логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

  13.jpg
Смислата на православните манастири и архимандритот Арсениј Бигорски

Излагање на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј на свечената Академија во свештената Бигорска обител на 27 јуни 2014 година, по повод 175 години од упокојувањето на игуменот Арсениј Бигорски

Манастирите се појавуваат како монашки заедници каде монасите живеат13.jpg и се подвизуваат со молитва за спасение на нивната душа и на оние за кои се молат. Монаштвото доаѓа од грчкиот збор μόνος што значи сам и μοναχός – монах. Монаштвото значи живот посветен целосно на Бога и Црквата. Првите појави на монаштвото водат потекло од втората половина на вториот век од христијанството. Од втората половина на третиот век овие ресно христијани започнуваат да ги напуштаат населените места и да се населуваат во ненаселени предели – пустини. Истите се наречени анахорети, или еремитски монаси. Основоположник на ова монаштво е Св. Антониј Велики, кој живеел во втората половина од трети век и првата половина на четврти век во Египет. Тој создава прва отшелничка форма на монашки живот. Овие монаси живееле сите засебно во Египетската пустина, а потоа ќе почнат да се обединуваат во монашки заедници. Во четврти век ќе се создаде и поинаков тип на монашки заедници, а тоа е општежитие, или заеднички живот, а истиот го оформува Св. Пахомиј Велики кон крајот на втората половина на третиот и почетокот на четвртиот век. И едниот и другиот тип на монаштво се создадени во Египет, а потоа ќе се пренесат во Сирија и Палестина. Таму, пак, ќе се појави и трет вид на монашки целини, а тоа се лаври. Во нив монасите живеат одделно сами и оддалечени едни од други, но се покоруваат на еден раководител и се собираат на заедничка молитва.

Манастирите не треба да се сфатат само како место за живеење на монасите, туку треба да се сфатат пошироко и подлабоко, а не само грижа за сопствениот живот во осамеништво, и грижа за спасение на нивните души. Како кај малите, а уште повеќе кај поголемите манастири, смислата не може да се сведе на бегство на поединецот – анахоретот од светот, туку напротив. Треба да се сфати дека и манастирот му возвраќа на светот повеќекратно, во различни сфери, почнувајќи од секојдневната,  економската, религиозно-духовната, просветната, културната, па во некои периоди и политичката. Се вели во Светото Писмо: „Не може град да се сокрие на врв на планина“. Со оваа Евангелска мисла се истакнува општата смисла и служба на вистинските и големи вредности. Сето тоа се оправдува и потврдува во историите на нашите манастири. На Запад се мисли дека многуте монашки редови, почнувајќи од Бенедиктинците, непосредно служат на општеството во економијата, културата, просветата и сл. Но исто така и на православниот Исток, и покрај тоа што нема различни монашки редови, како што е случај на Запад, православните манастири се јавуваат како центри на своевидни општествени случувања, каде се собираат тековите на духовниот живот и на народот му возвраќаат со повозвишени содржини. Тука, пред сѐ, мислиме на содржини од хуман, културен и просветен карактер.

Заради сето претходно кажано оправдано е да побараме да ја сфатиме смислата на манастирите, па во тој контекст и на одредени поединци. Во историјата секогаш нешто се вложува, некогаш повеќе, некогаш помалку, но секогаш свесно се вложува. Смислата на еден историски факт може да биде субјективно одредена. Историската личност, како индивидуален творец, внесува во тие факти нешто свое и кажува што сака со нив. Но може таа смисла да биде и објективна, историска реалност што е создадена како осмислена вредност, со своето непосредно дејство, но и со некои трајни последици, кои се чувствуваат и дефинираат после долго време.

12.jpgМанастирот кој е подигнат и кој го има за основна цел духовниот живот, и претставува еден религиозен литургиски симбол, не е само расадник на монашка аскетика и мистика. Манастирот има своја мисија и како своевиден центар за христијанизација. Тука христијанизацијата не би требало да се сфати во буквална смисла на зборот. Ние знаеме дека нашите краеви биле покрстени и воведени во христијанството многу одамна, уште во четвртиот и петтиот век, а особено во времето на Светите Климент и Наук. Но кога се вели христијанизација, тоа е долг и сложен процес. Тука се мисли за еден степен на продлабочено христијанско разбирање. Неспорно е дека Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ ја имал таа улога во текот на целата своја историја. Покрај религиозно-литургискиот живот на монасите, тој имал и пошироко влијание не само на религиозниот аспект, туку и пошироко на поголем простор во мијачкиот крај. Улогите и истакнувањата на одделни центри при посебни периоди, Бог би благословува и одбележува преку свои избраници, кој ќе остават силен белег и печат на еден временски историски период. Таква улога во Бигорскиот манастир одиграл големиот и многузаслужниот игумен, архимандрит Арсениј, кој ќе застане на старешинското место во оваа света обител во 1807 година. Тој ќе игуменствува 32 години, поточно до 1839 година. Бил роден во мијачкото село Галичник. За овој временски период манастирот Бигорски ќе доживее највисок процвет во својата долговековна историја.

Податоците за работењето и градење во манастирот Бигорски ги наоѓаме во три документи – Поменици, кои се напишани од раката на игуменот. Во овие документи многу прецизно, детално и хронолошки се опишуваат потфатите на овој способен игумен од првата до последната година на раководењето со манастирот. Па сега нека ми биде дозволено по години да ги презентираме работите кои се реализирани во овој временски период.

Во 1807 година овој педантен игумен забележал дека манастирот го примил од својот претходник Митрофан, чиј ученик е самиот, со долг во износ од 4700 гроша, и тоа: 4500 за чифлиг во село Требиште и 200 за гумно во истото село. Веќе во 1810 г. го нарачува балдахинот и за него платил 2000 гроша. Самиот игумен бил воодушевен од изработката на овој балдахин и во документот забележал: „прекраснаја копаница“. Историчарите на копаничарството констатираат дека истиот е нарачан од елбасански мајстори, поради сличноста во изработката на фигурите, кои се разликуваат од изработката на мијачките копаничарски тајфи, кои несомнено работеле во тоа време во Македонија. Во 1812 година купува имот за манастирскиот метох во Рајчица, и за истиот исплатил 5000 гроша. Таа година го нарачал големиот крст со ламјите и за него платил 1500 гроша, а го нарачал во Елбасан. Оваа година нарачува и 6 свеќници, но не од Елбасан, туку од Света Гора и за нив платил 3500 гроша.
Во седмата година од своето игуменствување се зафаќа со многу голем потфат во градежништвото. Имено, во 1814 година започнува да го гради конакот од северо-источната страна, познат како „Горни Палат“. Во овој комплекс се наоѓаат монашките ќелии и игуменската одаја. Во тој наврат е поплочен и манастирскиот двор. За овие градежни зафати потрошил 125000 гроша. Интервенира и кај чешмата под црквата. Во 1817 година патува во Цариград и донесува повеќе вредни предмети за манастирот, за кои платил 5000 гроша. Тогаш ги купува и сребрените ореоли за иконите на Господ Исус Христос и Богородица и за нив платил 1000 гроша. Во Требиште купил уште ниви за кои платил 2000 гроша. Во Гостивар купил ливада и бавча и платил 3500 гроша. Исто така изградил амбари во Скопје и за нив платил 1000 гроша. Од 1807 до 1820 година за потребите на манастирот потрошил 158700 гроша.

Покрај сите досега спомнати градежни потфати, сепак, најграндиозниот и најрепрезентативниот ќе започне на 12 април 1820 година. Овој пат тој започнува да ја гради манастирската трпезарија, која се состои од приземје и два ката. Приземјето во почетокот било наменето за стока, а првиот кат за женска трпезарија, со приемна соба, наречена Селечка. Горниот кат е машката трпезарија и Дебарската одаја. Покрај овие простории биле изградени и помошни, како што е магерницата, магацините, фурната и амбарите. За овој огромен градежен зафат исплатил 150000 гроша. Истата година прави плевна и гумно во непосредна близина на манастирот, кои го чинеле 4500 гроша.

За одбележување е дека во 1827 година ја гради костурницата, каде ќе бидат сместени посмртните останки од покојните браќа на манастирот. Идната година купува повеќе бакарни казани и материјали за манастирот, кои го чинеле 1000 гроша. Интересно е што истата година ги исплатил мајсторите, кои работеле во манастирот цели 24 години, а потекнувале од с. Ростуше, а им исплатил 60000 гроша. Карактеристичен податок го сведува билансот и кажува дека потрошил 379200 гроша. Паралелно со овие зафати се инвестирало и во манастирскиот метох во Рајчица со купување на лозје, градини, изградба на чешми, уредување на двор и др. Посебна за одбележување е 1830 година, каде бележи дека потрошил 200000 гроша за купување дрво и за исплаќање на мајстори за иконите на иконостасот. Во оваа година се вели дека пристигнале мајсторите – зографи да ги сликаат иконите од иконостасот. Тоа се зографите Михаил и Димитриј од епирското село Самарина. За нивниот тригодишен труд им било исплатено 15000 гроша. Идната година го купува и Чесниот Крст за 1500 гроша. Додека, пак, во 1833 година ги купува маслиновите насади во Елбасан за 12000 гроша. Таа година платил и на мајсторот – печатар да ги  научи монасите на „марифетот“ – техниката за печатење графика, а за тоа исплатил 25000 гроша. Истата година ги нарачал црковните столови околу ѕидовите на храмот, за 1500 гроша, а дал и уште толку за разни прекривки во храмот. Во 1834 година ги исплатил резбите за иконостасот, којшто е најрепрезентативен, како по својата големина, така и по убавата изработка. Исто така ги купува игуменскиот и архијерејскиот трон, и за нив платил 18384 гроша. Овие капитални резби се дело на мијачките мајстори од тајфата на Петре Филиповски – Гарката, кои ги работеле од 1830 – 1835 година. Овој активен не престанува да го унапредува манастирскиот имот. Во 1836 година купува куќа во Гостивар за 1000 гроша. Истата година нарачува да се изработи специјален кивот за свети мошти, кои биле донесени од Цариград, и за него платил 3000 гроша, а бил насликан од Димитриј, кој подоцна ќе постане монах Даниил во истиот манастир. Оваа година за градбата на црквата на Св. Георгиј во Рајчица платил 25000 гроша. Таа година купува и воденица со други потребности, а прави и плевна во Требиште, а исто така купува и чифлиг во с. Небрегово, Прилепско, за 27500 гроша. Тука се наведуваат потрошени 75000 гроша за потреби на манастирот, како и за исплаќање на разни трошоци кон „зулумџиите“.

Архимандритот Арсениј покажува извонредна грижа и ангажман кон11.jpg градежните зафати со цел разубавување на манастирскиот комплекс, објекти потребни, пред сѐ, на манастирското братство, а се разбира не помалку и на верниот народ кој го посетува ова светилиште. Тој посебна грижа посветил и кон збогатување, а најверојатно и формирање на манастирската библиотека. За оваа цел платил 5500 гроша. Заслужува внимание и фактот дека за овој временски период, преку рацете на овој грижлив делател на нивата Божја, поминале 658734 гроша. Ова сведоштво од него е потврдено со потписи на 20 луѓе, што зборува за една демократичност, транспарентност, и исправно работење на доверената му положба.

11.jpg

 

Од сето што се кажа до сега, односно сѐ што направил овој игумен, може да се заклучи дека манастирот „Св. Јован Крстител“ не бил само монашко живеалиште на братството. Тој се јавува како духовен, културно-национален и просветен центар во Мијачијата. За сето тоа да го постигне, игуменот морал да поседува, покрај финансиските средства, и морален углед и доверба кај православното жителство, па и пошироко, кај неправославното. Сето тоа го заслужува овој способен и талентиран игумен. Токму преку овој човек може да се потврди дека манастирите не се место само за молитва на осамени монаси, туку напротив – тие му возвраќаат на светот со културно-просветно и духовно надградување.

Денеска, кога одбележуваме 175 години од блаженото упокојување на игуменот архимандрит Арсениј Бигорски, да се помолиме на Господа Бога да ја упокои неговата душа во лоното на праведниците. Ние, пак, да му искажеме најискрена благодарност за сѐ што направил за оваа света обител.

Нека му е вечен спомен. Амин!

 

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 237
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 686
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »