Благодатното патување низ светата четириесетница, не води пополека кон предворјето на невечерната светлина на Воскресението. Боговдахновените творби на светите отци, нивните песнопенија,молитвените стихови,не издигнуваат мисловно до небесните височини давајќи ни за момент да вкусиме од насладата на прекрасното соединување со небесниот хор на слуги Божји, како и Царицата Мајка а пред се соединување со самиот Христос Бог.
Бодриот јазик твој за учителство, одекнувајќи во ушите на срцата наши, душите на мрзливите ги крева и со твоите вдахновени зборови, се наоѓа скала која од земјата кон небото вознесува. Затоа Григорие, чудо на Тесалија, не престанувај да се молиш на Христа, оние што те почитуваат да ги просветли со Божествената светлина.
Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нè избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен, упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архијереи, монаси, искушеници, отци, браќа и сестри наши, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно !
На Литургијата, во присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г..г Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Европски Пимен. Присутен на литургијата беше и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.Потоа беше отслужена Панихида во манастирот „Свети Илија“ во Чардак, местото на вечното почивалиште на блаженоупокоениот Митрополит Горазд.
Денес, на 4 февруари, чествувајќи ја 149 годишнината од раѓањето на водачот и идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужување на свештеници од Скопската епархија отслужи Панихида пред неговиот гроб во дворот на црквата Свето Вознесение – Св. Спас на Кале.