логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Св. Нектариј Егински за причините за отцепувањето на западната Латинска Црква од    Православната  Источна Црква

vozdvizenie.jpg
Главната причина за расцепот то ест отпаднувањето на Западното Христијанство од Источното Свети Нектариј ја гледа во гордото и властољубивото тежнеење на римскиот папа за власт и господарење над Божјата Црква.
Таква власт, каква што бара папата за себе над целата Црква, немал никој од Апостолите, па ни самиот Свети Апостол Петар, на кого што папите залудно се повикуваат. „Затоа што доколку карактеристиките на власта на Апостол Петар биле такви, пишува Свети Нектариј, какви што бара Римската црква, тогаш духот на Евангелието би бил несфатлив и многу проблематичен, затоа што во тој случај би настанало бркање на поимите и судир на принципите (начелата): од една страна би бил несфатлив принципот на еднаквост и рамноправност (на сите Апостоли) и тоа еднаквост до степен на смирување на едните пред другите  (Марко 10, 42-45), а од друга страна, принципот на нееднаквост, и тоа нееднаквост до степен на надменост и владеење на едните над  другите.“
Меѓутоа, понатаму додава Светителот, единството на Црквата не било  засновано и  втемелено на едно лице на еден од Апостолите, туку било и е засновано на единственото Лице на нашиот Спасител Исус Христос, кој и е Глава на Црквата, и ви едниот Дух Свет, во едната вера и надеж и љубов и служба на Бога“ (Книга 1, стр. 68-69). Единството на Црквата се состои во единството на најзините делови (членови) со Бог. Сите оние кои што преку Апостолите поверувале во Христос се соединиле со Господ Исус и се осветени со вистината на Бога Отецот.“ (Јован 17, 17-22).
Затоа Св. Апостол Павле во своите посланија „често пишува за Единството на Црквата, за врската во тоа нејзино единство, за главата на Црквата, за јерархијата на Црквата, но тој никаде не го спомнува Аппостолот Петар како поврзувачка нишка во тоа единство на Црквата“  (Книга 1, 70, 73).„Обединувачката врска на сите оние кои што веруваат во Црквата и во сите помесни Цркви меѓусебно, пишува понатаму Свети Нектариј, била онаа свештена и таинствена поврзаност и соединување на сите оние кои што веруваат во Христос, преку нивната заедничка вера, надеж и љубов према Женикот на Црквата Христос, и преку заедничката јерархија и заедничкото богослужење“ (таму).
Ова единствот пак, се изразувало и се изразува преку заедничко служење на Света Литургија и причестување, и во останатите заеднички Свети Тајни во светите богослужби, засновани на една и иста Православна вера, и исто така во заедничкитте свети Собори на Црквата. Затоа црквата никогаш и не признавала некоја друга власт над своите свети Помесни и Вселенски Собори. (книга 1, стр.48-51 и 84-85).
„Вселенските Собори, пишува понатаму Свети Нектариј, претставуваат најкарактеристично обележје на уредувањето и организацијата на Црквата и на духот кој што владее во Црквата, и тие се израз на еднаква чест и еднаква вредност и важност на сите помесни Цркви. И уште: тие се најјасно сведоштво на целата Црква за непогрешивоста, која што се наоѓа  само во Единствената, Света, Соборна и Апостолска Црква (а не во папата)“ (Книга 1, стр.93-94).
Како добар познавач на историјата на Црквата, Свети Нектариј знае дека Римските Епископи грешеле многу пати низ историјата по прашањата на верата и моралот, и затоа во својата студија набројува  десетина Римски папи кои што директно погрешиле во верата, поради што некои од нив биле осудени и анатемисани од Вселенските и Помесните Собори на целата Црква (како на пример, папата Хонориј, кој што бил осуден од Шестиот и од Седмиот Вселенски Собор) (Книга 1, стр.159-172). Затоа вели Светитетлот: „Било што да кажат присталиците за папската безгрешност, поради задоволување на своите страсти, во историјата јасно се гледа дека извесни папи се покажале како грешни во верата, дури и како предавници на вистинската вера“ (Книга 1, 173).
Светителот Егински понатаму наведува дека Римските Епископи ја засновале својата претенциозна и горда власт над Црквата низ историјата всушност на лажни документи и декрети, кои што латинските богослови, па дури и самите папи ги фалсификувале и на тој начин со нив ги залажувале другите. Тоа биле лажни документи, така наречени „Константинов Дар“, „Псевдоисидорови декреталии“ и „Грацијанови декрети“, сите од подоцнежен период (од 8-9 и 12 век). „Кој не знае, пишува светителот,  дека тоа биле причини за расцепот? Со тоа единството веќе внатре било растурено, моралната врска прекината, провалијата на расцепот веќе била отворена, и веќе постоело големо растојание кое што ги разделувало Западната, или подобро е да се каже Римската Црква од Источната то ест од Единствената, Света и Апостолска Црква. Папите на тој начин станали римски императори, а Римската црква-црква над црквите, а Римскиот епископ-епископ на целиот свет! Папата стана богочовек! Затоа што по божественото и човечккото право управува со две сили: божествената сила (т.е. власт) која што ја добил како Петрово наследство, и со човечката сила (власт) која што му доаѓа од даровите и повластиците кои што му се дадени од императорот“ (Книга 1, 199-200). Но несреќата била во тоа, додава Светителот, што сето тоа било засновано на лаги и невистини, на фалсификати. (Книга 2, стр.92).
Оттука со право заклучува Светителот: „Главна причина за расцепот, то ест отцепувањето на Латинската црква е прашањето на папскиот примат.“ (Книга 2, 8) Затоа што папскиот примат за власт „го извртува духот на Евангелието и ги оспорува основните евангелски начела. Сите други причини за отцепување, па и оние догматските, иако се важни, всушност произлегуваат од оваа прва причина.“ (Книга 1, 69).
На крај еве што уште кажува Свети Нектариј Егински за теоријата на Римската црква за папата и папската врховна власт и непогрешливост: „Според таа (римокатоличка) теорија нашиот Бог Исус Христос, вознесувајќи се на небото, му ја оставил Својата Црква на Апостол Петар, а Петар ја оставил на неговите наследници-папите. Оттогаш  Исус Христос само ја надгледува Својата света Црква од престолот на Својата Слава, а со неа секогаш добро управуваат и непогрешно ја водат кон целта нејзините непогрешливи старешини (т.е. папите). Затоа Христос никако не се меша со свое лично учество во управувањето со Црквата, затоа што тоа би било спротивно на Неговата Божествена мудрост. Но, оваа и ваква римска теорија изгледа дека нималку не се разликува од онаа философска теорија која го прифаќа создавањето на светот, но не ја признава Божјата промисла за светот, затоа што според таа теорија, Промислата би ја смалувала големината на Божјата мудрост, затоа што таа промисла би сведочела дека законите на природата (кои што Бог ги дал при создавањето) не се совршени!
Од оваа и ваквата папска деистичка теорија произлегува во случајов и божествената личност на Римските папи, и нивната непогрешливост, како и учењето дека единството на Црквата е во личноста на папата, а не во Личноста Христова, како што учи Источната Православна Црква. Поради таа и таква теорија Римската црква се смета за единствена Христова Црква, и заради тоа се осудуваат сите Православни Цркви, затоа што не сакаат да го признаат папскиот примат и неговата безгрешност, а црквата на стариот Рим како единствена црква на првородените“! (Книга 2, стр.8) Од оваа и ваква римска теорија потоа настанале сите оние страшни насилства, насилните унијачења на недолжните православни христијани, низ вековите, од страна на Римската црква.
За Православната Црква пак Св. Нектариј вели, „центар на единството и Камен темелник на Црквата и Глава на Црквата е за нас Распнатиот Исус Христос. Тој е единствена Глава на Црквата, секоја друга треба да се исплука и отфрли“, како што веќе беше рекол Свети Григориј Богослов.
Затоа,  додава на крајот Свети Нектариј: „Бог нека биде судија помеѓу нас и нив“ (Книга 2, 224).

(Извадоци од книгата „Историска студија за причините за расцепот“ која што е печатена во Атина во два тома, 1911-12 година).

 

Подготви Светлана Димовска

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 397
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 480
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 433
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…