписка, пак, го покажува како образован и остроумен, но пред сѐ како смиреомудар монах, кој одржувал жива врска со многу поблиски и подалечни благородници и црковни великодостојници, со Светата Гора Атонска, па дури и со Српското кнежевство, од каде што добивал материјална помош за манастирот. Всушност, може слободно да се каже, игуменот Арсениј важел за многу авторитетна личност, која имала голем углед во реканскиот крај, но и пошироко.
16.jpg
И, впрочем, доколку се загледаме поблиску во сите негови дела, во сите16.jpg негови писма, натопени со татковска љубов и пастирска грижа, ќе видиме дека од сите нив извира една желба, еден копнеж на неговото срце, една непоколеблива ревност – а тоа е својот христијански народ што повеќе да го приближи кон Бога и да го облагороди со евангелските добродетели, со сите оние добри особини што од истиот тој народ дале пред Божјиот престол светители, маченици, праведници, кои со својот подвиг и пример го исполниле текот на нашата христијанска историја. За да го постигне ова, отец Арсениј, како ревносен продолжувач на бесмртното дело на светите славни и сесловенски учители наши, рамноапостолните Кирил и Методиј, Климент и Наум, морал цврсто да се зафати со мисијата за просветување на народот во Мијачкиот крај, и покрај тешкопробојниот мрак на тоа ропско време. Значително го подигнал образовното ниво на Бигорското ќелијно богословско училиште, особено се погрижил да ја збогати манастирската книгохранителница. Колку прекрасно сведоштво за ова имаме во неговото писмо упатено до својот некогашен бигорски собрат и чедо во Господа, духовниот воспитувач на децата на рускиот цар Николај Ι Романов, знаменитиот и свет архимандрит Анатолиј Зографски! Во него тој со најголема љубов и смирение моли од своето чедо да го помогне манастирот кој бил во голема беда, но и во недостаток од црковни светоотечки книги, и од далечната Русија да му испрати душеполезна литература за просветување на народот: „(...) Ваше високопреподобие, не заборавајте ја својата татковина; премилостивиот Бог Ве удостои со секаква премудрост и Ве украси со духовни украси; Ве почести да бидете во висок чин и да пребивате во слободната руска земја. Поради тоа, испратете ни некаков знак на Вашата љубов кон нашата обител, и пратете ни еден дар од таа земја да биде како ваше сокровиште во вашиот прв манастир. Зашто оскудна е нашата земја, како што и сам знаете, и завладеана од агарјанското насилие, се наоѓа во голема бедност и сиромаштија. Но кој може да искаже подробно, или со писмо да ги опише маките што ги имаме секој ден од неверните? И кој може да ја искаже манастирската оскудност? Ќе му објавиме на Вашето високопреподобие само тоа дека ни секојдневниот леб со голем труд не можеме да го заработиме... Но за тие наши страдања ние имаме надеж во Бога дека ќе ги спаси нашите души, преку предвремените маки и неизречиви жалости. И го молиме Вашето високопреподобие да избере некои душеполезни книги и да ги прати како дар на нашата обител, зашто сме многу сиромашни со такви книги, та да можат браќата да се ползуваат со нив и да го спомнуваат Вашето име во веки (...)5 “. Уште една потврда за големото залагање на игумен Арсениј во збогатувањето на Бигорската книгохранителница е и документот од 16 март 1838 година, од кој се гледа дека тој одвоил дури 5500 гроша за набавка на книги6 . Од едно друго писмо, пак, дознаваме дека тој татковски се погрижил за понатамошното школување на десетина млади бигорски монаси во славјанската Атоно-зографска света обител на светиот великомаченик Георгиј Победоносец7 , која и самиот ја посетувал во неколку наврати и му била особено драга8 . Целиот тој труд, несебично вложен за евангелско-просветното дело, го покажува отец Арсениј како двигател на народното будење, духовен стожер на македонската преродба во Мијачкиот крај.
17.jpg
Посетите и блискоста со Светата Гора Атонска, очигледно уште повеќе го17.jpg утврдиле во неговата синовска и монашка љубов и посветеност кон Пречистата Богомајка, најголемата заштитничката на монасите, нивна  Хранителка и Чуварка. Во свеста и животот на отец Арсениј, таа навистина и била тоа отсекогаш. Израз на оваа негова монашка верност кон Пресвета Богородица е самата уникатна икона што ја нарачал за игуменскиот трон, на која тој е претставен во положба на ‘проскинеза’, односно како коленоприклоно и умилно се моли пред Сецарицата и Богомладенецот, закрилуван од небесниот патрон на обителта, светиот Јован Претеча: „Господи Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на Пречистата Своја Мајка и на светиот Јован Претеча, покри, и запази, и сочувај ја оваа света обител, и мене грешниот игумен Арсениј со моите браќа, до века, амин!“ и „Спаси ме, Владичице, смирениот игумен и архимандрит Арсениј со моите браќа“. Со полна доверба и љубов, како што чедото ѝ пристапува на мајката, со големо смирение тој ја предава во рацете на својата Најсвета Мајка Богородица грижата за обителта, доверувајќи се и самиот целосно на Нејзината мајчинска грижа и смирено надевајќи се на Нејзината закрила и „непосрамливо застапништво“. Богородица и ден-денес не ја заборава неговата смирена молба и мајчински молитвено ја прегрнува нашата обител.

По сето ова неизбежен е впечатокот дека овој благодатен бигорски старец бил навистина син на молитвата, син на утехата, човек Божји, обдарен со исклучителна добрина и татковска љубов кон сите. Благодатната утеха се излевала чисто и слободно од неговото срце, како од едно широко море исполнето со љубовта Христова. А сведоштво за тоа се бројните души што овој Божји работник, подобно на апостолите, ги уловил за Христа и Неговото Царство. Затоа и споменот за него и до денес останува светол и славен.

Останува да се нагласи уште еден аспект, уште една нишка од неговиот богообразован карактер, без што не е комплетен неговиот возвишен монашки лик. Оти овој од сите возљубен, почитуван и фален игумен и славен ктитор, бил пред сѐ чедо на монашкото смирение, до кое цврсто се држел до самиот крај. Па така, великиот архимандрит Арсениј, игуменот кој ја проширил славата на Бигорскиот манастир ширум православниот свет; богонадарениот неимар кој им направил живеалишта на монасите, кој подигнал зданија единствени по својата убавина; благоукрасителот и љубителот на православните светињи, кој раскошно го украсил Бигорскиот Претечев храм, збогатувајќи го со светите мошти и неповторливиот иконостас; духовниот родител и раководител во Христа на многу монаси и верници, на крајот во својот натпис на портретот во Големата трпезарија, смирено бара прошка од браќата, бидејќи поради немоќта и болеста на неговото тело, тие морале да се грижат за него. На споменатиот игуменски портрет читаме: „Смирено и умилно ве молам вас, отци свети и браќа, простете ми мене, грешниот и недостојниот меѓу јеромонасите, игумен Арсениј архимандрит, кој од небрежност телото свое не го докончав и што вам ви здосадив“. До какави недогледни височини достигнала чувствителноста и смирението на неговата добродетелна монашка душа! И не само тоа. Оваа последна молба зборува и за нешто друго. Во неа се гледа колку многу тој бил подготвен за жртва и самоодрекување заради своето стадо, не обраќајќи никакво внимание за себеси. Всушност, на себе посветувал само толку време и грижа, колку што било потребно да се одржи во живот. Сета негова огнена борба, ревност и дејствителна љубов, од утро до вечер, во текот на денот и ноќта, биле насочени кон неговото стадо. Па дури и во неговата долготрајна болест.

За болеста на отец Арсениј, која му била допуштена од Бога како последно скалило од лествицата која води кон усовршувањето на душата, дознаваме и од споменатото писмо упатено до архимандритот Анатолиј Зографски, во кое на крајот пишува: „(...) И ако прашувате за мене, има веќе четири лета како сум во голема неволја и болест; а од тоа што имам голема желба да го видам вашето преслатко лице, дење и ноќе во сновидение Ве гледам пред мене (...) За Вашето високопреподобие најтопол молитвеник, отец духовен и во Христа брат, игумен Арсениј архимандрит со моите браќа“.

На 27 јуни 1839 година, по тешкиот и многуплоден монашки живот, откако добриот подвиг и патот свој го заврши и верата ја запази, архимандритот Арсениј Бигорски заспа со блажен сон во Господа и прими вечна почивка од своите трудови. Се пресели кон вишниот Сион и градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон безбројните ангели, на свечениот собор, кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бога, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совршенство, и кон Исуса, Посредникот на Новиот Завет... (Евр. 12, 22-24).

Иако преселен во вечноста, неговиот дух е засекогаш нераскинливо сврзан за светата Бигорска лавра, во која ги направи првите монашки чекори и за која докрај се трудеше во слава Божја, и непрестајно пребива во ова наше вековно светилиште. А  нам, неговите смирени потомци, ни остави и пример, но и аманет - во нашите срца постојано шепоти неговото завештание. Закрилени од неговите молитви, од неговото усрдно застапништво за нас пред Бога, со Божја помош и сила го продолжуваме неговото дело, трудејќи се да ги подражаваме неговите најпреподобни добродетели, кои направија ова место да стане духовен вруток од кој и ден-денес нашиот народ, жеден за Бога, пие од живата вода на премудроста.

Нека му биде споменот вечен!

 ✤✣✤


*1 В. Мошин, Словенски ракописи во Македонија, кн. I, Скопје 1971, 173.


*2  Јеромонах Доситеј Талески, Игумените на Бигорскиот манастир „Свети Јован Кристител“, дипломска работа, Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје 2010, 9.


*3 Грађа за историју македонског народа из Архива Србије, ed. Џамбазовски д-р. Климент, I том, књига II (1849-1856), Београд 1979, 122.


*4  Й. Ивановъ, Български старини из Македония, фототипно издание, БАН, София 1970, 85; Л. Милетичъ, Исторически и художествени паметници въ манастира Св. Иванъ Бигоръ (Дебърско), Списание на БАН, кн. XVI, София 1918, 15.

Извор: Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6651
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6452
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная